Окт 11, 2019

Црквите лесен плен на крадците

Ограбени, опустошени и осквернавени  цркви, необележани, незаштитени и заборавени локалитети и светилишта. Негрижа за богатото културно црковно наследство. Ова е сликата во земјава. Изминативе десет години вкупно  600  икони со непроценлива вредност исчезнаа само  од струшките цркви. Крадците не запираат, црквите и денес им се лесен плен. Годинава една од поголемите кражби се случи во гостиварско,  кога беа украдени повеќе икони и вреден сребрен крст, неколку кражби во тетовско, една во струшко Дрслајца. Не останаа поштедени ниту црквите во охридско, ниту во битолскиот и дебарскиот регион. …

Окт 11, 2019

Започна Меѓународниот гастрономски натпревар „Гастро Мак” чиј домаќин е Охрид

Охрид во духот на светските кулинарски и гастрономски тајни. Под мотото „Don’t Worry, Be Ohrid!” од вчера официјално започна  Меѓународниот  гастрономски натпревар – „Гастро Мак”.Триста мастер шефови  и готвачи од триесетина земји ширумс ветот ќе разменуваат   искуства и меѓусебно ќе ги запознаваат своите традиционални јадења. 90 лиценцирани судии од Светската асоцијација на здруженијата на шефови , гастрономски амбасадори и почесни гости ќе ги оценуваат зготвените специјалитети. Годинешен претседател на судскиот тим е славниот хрватски готвач Стево Карапанџа. Тој во изјава за медиумите ве…

Окт 11, 2019

Меѓународна конференција посветена на црквата „Света Софија“ во Охрид

Еминентни теолози од Македонија, Бугарија, Србија, Хрватска, Италија, Словенија и од Босна и Херцеговина три дена ќе бидат дел од големата меѓународна конференција посветена на црквата „Света Софија“ во Охрид. Настанот започнува денеска 11-ти и ќе трае до 13-ти октомври 2019 година во Охрид и Струга. Меѓународната конференција е насловена „Света Софија – Премудроста која си изгради дом“ и е во организација на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје. Еден дел од конференцијата е посветен на храмот на охридските архиепископи именуван по Мудроста – црквата „Свет…

Окт 11, 2019

ЧЕСТИТКА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГЕОРГИЕСКИ ПО ПОВОД 11 ОКТОМВРИ

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески упати честитка по повод 11 Октомври, денот на востанието на македонскиот народ. – 11 Октомври е темелник на вековните определби на македонскиот народ за слободна и самостојна држава. Прославувајќи го овој ден ние оддаваме почит на сите борци кои со својот живот се вградиле во темелите на нашата татковина. Благодарение на нивното големо дело, храброст и пожртвуваност денеска живееме во демократска , независна и просперитетна држава. Наша должност е да ја сакаме, чуваме и унапредуваме за да им ја предадеме на поколенијата. Со меѓусебна доверба …

Окт 15, 2021

Црвен крст Охрид ќе ја реализира кампањата „Ден на борба против глад“

Под мотото „Помислете и на нас“, Црвен крст Охрид традиционално ја организира кампањата за „Ден на борба против глад“. Целта е да се поттикнат граѓаните, компании, фирми, банки итн. активно да учествуваат во оваа хуманитарна акција, која е дел од Меѓународниот ден на борба против гладта 16-ти октомври и Неделата на борба против гладта (16-22 октомври). Активностите ќе бидат насочени кон прибирање доброволни прилози наменети за набавка на прехрамбени производи за подготовка на хуманитарни пакети за социјално најзагрозените семејства од Охрид и Дебрца. Во текот на Неделата на борба против…

Окт 11, 2019

ОУ “Дебрца” ја одбележува Детската недела

Со разни активности во сите држави членки на ООН во првата полна недела од месецот октомври се одбележува Детската недела.И учениците од ОУ “Дебрца” со повеќе активности се вклучени во одбележувањето на Детската недела. Градоначалникот Ногачески ја имаше честа да биде домаќин на учениците и да ги слушнам нивните потреби, барања и желби.Одговорноста за децата е на целата заедница, на сите нас. „Светот останува на децата и претставува предизвик да ги научиме да ги спознаат вистинските вредности во животот и да им дадеме сила да истраат и да успеат во овој свет. – изјави градоначалникот Нога…

Окт 11, 2019

Денеска се одбележува 11 Октомври, Денот на народното востание

На Партизанските гробишта во Бутел во Скопјеќе бидат положени цвежиња, а ќе биде доделена идржавната награда „11 Октоври“ за 2019 година за највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес. Во Куманово ќе бидат положени цвеќиња на Спомен костурницата, по што обраќање ќе има премиерот Зоран Заев. Во Прилеп ќе се одржи свеченост пред спомениците на Методија Андонов-Ченто и Кузман Јосифоски-Питу. ќе биде одржан марш во чест на паднатите борци и ќе бидат положени цвеќиња на Могилата на непобедените.

Окт 10, 2019

Започна чествувањето на 11 Октомври

Општина Охрид со свечена седница го  започна чествувањето на 11 Октомври – Денот на Народното востание. На свеченоста свое пригодно обраќање и честитка до присутните имаше градоначалникот Константин Георгиески. „Овој ден е симбол на Македонскиот непокор и слободарскиот дух. Во очи на големиот празник, денес одбележуваме 78 години од четиригодишната народно – ослободителна борба на Македонскиот народ во Втората светска војна. Благодарение на пожртвуваноста на храбрите борци и на нивните идеали за слобода, денес, ние сме свои на своето. Наша определба и денес, е сигурно и недвосмислено да че…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top