НУ Библиотека „Григор Прличев“ 127 годишнината од смртта на Патронот – поетот и преродбеник Прличев ќе ја одбележи на 6 февруари во 13 часот. Годинава се одбележуваат два јубилеи сврзани со Прличев: 190 години од неговото раѓање и 160 години од издавањето на ненадминатата поема „Сердарот“.
За животот и делото на Прличев – Вториот Хомер со свои лични навраќања кон истражувањата на неговото творештво, нераскинливо врзано за Охрид ќе беседи проф. д-р Вера Стојчевска – Антиќ.
Потоа ќе биде промовиран Каталогот на стари и ретки книги – издание на библиотеката. Промотор ќе биде Богоми…
Снимањето и санирањето на колекторскиот систем е во тек, а со овој Елаборат не е опфатена санацијата на пречистителната станица во Враништа. Тоа го открива директорот на новото државно ЈП Колектор.
„За ова пречистителна станица има готов проект изработен од нашите инситуции вво осработка со Европските фондови и согласно рзговорот со МЖС и со Владата е во план во 2021 година целосно реконструкција на пречистетелната станица“, укажува Владимир Алексијоски, директорот на Државното ЈП колекторски систем.
Заради географската конфигурација две посебни пречистителни станици ќе се градат во Трпеј…
Дебарско – кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 31. Јануари 2020 година (петок), во метохот на манастирот Св. Наум Охридски – „Св. Атанасиј Велики“ – Љубаништа, со почеток во 09:00 часот, ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот „Св. Атанасиј Велики“, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј.
Дебарско – кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.
Претседателката на Советот на Општина Охрид, Живка Ангелоска и Секретарот на Општина Охрид, Игор Бежоски беа дел од свечената промоција на тв-магазинот „По патот на свилата: пријателство“.
Промоцијата се одржа вчера во Скопје во организација на Амбасадата на Народна Република Кина во Република Северна Македонија.
Дел од тв-магазинот кој ќе се емитува на националниот јавен сервис „МРТ“ се очекува да биде посветен на пријателските односи и протоколот за соработка помеѓу Општина Охрид и кинескиот град Далиан.
Овој проект се реализира во рамки на активностите за продлабочување на соработката…
Социјално најзагрозените охридски семејства добија хуманитарни пакети. Општинската организација на Црвен крст додели 30-тина пакети со прехранбени производи и средства за хигиена во рамките на одбележување на „Неделата на борба против гладот“ која започна од 16-ти и ќе трае до 22-ри октомври. Хуманитарните пакети содржат продукти според стандардите на Меѓународната организација на Црвен крст потребни за еден месец за четиричлено семејство, информира Сашо Точков, претседателот на охридската организација на Црвен Крст. Хуманитарната организација преку целата година ги помага семејствата во со…
Мониторинг мисија на УНЕСКО денеска на терен во охридско струшкиот регион прави увид на спроведувањето на препораките. Тие треба да го утврдат напредокот кој го направиле централната и локалните власти во спроведувањето на обврските што Комитетот за светско наследство во Баку им ги зададе со цел Охридскиот регион да не се најде на листата на загрозени подрачја. Претставниците на УНЕСКО изразија задоволство од прогресот што е направен досега, кажа Министерот без ресор и претседател на националната комисија за УНЕСКО, Едмонд Адеми. Тој притоа посочи дел од активностите кои беа преземени или…
И оваа сезона изостана зимското одржување на патот кој води низ НП Галичица до Преспа. Атрактивниот локалитет Корита на Галичица, кој е на 9 км од главниот пат, и оваа зима остана празен без посетители. Регионалниот пат од трета категорија е запоставен и нема зимско одржување за кое е задолжено ЈП Државни патишта. Со години останува забрана за одвивање на сообраќај во зимски услови, а патниот правец е мошне значаен за националиот парк, вели Андон Бојаџи од НП Галичица.
„Ние побаравме од ЈП Државни патишта да се одржува патниот правец , да интервенираат. Главно се два проблеми, да се исчи…
Новата услуга на ЈП НИСКОГРАДБА ОХРИД -Охрид на корисниците им овозможува онлајн плаќање на сметките за одведување на отпадни води, со која било кредитна или дебитна картичка без провизија.
Со оваа услуга брзо, лесно и сигурно ќе може да се платат заостанатите или тековните фактури, како и други долгови, без никаква провизија. Корисниците кои имаат повеќе водомери, може да ги групираат во сопствениот профил и ќе имаат преглед на сите трошоци на едно место. Услугата е наменета за физички лица.
За креирање на кориснички профил на веб-страницата www.eniskogradbaohrid.mk потребно е да се внес…