Дек 18, 2019

Поради административни пречки доцни изградбата на новата болница во Струга

Доцнат работите околу изградбата на новата болница во Струга. Министерот за здравство Венко Филипче уште пред една година најави дека болницата ќе се гради на државно земјиште, од десната страна на магистралниот пат Струга – Ќафасан. Но, засега нема никакви градежни работи на терен.Тоа што административно ни ја успори постапката беше што имаше мораториум за градба. Со оглед на тоа што локацијата беше надвор од централното градско подрачје на патот за Ќафасан, во интензивна соработка со градоначалникот Мерко се направи административно изземање од тој мораториум за градење и сега документациј…

Дек 18, 2019

Охридскиот народен театар повторно пред публиката со претставата „Хотел ни на небо, ни на земја“

Охридскиот Народен Театар овој пето повторно ја поставува новата претстава „Хотел ни на небо ни на земја”, работена според текст на Ерик Емануел Шмит, а во режија на Љупчо Ѓоргиевски. Претставата е поставена во петок, 20-ти декември со почеток во 20 часот. Во претставата играат: Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Адријана Билаловиќ Тодороска, Ивица Цонев, Ирена Илиевска, Елизабета Стефановска, Стефан Николиќ и Мила Коруновска. Сценограф е Валентин Светозарев, костимограф е Андреј Ѓоргиевски, композитор на музикта е Марјан Неќак.Дизајн на плакат: Валентин Светозарев, инспициент: Филип …

Дек 18, 2019

ОПШТИНА ОХРИД ОРГАНИЗИРА ЗАЕДНИЧКИ ДОЧЕК НА НОВАТА ГОДИНА

На Градскиот плоштад и оваа година ќе биде организиран заеднички дочек на Новата година. За забавата ќе се погрижат охридските музичари Ѓоко Танески, бендот Камелеон и Ефто Пупиноски. Општина Охрид организира забавен програм кој ќе трае од 01.01 – 20.01.2020 година, каде превидено е на Градскиот плоштад да настапат повеќе домашни и странски звучни имиња.

Дек 18, 2019

Охрид ќе добие лизгалиште на мраз

Јавното претпријатие „Градски гробишта“, деновиве започна со подготвителните активности за поставување на лизгалиште на мраз. Лизгалиштето ќе биде лоцирано на улица „Македонија“, пред НУЦК „Григор Прличев“. Во периодот додека е поставено лизгалиштето, општина Охрид, секојдневно ќе организира забавен програм на мала сцена крај лизгалиштето. Проектот за изнајмување и поставување на лизгалиштето на мраз е на Агенција за млади и спорт, а општина Охрид ги изведува подготвителните зафати.

Окт 18, 2021

Денеска во Охрид потопло време со температура до 16 степени

Времето денеска во Охрид променливо облачно и потопло со услови за локален краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Mаксималната температура во Охрид ќе се искачи до 16. степени. До петок времето ќе биде стабилно и потопло со услови за појава на утринска магла по одделни котлини. Врнежи од дожд се очекуваат во сабота – информираат од УХМР.

Дек 17, 2019

Наскоро релевантни податоци за состојбата на воздухот во Охрид

Во Охрид е во функција проектот „ Поттикнување на ефикасност на ресурсите и отпорноост на климатските промени на заедницата базирани на квалитетот на воздухот“ преку Интернет работи. Основната цел на проектот е да се поттикне одржливиот развој и да се ублажат климатските промени во регионот, преку заеднички мерки за соработка и пренесување на искуството помеѓу шесте партнери на проектот од пет земји на Балкан-Медитеран регионот. Проектот ќе им обезбеди во вид на препораки на националните и регионалните власти, соодветни мерки за намалување на концентрациите на партикуларните честички и азот…

Дек 17, 2019

„Дедо и внук“ ја освојува македонската публика

Првиот долгометражен филм „Дедо и внук“ на охридскиот режисер Илија Пиперкоски ја освојува македонската публика. Пиперкоски, кој го напиша и сценариото за филмот, успеа да раскаже прекрасна приказна, со која сите гледачи можат длабоко да се идентификуваат – проблемите со здравството, политиката, корупцијата, но и обичните човечки приказни и односи момче-девојка, татко-син и дедо-внук. Тој вели дека е многу задоволен како публиката го доживува филмот. Многу се радувам и на самата премиера ама и на патот по кој филмот допрва ќе оди. Пред се ме радува како гледачите го примаат филмот, како ем…

Дек 17, 2019

Тајните на дното на Охридското езеро набрзо пред очите на јавноста

Тајните на дното на Охридското езеро набрзо пред очите на јавноста. Привршува монатажата на документарецот за кој инсертите се снимени при пренуркувањето на езерото од страна на меѓународниот нуркачки иструктор Милутин Секуловски. Тој пред четири години заедно со негови колеги од Охрид, Дубровник и од Албанија ја реализира оваа несекојдневна мисија и пренурка 84 километри од Албанска и Македонска страна на езерото. Направи голем број подводни фотографии, како и снимање и позиционирање на места од интерес на научната јавност. Снимени се толку материјали што можат да се направат неколку докум…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top