• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • О.К.ВМРО-ДПМНЕ: Учебна година без инвестирање во образованието и создавање на добри услови за работа на учениците и наставниците

О.К.ВМРО-ДПМНЕ: Учебна година без инвестирање во образованието и создавање на добри услови за работа на учениците и наставниците

Кратење на средства за подобрување на инфраструкутруните услови во образованието и секојдневно изложување на опасност и учениците и наставниците.

 |   | 

Учебната година започна без никакво инвестирање во образованието и создавање на добри услови за работа на учениците и наставниците, обвини денес на прес конференеција Илија Арнаудовски, советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.

„Блесокот во образованието е тоа што дел од учлниците во ОСУ „Св. Климент Охридски“ пркиснаа и се урна дел од таванот, но за среќа нема повредени ученици. Дали ветувањата на градоначалникот георгиески беа да се скратат 155.000 денари за санација на покривот на гимназијата. Зарем советниците, просветните работници во советот, пратеничката Жаклина Лазареска као претседател на Комисијата за образование и наука не чувствуваат одговорност кон колегите и учениците во Гимназијата?“, кажа Арнаудоски.

Аранудовски запраша зошто се скратени средствата за промена на кровните конструкции на основните училишта „Христо Узунов“ , „Братство единство“ во Лескајца и „Св. Наум Охридски“ во Пештани и Елшани со што ги изложуваат секојдневно на опасност и учениците и наставниците?

„Дали при следните времеснки неприлики се оставаат учениците од училиштата, во Коњско и Долно Лакочереј, во небезбедни услови и опасност, затоа што не е извршена санација на таваните и кровот?Жителите на Коњско треба да знаат дека се скратени 510 000 денари за санација на кровот и таванот на училиштето, а жителите на Долно лакочереј дека се скратени 1.500 000 денари за санација на таваните и кровот на училиштето?“ обвини Илија Арнаудоски, советник- ВМРО-ДПМНЕ.

Од ОК на ВМРО-ДПМНЕ посочија дека охриѓани мора да знаат дека не се инвестира во образованието на младите, иако СДСМ и градоначалникот Георгиески ветуваа подобрување на инфраструктурата и инвестиции во образованието.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top