Дек 30, 2019

СТАРТУВАА ПОДАТОЦИТЕ ЗА СЛЕДЕЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА АМБИЕНТАЛНИОТ ВОЗДУХ ВО ОХРИД

На 27-ми декември 2019 година стратуваа податоците од ЕУ ПРОЕКТОТ AIRTHINGS за следење на квалитетот на амбиентниот воздух во Охрид. Поставени се 11 станични сензори, а три станични сензори комуникациски ќе се релогираат по нова година (на локациите во ОУ „Св.Климент Охридски“, Спортска сала„ Атина Бојаџи“ и ОУ „Христо Узунов“). Во Охрид се следат 5 еколошки параметри и три метеоролошки параметри. На платформата веќе се пуштени и 22 станични сензори во Софија, а до март 2020 година ќе бидат пуштени и станичните сензори во Солун, Никозија и Тирана. Податоците служат за потреби на проектнит…

Дек 30, 2019

ИЗГРАДБА НА АТМОСФЕРСКА КАНАЛИЗАЦИЈА НА „15-ТИ КОРПУС“

Започна изградбата на атмосферска канализација на улица „15-ти Корпус“ на потегот од Здружение на возачи до влезот на село Лескоец. За градежните активности од кружниот тек кај Здружение на возачи до мостот кај некогашната фабрика „Езерка“ се ангажирани екипи на ЈП „Нискоградба“, а за останатиот дел од улицата ќе биде распишан тендер по новогодишните празници . Наредниов период , Општина Охрид и ЈП „Државни патишта“ ќе започнат со целосна реконструкција на улицата. Локалната самоуправа покрај изградбата на атмосферска канализација ќе биде задолжена и за изградба и уредување на пешачките и…

Дек 30, 2019

ИЗВЕДУВАЊЕ НА ОДВОДНИ КАНАЛИ ВО СЕЛО КУРАТИЦА

Екипи на ЈП „Градски Гробишта“ деновиве спроведоа акција на ископување и уредување на канали за одведување отпадни води во село Куратица. Наредниов период овој проект ќе се реализира и на неколку други локации на територијата на Општина Охрид со цел да се избегне проблемот на поткопување на патиштата што го предизвикуваат отпадните води. Проектот е поддржан и финансиран од Општина Охрид.

Дек 30, 2019

Скуба дедо мразовци го чистеа дното на Охридско Езеро

Викендов во Охрид нуркачите од клубот „Акватек“ спроведоа подводна еколошки активности на делови од дното на Охридското езеро. Членовите на нуркачкиот клуб облечени како дедомразовци од езерото извадија гуми од автомобили и камиони, лименки од пијалоци и пластични шишиња, кои ги лоцираа при нивните предходни рутински нуркања. „Целта на оваа еко-акција е да ги заокружиме нашите подводни активности за годинава што изминува. Дополнително, сакаме да упатиме порака до сите наши сограѓани за подигнување на еколошката свест бидејќи заслужуваме чисто езеро, не само за нас, туку и за идните генерац…

Дек 27, 2019

Растат приходите од туризмот во државната каса

Македонските хотелиери задоволни од остварениот приход во туризмот во оваа година. Во нагорна линија оди приходот во државната каса од ова економска гранка. Во тоа голем удел има нашиот регион, вели Крсте Блажески, директор на хотел Дрим и претседател на ХОТАМ. „Очекуваме 2019 туризмот во Македонија да надмине 300 милиони евра. Од кои голем дел учество имаат туристичките објекти на охридско-струшкото крајбрежје. Следната година очекуваме според најавите да е уште подобра од 5 до 10 проценти“, вели Блажески од Хотам. Најчести посетители на нашето крајбрежје се гостите од соседството, нагла…

Дек 27, 2019

ОО ЦК започна повторно да прима донации од облека и обувки

Хуманите граѓани може повторно да ги доставуваат донациите во просториите на ОО ЦК. По неколкумесечниот прекин заради реновирање на магацинскиот простор е овозможено повторно прифаќање на донациите од хуманите сограѓани, вели Сашо Точков, претсeдател на  од ОО ЦК. „Облеката да е користлива, да не е скината. Граѓаните да не носат отпад од дома секојдневно се среќаваме со такви злоупотреби. Апел до граѓаните да носат облека која е испрана, не мора да е пеглана, но да е употреблива за крајните корисници“, повикува Точков. Луѓето од ранливите групи имаат потреба од помош заедницата и хуманите…

Фев 17, 2022

Над 90 % искористеност на оперативниот план за самовработување во земјава

Анализите за реализација на оперативниот план за самовработување во земјава покажуваат висока искористеност. Македонските граѓани од една и пол милјарда денари за оваа намена искористиле 94,6 проценти, информира Беким Мурати, директорот на Агенција за вработување. Најголема заинтересираност кај невработените лица имало за мерката самовработување. 1800 лица успеале да отворат нови фирми, да опстојат и да се развиваат. Директорот Мурати, напомена дека и во Охрид има добра искористеност на опертаивниот план за самовработување. Охриѓани истотака, покажале голем интерес за мерката самовработувањ…

Дек 27, 2019

Оглас на ЈП „ГРАДСКИ ПАЗАР-Охрид“ за продажно место-тезги

ЈП ГРАДСКИ ПАЗАР-Охрид издава под закуп продажно место-тезга за продажба на земјоделски производи, продажно место-тезга за продажба на јајца, продажно место-тезга за продажба на млеко и млечни производи и плац пред дуќан во Новиот Затворен пазар. Сите лица кои се заинтересирани и сакаат да изнајмат продажно место под закуп треба да достават потребни документи:Физичките лица треба да достава потврда од Министерство за земјоделство за регистрирани земјоделци или потврда од УЈП за регистрирани занаетчи и исто така Барањата кои ќе ги доставуваат да бидат заверени со личен потпис, со прецизиран…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top