Иако Охрид не е во друштвото на градови со најзагаден воздух во земјава, пред зградата на Општина Охрид е поставен првиот сензор за следење на еколошките параметри на воздухот, како дел од активностите на Пилот проектот „Ефикасно користење на новите технологии за чист атмосферски воздух– AIRTHINGS“, кој е дел од Програмата „Интерег Балкан-Медитеран“ на Европската Унија.
Проектот „AIRTHINGS“ предвидува поставувањето на 11 сензори на различни локации на јавни институции за следење на еколошки параметри на подречјето на општина Охрид, како и поставување/инсталирање на 15 филтри за домаќинства…
Бројот на новозаразени со Ковид-19 во Северна Македонија се намалува. За една недела регистрирано е намалување од 39,5% во однос на претходната седмица.
Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје, во периодот од 21 до 27 февруари тестирани се вкупно 19.217 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 17,9% во однос на минатата недела.
Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=1.975; 53,3%), а највисока неделна инциденца е регистрирана во Кавадарци – 394,1/100.000, Скопје …
Во рамките на одбележување на Европската недела на Мобилност одделението за сообраќај при ЛС одржа презентација на Планот за одржлива мобилност. Изнесоа податоци што се сработиле досега. Зоран Шикалоски, раководител на одделението за сообраќај, напомена дека меѓу најважните активности е завршниот документ во кој Охрид од 2018 година е дел од мрежата за урбана мобилност за Југоисточна Европа, потоа соработката со Зелс и Гис и потпишувањето на меморандум за соработка.
„Планот за урбана мобилност ќе е стратешки документ кој ќе опфати работи за да се планираат и изработуваат на краток, среден …
Кандидатите за членови на охридскиот совет денеска на прес конференција изнесоа дел од забелешките, предлозите и пораките кои ги слушале од граѓаните на непосредните средби со граѓаните за време на кампањата. Од слушнатото и запишаното, како единствен заклучок се наметнува констатацијата дека Охрид е заборавен град од централната власт, која и да била во изминативе триесет години, кажа кандидатката за советничка од Охрид пред се, Леона Кичеец.
„Без исклучок, сите оние кои на преден план го ставаат општиот пред личниот интерес, ги поставуваа истите круцијални прашања:
Како може најгол…
Под мотото стоп за насилството врз здравствените работници се одржа мирен простест во Скопје, органзиран од Асоцијацијата на млади лекари и специјализанти. Бараат од државата системско решение за да запрат нападите врз медицинскиот кадар, полициско обезбедување во ургентните центри и големите болници, но и внатрешна контрола за вработените во медицинските установи бидејќи признаваат дека има проблеми и во нивните редови. На протестите во Скопје беше присутен и министерот за здравство Венко Филипче.Поддршка на колегите од Скопје дадоа докторите од струшката Општа болница. Тие за време на пау…
Градоначалникот Константин Георгиески и претставникот на Здружението за правно образование и унапредување на правната наука и практика „ЈУС ЕТ ЈУВЕНТУС“ Константин Битраков, потпишаа протокол за вклучување на општина Охрид во проектот „Мојот правен советник”, финансиран од „European Endowment“ for Democracy од Белгија.
Општината и Здружението ќе соработуваат во областите и сферите на нивното делување, како ширење на знаењето, разбирањето и свеста на граѓаните за актуелните правни реформи и правната пракса на локалната самоуправа. Понатаму, промовирање на принципот за пристап до локалната с…
Со Резолуција на Генералното собрание на ООН од 2001 година, 21 Септември е прогласен за ДЕН НА СВЕТСКИОТ МИР. Резолуцијата ги обврзува сите земји и држави членки на ООН, редовно и секоја година, Денот на мирот да се одбележува со соодветни програми.
Во организација на Општинската организација на СБ од НОАВМ 1941-1945 и грѓаните продолжувачи во општините Охрид и Дебрца и локалната самоуправа на општина Охрид, на 20 Септември 2019 година ( петок ) овој историски ден ќе се одбележи со Марш на Мирот под мотото „Глобалната климатска опасност е закана за сигурноста и стабилноста”, во нашиот гра…
Охрид во петок, на 20-ти септември ќе биде домаќин на панел дискусија за реформите во системот на социјална заштита во локални рамки.
Истата е во организација на „Здружението на социјални работници на Македонија“ од Скопје и е дел од проектот „Социјалните работници во акција за добри практики во реформираниот систем на социјална заштита“.
– Општата цел на проектот е унапредување на социјалната работа во реформираниот систем на социјална заштита со поддршка на локалното концептуализирање на социјалната заштита и социјалните услуги, преку сеопфатно информирање, зајакното и партнерско вмрежу…