Започнувањето со работа на стационарот за згрижување на бездомни кучиња тапка во место заради административни процедури. Проблем е изработката на локална урбанистичката документација, која е стопирана поради воведениот мораториум за издавање дозволи за градба. Според диркеторот на ЈП „Охридски Комуналец“ Љупчо Грданоски единствено се чека дозволата за отпочнување со работа, која ја издава Агенцијата за ветеринарство за што е потребен документ дека земјиштето е во сопственост на Комуналец. Останатото е се` подготвено. Набавени се возила, обезбедени вакцини и лекарства, вработен…
Во првата половина од месец ноември ќе отпочне имунизацијата против сезонски грип. Во периодот од годината кога се приближува циркулацијата на сезонски грип во Центарот за јавно здравје се прават подготовки, инфромира директорот Сашо Точков.
„Ги анимираме граѓаните што значи имунизција и дека единствена заштита од сезонски грип е вакцината. Исклучително квалитетна е 4 валентната, која има добар ефект. Од анализите напревен минатта година беше ефикасна. Анкетираните луѓе споделија дека им помогнала и немале здравствени проблеми поминале без потешкотии во екот на сезоната на грип “, вели Точ…
Во сабота кон недела на полноќ (27 кон 28 октомври) ќе почне зимското сметање на времето, кога стрелките на часовниците ќе ги поместиме за еден час наназад.
Преминувањето на летно и зимско сметање на времето првпат е забележано во 1916 година, во земјите на северот на Европа, а досега е воведено во околу 70 земји, за да се заштеди енергијата со тоа што периодот на дневната светлина од раните утрински часови ќе се „премести“ навечер.
Македонците, заедно со жителите од цела Европа, уште неколкупати ќе ги свртат стрелките на часовниците заради промена од летно во зимско сметање на времето и …
Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески упати честитка по повод 23-ти Октомври- Денот на македонската револуционерна борба.
– Овој голем национален празник е потсетник за првата семакедонска организација и нејзината најголема цел да го обедини македонскиот народ и да ја исполни вековната желба за слободна татковина. На овој ден се потсетуваме на истрајноста и пожртвуваноста на нашите претци, но и одлучноста и нескршливата волја за слобода и независност. Македонската револуционерна организација е олицетворение на македонскиот непокор преку кој ќе се води бoрбата на сите генерации ко…
Повеќе од шест години некои од плажите издадени под закуп на охридското крајбрежје работат на диво, вели градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески. Никој во минатото не направил ништо по ова прашање, па некои со години печалеле бесправно, вели градоначалникот. Тој побара сите надлежни институции да се заангажираат и ваквата неправда да се корегира.Во однос на сите тие плажи коиштo периодот наназад стопанисувале во Општина Охрид, има податоци од кои и јас самиот се изненадив. Има плажи кои години наназад функционираат, меѓутоа нивните договори не се обновени од 2012, 2013 годин…
Академската сликарка Емел Махмуд пред охридаката јавноста се претставува со изложба на слики. Махмуд завршила Ликовна академија во Скопје, Педагошка насока во класата на проф. Димитар Кондов. Во галеријата на Куќата на Робевци таа изложува дваесетина слики создадени во реалистичен и имагинарен уметнички правец. Нејзиното творешто изобилува со специфични форми и бои, а од сликите блика позитивна енергија и ведрина.
„Ги сакам светлите бои и тонови. Ми даваат посебна енергија иако и од темените бои човек може да повлече светлина и топлина. Тоа зависи од моментот, од уметникот и неговото од ра…
Вработени во А.Д. Македонска пошта во сите подружници во државата денеска излегоа на протест. И вработени во охридската подружница го изразија својот револт од актуелните состојби во компанијата. Велат дека Македонска пошта подолг период е во сериозна финансиска криза што се рефлектира врз условите за работа и технолошкиот процес, но сега го достигнала својот врв што резултирало и со доцнење во исплатата на плати.
Тоа значи немање основни средства за работа како во делот на платниот промет така и во делот на доставата на пратки што во крајна линија се имплицира врз крајните корисници на …
ЈП Билјанини извори ќе покрене иницијатива за ставање ред со хаосот на пловни објекти на десната страна од каналот Студенчишта. За следната сезона најавуваат покренување барање до Локалната самоуправа и до Капетанија да се среди и другиот дел од брегот, информира Гордана Јованоска, директор на ЈП Билјанини извори. Во моментов никој не е надлежен за пловилата од десната страна од каналот па со децении во каналот се оставени голем број неисправни пловила кои кородираат, информира Јованоска.
„Во долниот дел од каналот со влезот стопанисува АРМ, погорниот е на приватен сопственик, а во делот к…