Со одлука на градоначалникот Кирил Пецаков за ВД директор на ООУ „ Климент Охридски“ е именуван Јордан Пуроски кој доаѓа на местото на Наташа Танеска.
Пуроски е магистер по информатички технологии и професор по предметот информатика.
Новоименуваниот директор упати благодарност до градоначалникот Пецаков за дадената доверба. Пуроски беше директор на гореспоменатата образовна институција во периодот од 2013 до 2017 година.
Голем број планински села во охридско струшкиот регион и понатаму без електрична енерија по снегот и дождот кои наврнаа викендов и предизвикаа проблеми со напојувањето во југозападниот регион. Најдолго без струја останаа селата во Горна Дебрца, Годивје, Лактиње, Арбиново, Мраморец, Турје и Сливово, информираат од Центарот за управување со кризи.
Од Евн Македонија информираат дека екипите на Електродистрибуција без прекин работат во многу лоши временски услови и непристапен терен. Во моментот работат на санација на дефект на 10 кВ далекoвод и очекуваат да се нормализира снабдувањето со елек…
Со одлука на градоначалникот, Кирил Пецаков, за ВД директор на ЈП „Водовод“ Охрид е поставен Марјан Ристески.
Ристески е дипломиран менаџер по царина и шпедиција. Има долгогодишно менаџерско искуство најпрво во приватниот, а подоцна и во јавниот сектор. Како директор на Државниот студентски дом „Никола Карев“ успеал од институција којашто била во згаснување да создаде стабилна и успешна установа.
Охридските советници имаа можност да бидат дел од обуката за транспарентност и отчетност која се одржа во Скопје.
Заедно со членовите на Советот на Општина Охрид, Секретарот на Општината и претставници од општинската адиминистрација присуствуваме на Обука за обезбедување кохезија-градење соработка, транспарентност и отчетност во општинското управување во организација на National Democratic Institute & OSCE Mission to Skopje. Цврсто сме одлучни за поттикнување политички дијалог, инклузивно креирање политики и инклузивен процес на носење на одлуки-улоги и одговорности, соработка и конс…
Националната установа Библиотека „Григор Прличев“ со промоција на монографијата „Прличеви беседи – хроника на еден културен настан“ (1952 – 2022) од авторите: Милчо Јованоски и Гордана Змејковска се вклучува во традиционалната манифестација „Прличеви беседи“ 2022. Со промоцијата на монографијата НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе ја одбележи 70-годишнината од почетокот на култната манифестација „Прличеви беседи“.
Основа, да почнеме и да продолжиме со истражувањето ни беше првата монографија од авторот Маринела Јовановиќ која го опфаќа периодот од 1952 година заклучно со 1996 година. Нејз…
ВОЛШЕБНА ЕЛКА“ е насловот на уште една хуманитарна акција што Црвен крст Охрид ќе ја намени за децата од социјално загрозените семејства. Во соработка со KAM Village, во просторот на овој Центар волонтерите на Црвен крст Охрид ќе накитат голема Новогодишна ВОЛШЕБНА елка, на која покрај обичните украси и лампиони, ќе бидат поставени и волшебни лампиони во кои ќе се напишани скромните новогодишни желби на децата од социјално загрозените семејства.
Секој наш хуман сограѓанин, фирма, институција ќе има можност да избере еден или повеќе волшебни лампиони од Новогодишната елка и да ја исполн…
ЈП „Охридски Комуналец“ уште еднаш покажа дека се грижи за своите вработени.
Надлежните на Јавното претпријатие обезбедија топли оброци за сите 92 лица кои беа вклучени синоќа во расчистувањето на снегот од охридските улици и околината на Охрид. Беше поделен и топол чај кој беше обезбеден од кафе барот „Инстинкт“.
Со петнаесет точки на дневниот ред, од кои дванесет беа посветени на разрешување на старите и избор на нови членовите во Управните и надзорните одбори на јавните претпријатија, денес се одржа петтата седница на Советот на Општина Охрид.
Со мала дискусија, мнозинството сооветници ги донесе одлуките за избор на нови членови во управните и надзорните тела.
Другите четири точки од дневниот ред кои се однесуваа за определување на надоместок за членовите на Општинската изборна комисија и избирачките одбори и усвојување на елаборати за проценка на штети од временски непогоди, советниците едног…