Ученичката Нина Стевоска од ОУ „Григор Прличев“, заедно со ученичките Ева Коловска и Христина Чакаровска од партерските PASCH- училишта на Гете институт од Скопје, во придружба на наставничката го германски јазик Билјана Атанасовска од 18 до 21 октомври присустуваа на детскиот самит во Нирнберг каде меѓу другото, учествуваа на изградба на Скулптурата на слободата и тоа на меморијално место на фашизмот.
Скулптурата е висока 4 метри и е изградена од пластични оружја (играчки) кои младите низ целиот свет ги донираа и на тој начин симболично ја искажаа нивната желба за мир во целиот свет.
На 14-ти октомври 2021 година, околу 21:30 часот, на булеварот „Асном“ во Охрид, Ѓ.М. го нарушил јавниот ред и мир и физички ја нападнал 40-годишната А.У., двајцата од Охрид.
Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.
Главен проблем на граѓанските организации им претставува финансиската одржливост. Тоа пред се се однесува на локалните организации во помалите градови и општини. Најголем дел од нив функционираат на волонтерска основа. Волонтерите во најголем број немаат капацитет да направат соодветна проектна апликацијаза да можат да дојдат до финансиски средства од повисоки фондови. „ Има голема разлика ако зборуваме за граѓанските организации во Скопје и оние во помалите градови. Локалните организации воопшто не се проактивни, дури запаѓаат во песимизам дека нема финансии за нив , нема поддршка од цен…
Одблокирана сметката на ОУ „Григор Прличев“ по денешното усвојување на ребалансот на општинскиот буџет. Мнозинството советници гласаа за предлог одлуката за исплата на долгот на училиштето кон доверителот „Моби Петрол“ Охрид. Мишел Силјаноски, координатор на пратеничката група на СДСМ, кажа дека измените се во интерес на граѓаните.Како најпозитивно го истакна завршувањето на агонијата на ОУ Григор Прличев.
„За прв пат по подолго време ќе се од блокира ОУ Григор Прличев што е големо постигнување за да работи нормално. Се правеа напори подолго време од ЛС, а денес донесовме одлука која ќе зн…
Ј.П.„Охридски Комуналец“ започна со Е-наплата на сметките за услугата: подигање, транспорт и депонирање на комунален отпад.
Со оваа платформа за електронска наплата им овозможуваме на корисниците онлајн плаќање на сметките со кредитна или дебитна картичка без провизија.Со оваа услуга корисниците ќе имаат увид во неплатените месечни сметки и брзо, лесно и сигурно ќе можат истите да ги платат.
За оваа услуга корисникот треба да креира кориснички профил на веб-страната www.eohridskikomunalec.com.mk каде се внесува шифрата на корисник испечатена на сметката. Доколку корисникот сака да има уви…
Граѓанската иницијатива Охрид ЅОЅ и Здружението за заштита на животните и животната средина Е.Д.Е.Н. ве канат на завршен настан во рамки на проектот Power to the People, финансиски поддржан од Фондацијата Хајнрих Бел.
Настанот кој е од отворен карактер и на кој може да присуствуваат сите заинтересирани, ќе се одржи во х. Порта, Аеродром, Скопје во времетраење 11.30-15.00 ч. на 26 октомври 2019 г. (сабота).
На настанот ќе се промовира Прирачник за правна самопомош и активизам во област животна средина кој е, пред сѐ, наменет за млади активисти и почетници. Преку говорите на Гоце Коцевски, …
НУ Центар за култура “Григор Прличев”-Охрид Ве поканува на гостувањето на Театар на виното од Варна Р. Бугарија со три монодрами:
29.10.2019 (вторник) Zorba30.10.2019 (среда) Sayuri31.10.2019 (четврток) Nushich
Картите се пуштени во продажба по цена од 100 денари на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид, почеток 20.00 часот. Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066.
Поддршка на Плананиската спасителна служба при Црвен крст Охрид дадоа три општини од регионот. Општина Охрид, Дебрца и Вевчани потпишаа Меморандум за соработка со службата , со кој ги дефинираа меѓусебните обврски за да може службата за спасување да продолжи да функционира и да се развива. Статистиката покажува дека бројот на несреќи кои се случуваат на планина постојано имаат тенденција на пораст, вели Антонио Додевски проект менаџер на Проектот „Регионот Охридско езеро – безбедна дестинација за авантуристички туризам“. Службата за спасување на планина функционира од 2002 година и постојан…