Седмите локални избори официјално почнуваат од денес. Денеска своето право на глас ќе може да го остварат болните и изнемоштените, внатрешно раселените лица, војниците, осудениците и лицата кои се во изолација поради Ковид – 19, под посебни однапред утврдени протоколи.
Според официјалните податоци на Државната изборна комисија (ДИК) денеска ќе гласаат 7.921 болни и немоќни лица чии пријави се прифатени од Општинските изборни комисии (ОИК), 476 лица со Ковид-19 и во самоизолација, 1.899 осуденици, 351 лице во установи за вонсемејно сместување и шест гласачи кои, во согласност со евиденцијат…
По неодамна одржаните промотивни настани, промо турата „Охрид 2019“ и “Ohrid Outdoor Festival” градов успешно се промовира како привлечна туристичка дестинација за италијанските гости и туристи не само во лето туку и во есенскиот и зимскиот период од годината. На настаните учествуваа туроператори и новинари од Италија.
Италијанските гости заедно со 150 љубители на планината и алтернативните видови спорт во рамки на „Ohrid Outdoor Festival” уживаа во возење велосипеди и искачување на врвот на планината Галичица од каде се гледаат двете езера Охридското и Преспанското.
За учесниците на фест…
Рано утрово, во 06:25 часот во соседна Албанија, се случи силен земјотрес со магнитуда од 5,2 степен, а истиот беше почувствуван и во Охрид и околината.
Според првичните информации, епицентарот на земјотресот се случил на околу 14 километри северно од Корча и околу 123 километри североисточно од Тирана, а на длабочина од 10 километри.
Земјотресот предизвика вознемиреност кај охриѓани. До овој момент нема информации за евентуални штети од истиот.
Во охридското кино ќе се прикажува филмот “Врба на режисерот Милчо Манчески. Шестото долго метражно остварување на Манчески тргнува да ја освојува домашната публика со премиерните проекции кои ќе се случат истовремено во Скопје, Битола, Штип и Охрид. Охридските љубители на филмската уметност ќе имаат можност да го видат најновиот филм на Манчевски по само десеттина дена од светската премиера на Филмскиот фестивал во Рим. „Прикажувањето почнува утре во петок и ќе се дава во наредните 5 дена се до вторник 5 ноември. Ја поканувам охридската публика да ужива во филмската проекција. Долго време …
Жителите од повеќето села од општина Дебрца пијат вода со лош квалитет. Тоа се должи на нестручното управување со водоводните системи кои се под надлежност на месните заедници, вели првиот човек на општина Дебрца, Зоран Ногачески .
„Еден од пропблемите со кои се соочуваме е тоа што до крај не е уредено управувањето со водоснабдителниот систем. Во еден дел е затекната стара состојба каде со водоснабдителниот систем управуваат месните заедници. Според Законот за вода тоа не е дозволиво. Проблемот е во здравствената исправност на водата за пиење. Анализите на Центарот за јавно здравје покажув…
Утре во Инфо центарот на ЈУ Национален парк Галичица во Охрид ќе се одбележи годишнината од прогласувањето на националниот парк. Во 1958 година овој регион е прогласен е прогласен за национален парк „Галичица“ со цел да се зачува растителниот и животинскиот свет и природниот изглед на планината Галичица. Околу 2/3 од Паркот е вклучен во границите на Светското природно и културно наследство на охридскиот регион, впишано на листата на Светско културно и природно наследство на УНЕСКО.
Во текот на оваа година, ЈУНП „Галичица“ продолжи со трансформацијата на своето работење, преку зголемување н…
Започнаа градежните активности за санирање на оштетените делови на улицата „ Васил Главинов“, со гребење на стариот и поставување на нов асфалтен слој.
Овој зафат е дел од годишната програма на Секторот за комунален развој, сообраќај и улици, а средствата се обезбедени од Буџетот на општина Охрид.
Во специјалната болница „Свети Еразмо“ Охрид се прават најсложените неврохируршки интервенции.
Има доволно лекари специјалисти. Дваесет години имаше еден неврохирург, изминативе неколку години се двајца, а има и доволно анестезиолози. После неврохируршката клиника Скопје, Охрид е втор центар за неврохиругија во земјава, каде се лекуваат пациенти од цела западна Македонија. Годишно се изведуваат по стотина неврохируршки операции.
Останува да се пушти во употреба новиот реновиран блок на болницата, каде ќе има многу подобри услови за работа и третман на пациентите.
Таму ќе имаме една с…