Окт 14, 2021

Денес се празнува Покров на Пресвета Богородица

Православните верници денес празнуваат уште еден ден во чест на Мајката Божја- Покров на Пресвета Богородица. Отсекогаш Црквата ја прославува Пресвета Богородица како покровителка и заштитничка на христијанскиот род, Којашто со своите претстателски молитви Го смилостивува Бога кон нас грешните. Помошта на Пресвета Богородица како кон поединци така и кон народите, како во мир така и во војна, како во монашките пустини така и во многужителните градови се покажала очигледна безброј пати. Настанот којшто Црквата го споменува и празнува денес го докажува тоа неотстапно покровителство на Пресвет…

Сеп 24, 2019

ВМРО-ДПМНЕ: Погубните политики на СДСМ и Георгиески доведоа до масовно иселување на младите од Охрид

Од општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ денес со нови обвинувања до СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески, овојпат дека воопшто не ги мотивирале младите за да се почувствуваат како дел од општеството. На прес конференцијата, Алескандар Здравевски, претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ од Охрид, посочи дека погубните политики на СДСМ и Георгиески довеле до масовно иселување на младите од Охрид. „Изградивте ли Младински културен центар? Не, не изградивте! Дали ги вклучивте сите млади во донесување на одлуките на локално ниво? НЕ, не ги вклучивте! Профункционира ли Советот…

Сеп 24, 2019

И оваа учебна година бесплатна ужинка за сите ученици во ОУ “Дебрца”

Општина Дебрца и оваа учебна година продолжи продолжи со спроведување на мерката- ужинка за секој ученик во основното училиште, која за првпат беше воведена минатата учебна година. Секој ученик ќе добива ужинка во текот на учебната година, а средствата за ужинката се обезбедени во буџетот на општина Дебрца.Со оваа мерка локалната самоуправа сака малку да го растерети семејниот буџет на родителите, а повеќе да го потенцира социјалниот моментум, односно до израз да дојде социјалната рамноправност на учениците. И оваа година продолжува спроведувањето на другите мерки: бесплатна екскурзија, ф…

Сеп 24, 2019

Дефиле за промоција на толеранција, мир и соживот

Во рамките на програмата Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности (ЦКА-ПХВ), Црвен крст Охрид организира ПХВ дефиле за промоција на толеранција, мир и соживот. Дефилето под мотото „ДЕФИЛИРАЈ, НЕ СЕ ФОЛИРАЈ“ ќе се одржи на 25.09 (среда) со почеток во 11:00 и тргнување од плоштадот „Крушевска република“ (Чинар), преку чаршијата и кејот се стигнува до Холандскиот парк каде ќе има кратка забавна програма со музички точки, како и доделување благодарници на годинешните младинци вклучени во ПХВ програмата. Ќе се дефилира со транспаренти со кои се промовира хуманост, заедништво, слога…

Сеп 23, 2019

Катна гаража ќе има

Се поизвесно е дека Охрид ќе ја добие долго најавуваната катна гаража. На просторот каде моментално се наоѓа градскиот пазар ќе се прави вакво паркиралиште. Тоа е предвидено и со Деталниот урбанистички план, но се чека да се исполнат некои технички услови. Од технички аспект таму имаме една парцела која е предмет на експропријација и тоа сега е ново настаната ситуација. Почната е постапката за експропријација на таа парцела и во тек е изработка на физибилити студија која ќе ни даде податоци дали е најисплатливо да ја градиме со јавно приватно партнерство или со сопствени средства, вели гра…

Сеп 23, 2019

Средношколци од ОЕМУЦ Св. Наум Охридски на Macedonia Manufacturing Expo 2019

Во среда, ученици од Општинскиот електромашински училишен центар Св Наум Охридски ќе присуствуваат на настанот „ Macedonia Manufacturing Expo – 2019“ во Скопје. Над триесетина средношколци од овој центар ќе имаат можност да слушнат повеќе информации за значењето на дуалнот стручно образование, а исто така да земат учество и во дискусија. Настанот и поканата се во организација на делегацијата Германското стопанство во Република Северна Македонија. Покрај, средношколците од прва година, на настанот ќе бидат и неколкумина ученици од втора година, информира директорoт на ОЕМУЦ Сашо Недески. „Н…

Сеп 23, 2019

Едукативно предавање за опасностите и последиците од „Сајбер Булинг“

Во охридското основно училиште „Григор Прличев“ –Охрид се реализира едукативно предавање од страна на Отсекот за превенција во координација со Отсекот за компјутерски криминал при СВР Охрид. Предавањето инаку се реализира во сите основни училишта и е наменето за учениците од VI –VIIIодделение. Целта на ова предавање е да се доближат до учениците поимите „булинг“ и „сајбер булинг“. „Сајбер булингот“ е секаков облик на насилство помеѓу врсниците во виртуелниот свет. За разлика од обичниот „булинг“ кој може да се случи на улица, жртвата може да доживее непријатност и во својот дом, а тоа наси…

Сеп 23, 2019

О.К.ВМРО-ДПМНЕ: Учебна година без инвестирање во образованието и создавање на добри услови за работа на учениците и наставниците

Учебната година започна без никакво инвестирање во образованието и создавање на добри услови за работа на учениците и наставниците, обвини денес на прес конференеција Илија Арнаудовски, советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид. „Блесокот во образованието е тоа што дел од учлниците во ОСУ „Св. Климент Охридски“ пркиснаа и се урна дел од таванот, но за среќа нема повредени ученици. Дали ветувањата на градоначалникот георгиески беа да се скратат 155.000 денари за санација на покривот на гимназијата. Зарем советниците, просветните работници во советот, пратеничката Жаклина Лазареска као пре…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top