11 милиони евра е „тежок“ основниот буџет на општина Охрид за 2020 година. Вкупните приходи во буџетот се проектирани на износ од 1.231.170.000,00 денари, додека приходите само на основниот буџет се проектирани на 673.068.143,00 денари. Буџетот е развоен и креиран според потребите на Охриѓани, истакна градоначалникот Константин Георгиески. На денешната седница опозицијата го искористи правото за поднесување амандмани. Предложија 14 амандмани со дополнувања на ставки со кои предлагаа кратење на средства од ставките како што се собраќајна сигнализација, набавка на возило и привремени вработув…
Дечињата од ОУ. Св. Климент Охридски денес го имаа највеселиот госитин во својата училница. Дедо мраз заедно со претсдтавници на ЈП „Билјанини извори“ ги посети учениците со посебни потреби од ова училиште со полна торба новогодишни подароци. Наташа танеска, директорката на училиштето, кажа дека хуманите луѓе од Охрид, не забораваат на оние кои со нетрпение ги очекуваат новогодишните и божиќните поразници.
„Во ОУ „Св. Климент Охридски“ како секоја година, така и оваа претставници од бизнис секторот од нашиов град, како и приватни лица кои сакаат да останат анонимни, донираат за дечињата со…
Предновогодишна забава и подароци беа органзирани за најмладите Охриѓанчиња од ранливата категорија сограѓани. Децата и нивните придружници имаа заеднички ручек со градоначалникот Константин Георгиески, кој им упати желби за среќа во новата година.
„Сите сте значаен сегмент на нашето општество, а ние сме тука да креираме можности за подобар живот и надминување на социјалните разлики помеѓу сите граѓани. Општината тековно организира од програмата за социјална заштита со цел за подобро утро на сите“, кажа во своето обраќање градоначалникот Георгиески.
Најмалите Охриѓанчиња ги израдува при…
Предлог буџетот на општина Охрид и програмите за работа за следната година ќе се најдат пред градските советници на последната седница за закажана за утре четврток, 26-ти декември со почеток во 11 часот во малата општинска сала.
Од мноштвото точки кои ќе се најдат на дневен ред на утрешната седница советниците треба да ја разгледаат и информацијата за изготвениот интегриран катастар на загадувачи на животната средина на Охрид, а ќе треба да се произнесат и по предлог програмите за управување со отпад на општина Охрид и утврдувањето на вредноста на бодот за платите на државните службеници з…
До сега покажав што значи љубовта за Охрид и дека моите намери се искрени и чесни. Јас сум човек што никогаш не се откажува и затоа продолжувам заедно со вас уште посилно, уште похрабро, уште попосветено да работам за интересите и иднината на нашиот град, порача Константин Георгиески, кандидатот за градоначалник од СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“, по првичните резулатати од изборниот ден.
Георгиески им се заблагодари на граѓаните за довербата и поддршката.
Таа е мој мотив и сила да продолжам понатаму во уште една важна битка. Охрид мора да продолжи да оди напред, во …
Откриени остатоците на античкиот град Дебрец. Тоа е град по чија местоположба истражуваа и трагаа македонските историчари и археолози повеќе од половина век. Минатата година Филозофскиот факултет од Скопје спроведе истражување на десет најзначајни археолошки локалитети во Дебрца, а годинава продолжија истражувањата во оваа општина на најзначајниот археолошки локалитет Требенишкото Кале. Денес се одржа промоција на резултатите и сознанијата од Проектот „Требенишко Кале, село Требеништа, истражување 2019“.
Сето ова што го правиме е во рамките на нашата заложба Дебрца да ја промовираме во едн…
Вертикалната сообраќајна сигнализација на крстосницатата кај ОУ Христо Узунов подолго време е неисправна. Тоа ги загрижува родителите и жителите од тој дел на населбата пред се заради безбедноста на основците и пешаците. Станува збор за сериозен дефект врз оштетена инсталација, информираат од Општина Охрид.
„Во моментов не функционираат семафорите. Но, еве апел до учесниците во сообраќајот да бидат повнимателни на тој потег. За наредната година се предвидува да проработат.Станува збор за голем зафат, потребно е дсе да сече асфалтот за да се среди инсталацијата “, напоменува Томе Џамтоски…
Работите доцнат околу отворањето на новиот дел во болницата Св. Еразмо поради потребата која дополнително се јавила за изградба на уште една операциона сала.
Министерот за здравство Венко Филипче вели дека на почетокот на наредна ва година одделот ќе профункционира.
„При крај се градежните работи на новата зграда на болницата Св. Еразмо. Иако беше најавувано дека новиот дел ќе биде веќе ставен во употреба, работите се пролонгираа поради технички проблеми и дополнување на првичниот план за градба, објаснува министерот за здравство, Венко Филипче.
„Во завшна фаза е. Реконструкцијата треба …