Георгиески : Да не дозволиме да сопре започнатиот развој на градот

Константин Георгиески, Кандидатот за градоначалник од СДСМ и Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“, денеска се заблагодари на граѓаните за дадената доверба во првиот круг и кажа дека таа му дава сила и поттика за вториот круг. Посочи дека ги согледал причините за послабиот резултат во одредени урбани и рурални средини во првиот круг и вети дека ќе го вложи целиот свој професионален и личен капацитет Охрид да остане на вистинскиот пат кон подобра иднина.

 |   | 

Секој глас за мене претставува огромна доверба и е моја основна сила и поттик за уште една голема демократска борба, која ни следува на 31-ви октомври, изјави денеска кандидатот за градоначалник Константин Георгиески изразувајќи благодарност до граѓаните кои му дале поддршка во првиот круг. Кажа дека вториот круг на локалните избори го гледа како нов почеток и втора шанса.

Овие два дена преку анализа и реални показатели ги воочив пропустите и ги согледав причините за послабиот резултат во одредени урбани и рурални средини. Пораката од граѓаните е јасна и затоа веќе започнавме интензивна теренска кампања за да стигнеме до секој дом и до секој жител. Потребно е да ги слушнеме сите проблеми, предлози и потреби, затоа што досега покажавме дека сме посветени на сите подеднакво, преку чесна и одговорна работа – истакна Георгиески.

За само 2,5 години успеав да реализирам многу важни проекти и да донесам многу важни одлуки за Охрид. Затоа цврсто ви ветувам дека продолжуваме напред со нови проекти кои се очекувани и потребни.

Во животот се имам соочено со многу потешки ситуации и многу поголеми битки од оваа сега, но јас сум човек што никогаш не се откажува. Ќе го вложам целиот свој професионален и личен капацитет Охрид да остане на вистинскиот пат. Но ми треба вашата поддршка мои охриѓани, ми треба вашата цврста определба за подобра иднина. Мораме да застанеме заедно на браникот на вистинските вредности и да не им дозволиме да го сопрат започнатиот развој на градот и да ги ставиме во ризик сите резултати кои ги постигнавме – додаде Георгиески.

Охрид не заслужува да се врати во рацете на Мицкоски и Груевски, кои немаат кредибилитет и на кои им е важен само интересот на партијата. Охрид мора да продолжи да оди НАПРЕД, со најдобра визија и кадровски потенцијал. Охрид го заслужува најдоброто. – порача Кандидатот за градоначалник од СДСМ и коалицијата, Константин Георгиески.

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top