Холдингот ТАВ Аеродроми, ја прославува 10-годишнината од управувањето со македонските аеродроми. Вкупниот пораст на бројот на патниците на Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид заедно, кој беше 640. 000 во 2009 година, се очекува да достигне 2,7 милиони до крајот на 2019 година.
Во последната декада, бројот на опслужувани дестинации е зголемен од 15 на 44 како резултат на маркетингот и поддршката од мрежата на авиолинии на ТАВ, која се протега на 14 аеродроми во 7 земји.
Главниот извршен директор и Претседател на холдингот ТАВ Аеродроми, Сани Шенер, изјави:
„…
„Глобалната климатска опасност е закана за безбедноста и стабилноста“ е мотото под кое денес се одржа традиционалниот Марш на мирот, а по повод 21 Септември меѓународниот дена на мирот. На плоштадот Св. Климент Охридски се одржа свеченост која започна со читање на пораката за мир од Секретарот на ООН Антонио Гутереш која ја пренесе актерот од Охридскиот народен театар Павел Маслов. „Ова е битка за нашите животи и трка против времето. Можеме и мораме да победиме. Решенијата се во наши раце. Даноци за загадување а не луѓе, прекин на субвенции за фосилните горива, прекин на градење рудници за …
Голем број на учесници меѓу кои граѓани и ученици, денес зедоа активно учество во велосипедското дефиле што се одржа низ градските улици. Младите луѓе се почесто избираат да возат велосипед низ градот, а со тоа покажуваат дека се пријателски расположени кон животната средина, а мислат и на своето здравје.
Организатор на дефилето е општина Охрид, вклучувајќи се и оваа година во одбележување на Ден без автомобили во рамките на Европската недела на мобилност. Во велосипедското дефиле учество зеде и Ристо Николески, заменикот градоначалник на Охрид. Открива дека вози велосипед често кога нема…
Социјалниот работник Наташа Павиќевиќ Стојменовска од Здружението на социјални работници на Македонија и координатор на проектот „ Социјалните работници во акција во реформираниот систем на социјална заштита“ информира за законските измени во Социјалната заштита и улогата на општините, давателите на социјални услуги и здруженијата на граѓани. Препорака е сите чинители во заедницата да се вклучат во наоѓање на начини на локално ниво да ги препознаат ризиците кои постојат, да се наочат кон заштита на населението со меѓусебна соработка за надминување на ризиците кои се јавуваат, потенцира Пави…
По повод Светскиот ден на дивиот свет 3-ти март, во просториите на НП „Галичица“ се одржа работилница „Цицачите во НП Галичица“ заедно со учениците од ОУ „Ванчо Николески“, подрачно училиште Косел.
На работилницата учениците имаа можност да се запознаат со видовите цицачи кои ги имаме на планината Галичица, да научат за нивните карактеристики, нивната екологија, исхрана и начин на живот.
Големо внимание посветивме на таинственото животно со темпераментен карактер, рисот. Благодарение на Македонското еколошко друштво „МЕД“ и нивниот Едукативен пакет за балкански рис, научивме за негова…
Се е подготвено за единаесеттото издание на хуманитарната и спортско-рекреативна акција „ЗА ПОСРЕЌНО ДЕТСТВО“ која во организација на Црвен крст Охрид ќе се реализира утре на неколку локации низ градов. Манифестацијата и оваа година се организира со поддршка на Стоматолошки Центар Д-р Баткоски, аптекарскиот брнед Виафарм и брендовите „Курапрокс“ и „Алкалоид“ како и ресторанот Виа Игнација.Манифестацијата започнува со симболичната трка од Чинарот по улицата „Македонски просветители“ до пристаништето. Понатаму сите останати дисциплини ќе се одвиваат на потегот пред градскиот плоштад и градска…
Во текот на последните 24 часа се направени 3.567 тестирања, при што се регистрирани 412 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.
По градови:
• Скопје 207• Куманово 34• Велес 26• Битола 18• Кочани 16• Кичево 15• Прилеп 14• Тетово, Гостивар и Кавадарци по 10• Радовиш 6• Штип и Свети Николе по 5• Струмица, Крива Паланка, Кратово и Македонска Каменица по 4• Струга, Гевгелија, Неготино и Виница по 3• Валандово 2• Охрид, Ресен, Пробиштип, Богданци, Крушево и Македонски Брод по 1
Во текот на изминатите 24 часа починале 12 лица: 6 од Скопје …
Се отповикува одлуката за воведување на „Контролирано движење“ во шумскиот појас на паркот која беше воведена на 09.08 2019 година во согласност со член 57, став 3, од Законот за шуми, со кој се уредува контролираното движете во шумските појаси при зголемена опасност од појава на пожари.
Со тоа:
– Сите посетитители можат да се движат во границите на паркот без барање за дозвола за “Контролирано движење“.- Се активираат активностите во паркот кои заради оваа одлука беа одложени: маркирање во приватен имот, сеча на приватни лица во државна шума и други активности одложени заради истата одлу…