Наскоро релевантни податоци за состојбата на воздухот во Охрид

Во врска со зачестените јавувања од граѓани за зголеменото загадување на воздухот во Охрид, а чии сознанија се резултат на следење на апликацијата мој воздух и други нерелевантни извори.

 |  Валентина Неловска  | 

Во Охрид е во функција проектот „ Поттикнување на ефикасност на ресурсите и отпорноост на климатските промени на заедницата базирани на квалитетот на воздухот“ преку Интернет работи. Основната цел на проектот е да се поттикне одржливиот развој и да се ублажат климатските промени во регионот, преку заеднички мерки за соработка и пренесување на искуството помеѓу шесте партнери на проектот од пет земји на Балкан-Медитеран регионот. Проектот ќе им обезбеди во вид на препораки на националните и регионалните власти, соодветни мерки за намалување на концентрациите на партикуларните честички и азотните оксиди во воздухот.

Со овој порект ќе се добијат резултати со кои ќе имаме претстава каков воздух дишеме во Охрид. Поставени се 11 сензори на повеќе локации и 15 филтри на оџаци кои коиристат огревно дрво, јаглен или пелети“, информира Џамтоски.

Проектот има за цел да им предложи и демонстрира на регионалните и националните креатори на политики иновативни и економични мерки што обезбедуваат подобар квалитет на воздухот во урбаните области.

„ Дневно се добиваат информации, но и не се обработуваат дневно.Првите резултати ќе се објават до крај на оваа година или на поечоткот од идната. Податоците ќе се обрабтуваат во Софија, но нема да се објавуваат на дневна основа“, напоменува Џамтоски.

Завршување на проектот станичните сензори ќе им бидат доделени на трајно користење на Општина Охрид, а проектот ќе послужи за планирање на потребата од станица во рамки на Државната Автоматска Мониторинг Мрежа за квалитетот на воздухот со која управува Министерството за животна средина и просторно планирање. По завршувањето на проектот, и филтрите ќе бидат доделени на трајно користење на сопствениците кои се вклучени во пилот проектот, а за времетраењето на истиот ќе им биде доделен финансиски надомест за потрошувачката на електрична енергија согласно техничката спецификација за реална потрошувачка на истата.

Наскоро податоците ќе може да се следат преку Интернет страницата на ЕУ Проектот https://airthings-project.com/ и истите напоменуваме се неофицијални и индикативни и ќе служат исклучиво за потребите на проектните активности. Податоците од проектната мрежа во Општина Охрид единствено ќе може да се презентираат од страна на Државниот Инспекторат за животна средина кој е официјален партнер од македонска страна и Општината Охрид и нивно превземање и толкување од други субјекти или физички лица нема да биде дозволено во текот на целото времетраење на ЕУ Проектот до септември 2020 година.
 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top