Секој глас за мене претставува огромна доверба и е моја основна сила и поттик за уште една голема демократска борба, која ни следува на 31-ви октомври, изјави денеска кандидатот за градоначалник Константин Георгиески изразувајќи благодарност до граѓаните кои му дале поддршка во првиот круг. Кажа дека вториот круг на локалните избори го гледа како нов почеток и втора шанса.
Овие два дена преку анализа и реални показатели ги воочив пропустите и ги согледав причините за послабиот резултат во одредени урбани и рурални средини. Пораката од граѓаните е јасна и затоа веќе започнавме интензивна …
На 9 годишната Сандра Ническа од Коњско, охридско дијагностициран и е Миелодиспластичен синдром (MSD), група на малигни заболувања, кои го спречуваат созревањето на клетките на коскената срж, односно не дозволуваат овие клетки да се развијат во здрави. Сандра се наоѓа во педијатрискиот центар на „Yeditepe University Hospital“ во Истанбул, Турција, каде чека трансплантација на матични клетки.На 26ти април 2019 година врз Сандра беше извршен зафат на трансплантација на коскена срцевина од донатор кој не е во крвно сродство, бидејќи тоа е единствениот лек за Миелодиспластичен синдром кај деца….
Во овој зимски период охриѓани, но и граѓани од цела Македонија заминуваат на зимски одмор во познатите ски центри. Најмногу се барани аранжманите за зимување на дестинации во Бугарија и Србија, информира Јаким Маленко од ТА Вис пој.
„Тоа се центрите во соседна Бугарија, Боровец и Банско. Од оваа година и Пампорово почна да станува интересна дестинација. Доста граѓани се одлучуваат да се одмараат и таму како помирно место и нешто ново. Во тој поглед , предност имаат соседните држави, покрај Бугарија тука е и Копаоник. Но, се патува и во останатите Европски држави Австрија, Швајцарија, Итал…
Новата услуга на ЈП НИСКОГРАДБА на корисниците им овозможува онлајн плаќање на сметките за одведување на отпадни води, со која било кредитна или дебитна картичка без провизија.Со оваа услуга брзо, лесно и сигурно ќе може да се платат заостанатите или тековните фактури, како и други долгови, без никаква провизија. Корисниците кои имаат повеќе водомери, може да ги групираат во сопствениот профил и ќе имаат преглед на сите трошоци на едно место. Услугата е наменета за физички лица.За креирање на кориснички профил на веб-страницата www.eniskogradbaohrid.mk потребно е да се внесе корисничкиот б…
Фатен крадецот што на Водици оперираше во центарот на Охрид. Се работи за 45 годишен охриѓанец со дебело полициско досие. Тој ноќта на големиот празник Богојавление спроти Денот на рибарите изврши шест тешки кражби во ресторани, кафулиња, маркети и бутици околу градскиот плоштад и охридската чаршија.Со обивање на врати и кршење на прозори од сите деловни објекти украл пари, а негде неможејки да ја отклучи ја однел и целата метална каса.
„Нашите активности вродија со плод, имено за многу кратко време го пронајдовме сторителот на овие казнени дела и денеска против него поднесовме кривична…
Стојмир Барач е еден од припадниците на српската заедница во Охрид и член на друштвото Коштана. Барач раскажува дека во Охрид е преку 5 децении, тука завршил училиште, се вработил, се оженил, создал семејство. Денес, празникот Св. Сава го одбележаа заедно со своите роднини, соседи пријатели со богата трпеза и музика. Раскажаува како Србите живеат во Охрид.
„Српската заедница живее како сите граѓани во Охрид, ни добро ни лошо. Се снаоѓаме во ситуацијата такава како што е. Секој настојува да живее подобро и да му биде подобро. Тоа е исконски во човекот да се бори за подобро. Се надеваме де…
лимент Охридски“ се подобруваат условите за за реализирање и следење настава. Со преадаптација на постоечкиот простор се направија две нови училници, а тоа се јави како потреба поради зголемениот број на ученици во ова училиште. Во оваа учебна година се запишаа 70 првачиња кои се распоредени во три паралелки во централното училиште и една во истурената паралелка во Даљан, а децении наназад ова училиште имаше намален број ученици па најчесто беа сместени во една паралелка.
Сега тука ќе бидат сместени учениците од петто одделание бидејќи тие се веќе поголеми па училниците на долниот кат кои …
Интензивно се работи на прочистување на колекторскиот систем после 30 години од неговото ставање во функција за заштита на Охридското езеро. Екипите од Еко тим,Скопје, подизведувачи на хрватската фирма Индеко, која го доби тендерот за изведување на работите, кажуваат дека користат најсофистицирана компјутерска технологија во работата која се изведува без ископи. Започнале со чистење на пумпните станици од талог на суво, се мнуваат лежишпта и редуктори, вели Игор Атанасовски, машински инжинер од оваа фирма.Тој при тоа кажува кои се најчестите причини за затнување на најкритичните точки на ко…