Серија земјотреси се регистрирани во охридско-струшкиот регион. Последниот е регистриран синоќа во 23 часот и 05 минути со магнитуда од 2,8 степени по рихтер.Претходно, регистрирани беа земјотреси со јачина од 2,6 и 2,5 степени по рихтер.Во соопштението кое го издадоа од сеизмолошката опсерваторија при ПМФ се вели:
„Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва 31.01.2022 година регистрираше земјотреси 100 km јужно од Скопје к…
Државниот пазарен инспекторат на терен. Испекторите проверуваат дали во трговците на маркетите ја почитуваат одлуката на Владата за замрзнување на цените на лебот, шеќерот, брашното тип 400, сончогледово масло за јадење, трајното млеко, свежото месо и сувомесни производи, сирењето и урдата. Имено, овие производи треба да ги имаат цените од 1 декември, кои не смеат да бидат променети до крајот на јануари следната година. Од Инспекторатот велат дека се проверуваат сите маркети низ државата, а казните за непочитување на одлуката се високи и достигнуваат и до 10.000 евра.Државниот пазарен инсп…
Избрани најдобрите охридски спортисти на манифестацијата „Најдобрите во спортот за 2021 година“ која доцна попладнево се одржа во големата сала на Општина Охрид.
На свечениот настан присуствуваше и градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков кој во своето обраќање истакна:
Како долгогодишен спортист и голем љубител на спортот познато ми е тоа неописливо чувство на радост и на гордост, по добиен натпревар и победнички резултат. Тоа е чувство што влева надеж, дава сила и нова желба за уште повисоки цели, за уште поголеми триумфи. Спортските успеси не се само гордост на спортистите, тие се г…
Денеска на глобално ниво се одбележува Меѓународниот ден на човековите права. На 10 декември 1948 година во Париз од страна на Генералното собрание на ОН е усвоена Универзалната декларација за човекови права.Декларацијата е создадена во периодот по Втората светска војна и означува прво глобално изразување на основни права на сите човечки суштества. Декларацијата се состои од 30 члена кои се вклучени во подоцнежни меѓународни договори, регионални инструменти за човекови права, национални устави и закони, а во неа се вградени Универзалната декларација за човекови права, Меѓународниот пакт за…
Европските елени стануваат украс на планината Галичица. Се зголемува нивниот број во репродуктивниот центар на ЈУ Национален парк „Галичица“. Популацијата на елени достигна бројност од преку 60 единки каде што се наоѓа првиот репродуктивен центар во Националниот парк на локалитетот „Косто бачило“. Во 2018 година беа донесени 30 елени, од кои 6 беа мажјаци и 24 женски елени, а стадото успешно се прилагоди и постојано се зголемува, информира Андон Бојаџи од ЈУ НП Галичица.
Годинава планираме да ослободуваме единки од репродуктивниот центар во дивина. Се надеваме дека за 10-тина години со к…
Согласно Програмата за заштита на животна средина и природа секоја година ќе се врши доделување на пластични канти од 120 л за селекција на отпад на домаќинствата на територија на Општина Охрид.
Оваа година канти ќе добијат индивидуалните домаќинства на следните улици: „Коста Абраш“, „Цар Самоил“, „Кузман Капидан“, „Илинденска“, „Кочо Рацин“, „Климентов Универзитет“ и „Браќа Миладиновци“.
Граѓаните кантите ќе можат да ги подигнат во просториите на Ј.П. „Охридски Комуналец“, Р.Е. „Механизација“ на ул. „АСНОМ“. При подигнувањето на кантите треба да приложат лични документи за идентификаци…
Советот на Општина Охрид ја одржа седмата седница со 46 точки на дневен ред од кои повеќе од половината се однесуваа на урбанистичката сфера односно легализации на дивоградби и усогласување на намената на земјиштето. На седницата која траеше час и половина поголема дискусија предизвика годишниот план за вработување во општинската администраицја за 2022 година. Опозициските советници со забелешки за новата локална власт дека предвидува нови вработувања во општината нешто што остро го критикуваа додека беа опозиција. Со оглед на критиките за превработеност во администрацијата и финансиската с…
Општина Охрид објавува јавен повик за проектот : “Roads Not Taken: Municipality of Ohrid Going Green, Smart, Innovative (OHRID GO). Повикот е насловен како: ROADS NOT TAKEN # PC1- 1.1.1. , за ангажирање на лице за работа на административна позиција, проектен асистент – потребно е едно лице кое ќе биде ангажирано за период од 28 месеци со половина работно време.
Општина Охрид како добитник на проектот по првиот повик на Годишниот ИПА II – ЕУ за општини- “Подобрување на услугите на локалната самоуправа преку иновативни концепти”, под наслов:” “Roads Not Taken: Municipality of Ohrid Going G…