Адеми: Претставниците на УНЕСКО изразија задоволство од напредокот

Дел од препораките се исполнети  а на оние за кои е потребно подолго време за инплементација се работи. Разликата е што сега и ние и УНЕСКО сме на иста страна, кажа министерот Едмонд Адеми. Тој како  претседател на националната комисија за УНЕСКО синоќа во Охрид оствари средба со мониторинг мисијата на оваа светска организација. На средбата бил констатиран напредокот во одредени сегменти од исполнувањето на препораките и она што треба македонските власти да го сработат во идниот период со цел Охридскиот регион да не се најде на листата загрозени подрачја.  

 |   | 

Мониторинг мисија на УНЕСКО денеска на терен во охридско струшкиот регион прави увид на  спроведувањето на препораките. Тие треба да го утврдат напредокот кој го направиле централната и локалните власти во спроведувањето на обврските што Комитетот за светско наследство во Баку им  ги зададе со цел Охридскиот регион да не се најде на листата на загрозени подрачја. Претставниците на УНЕСКО изразија задоволство од прогресот што е направен досега, кажа Министерот без ресор и претседател на националната комисија за УНЕСКО, Едмонд Адеми.
Тој притоа посочи дел од активностите кои беа преземени или се отпочнати како напуштањето на плановите за изградба на ски центар и експресен пат на Галичица, формирањето на македонско албански комитетот за управување со Охридското Езеро,  санацијата на колекторот која  треба да заврши до мај, донесувањето на Планот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион.

„Сега сме во процес на имплементација на сето она што бара повеќе време како што е враќањето на р. Сатеска во старото корито во соработка со УНДП, процесите околу железницата и патот А2 за кој знаете дека во ноември беа екпсерти на УНЕСКО кои заедно со инженери на ЈП за државни патишта работеа на трасата. Исто така се договоривме да повикаме експерти од УНЕСКО и во делот на железницата. “ – изјави Адеми.

Адеми информира дека, на вчерашната средба, претставниците на УНЕСКО,  изразиле задоволство во делот на комуникацијата која македонските власти  ја остваруваат со УНЕСКО во Париз што не било случај во изминативе 12 години.

„Тие се свесни дека нешто што 30 години се правело како што се правело не може да се промени преку ноќ. Но она што за нив претставува задоволство е дека оваа Влада има план, акција и активности по однос на инплементација на нивните препораки. Она што се очекува од институциите и од локалната и од централната власт  но и од другите актери во овој процес е да продолжат во реализација на своите обврски во тој дел.“

За  двоградбите, за кои постои најголем интерес во јавноста,  Адеми кажа дека се најчувствителниот сегмент затоа што постојат закони, судови, управни постапки кои се започнати и правна држава треба да ги почитува таквите процедури пред да се пристапи кон уривање.

„Тие се исто така свесни дека околу дивоградбите прво мора експертската и стручната  јавност да направи отценка на влијание врз животната средина и врз основа на тоа понатаму да се пристапи кон рушење на тие што практично е утврдена таква отценка.
Во делот на надлежностите факт е дека општините ги имаат. Ние на седница на Влада донесовме заклучок со кој што побаравме од Државниот инспекторат за градежништво да направи проценка односно обиколка и да види до каде се работите и да може државата после да постапи согласно законите.„ – кажа министерот.

Во однос на забелешките од граѓанските организации дека активностите повеќе се шминка отколку реално исполнување на препораките, Адеми информира дека експертите од УНЕСКО имале пофални зборови за соработката на Владата со невладниниот сектор.

„Јас не мислам дека се прави шминка.  Имаме информација од експертите на средбата со нив , самите тие ја пофалиле владата дека ги прифатила голем дел од нивните препораки и коментари кои ги дале за планот. И тоа тие го поздравија како начин на соработка помеѓу власта и невладиниот сектор. “

Во однос на мораториумот за градење и барањето на бизнис секторот истиот да се укине затоа што сносат финансиски последици, Адеми потенцира дека тоа е одлука на општините но додаде дека негов личен став е мораториумот да остане на сила се додека не биде усогласен Планот за Охридскиот регион со законската легислатива.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top