Фев 3, 2022

Свет без мочуришта е свет без вода

По повод „Светски ден на влажните живеалишта“ учениците од VIII-2 одделение, членови во Вики клубот од Охрид, при ООУ „Кочо Рацин“- Охрид и нивниот одделенски раководител Наташа Неданоска која воедно е и едукатор за образование на ГЛАМ Македонија, одржаа работилница посветена на водните живеалишта. Работилницата под наслов „Свет без мочуришта е свет без вода“ беше доста креативна, па покрај осознавањето зошто се значајни овој тип на живеалишта, на истата тема учениците напишаа и неколку статии на Википедија на македонски јазик. Статиите кои произлегоа од овие вредни ученици се поставени на…

Дек 13, 2021

Охридските советници именуваа нови членови на управните и надзорните одбори во ЈП

Точките на дневен ред на петтата седница на Совет, посветени на разрешување на старите и избор на нови членовите во Управните и надзорните одбори на јавните претпријатија разгореа дискусија со партиски препукувања. Независниот советник Антонио Наумоски, на самиот почеток на седницата изрази незадоволство од предложените кандидати за членови на Управните и надзорните одбори и побара имињата да бидат објавени за да има увид јавноста по кои критериуми се именуваат и дали имаат искуство во областа.  Евидентно е партиско силување врз јавните општински претпријатија. Нестручноста и партиските …

Фев 3, 2022

Охридски туристички работници дел од саемот на туризам во Истанбул

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот деновиве одржа презентација пред тур-операторите кои ќе бидат ко-егзибитори на саемот во Истанбул, Турција од 9-12.02. 2022 година. АППТ ги информираше ко-егзибиторите за турскиот туристички пазар и последните движења, како и очекувањата од овој пазар, но и за значењето на турските туристи за туризмот. Оваа година АППТ ќе го претстави туриситчкиот потенцијал во Истанбул заедно со 5 учесници (BademTour “Balkan Incoming”, Фибула травел, Генерал Турист, Dmcbalkans и RadikaMountainResort) на 40м2 штанд на кои во фокусот ќе се традицијата и гастрон…

Дек 13, 2021

СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ПЕЦАКОВ СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА ГИЗ

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков денеска оствари работна средба со Марк Барет и Јован Гавриловски од Германската организација за меѓународен развој (ГИЗ). На состанокот се разгледуваа можностите за меѓусебна соработка и реализација на проекти. Средбата се оствари во контекст на новиот проект “OHRID GО”, кој го имплементира општина Охрид, а е финансиран од програмата “EU for municipalities”. Една од активностите на проектот е формирање на Старт ап центар. Се разговараше за можноста за соработка при функионирањето на овој центар, како и можностите за негово проширување во Акцелерат…

Фев 2, 2022

Одбележан Светскиот ден на водните живеалишта

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков беше дел од настанот „Кон подобро управување со Охридското Езеро, Студенчишко Блато и Белчишко Блато“ што денес се одржа преку Zoom платформа, а по повод одбележување на 2 февруари – Светскиот ден на водните живеалишта. Во своето поздравно обраќање градоначалникот Пецаков истакна: Дозволете да го изразам моето задоволство и благодарност за поканата за учество на одбележувањето на Светскиот ден на водните живеалишта. Општина Охрид и општина Дебрца се вистинскиот избор за одбележување на овој значаен ден од екологијата, со оглед на тоа дека го спо…

Дек 13, 2021

ПОКАНА ЗА ЈАВНА ДЕБАТА ЗА ДЕФИНИРАЊЕ ПРИОРИТЕТИ ПРЕД ОБЈАВУВАЊЕ ЈАВЕН ПОВИК ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ

Општина Охрид е дел од проектот „Регионална програма за локална демократија на Западниот Балкан“ (ReLOaD2). Учеството во проектот е потврдено со потпишување на Меморандум за разбирање со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Распределбата на јавните финансии претставува сериозна задача за секоја јавна администрација или управен орган. Соодветната распределба на јавните финансии ги потврдува добрите намери на институциите за одговорно управување со јавното трошење. Целта на оваа активност е правилна распределба на буџетски средства, особено средства од општинските буџети, со…

Фев 2, 2022

Обуки на наставници од Охрид и Дебрца за работа со ученици со лесна попреченост

Обуки на наставници за работа со ученици со лесна попреченост за целосна инклузија на тие деца и полесно совладување на наставниот материјал се спроведуваат деновиве во Охрид и Дебрца. Обуките ги реализира НО Ресурсен центар од Скопје во рамки на проектот „Include me in“ од Еразмус + програмата. Носител на проектот е ОУ„ Дебрца“, а партнери се училишта од Кападокија Турција и Романија. Фокусот на активностите е врз децата со лесна попреченост во развојот и деца од социјално ранливи семејства да се овозможи нивна максимална вклученост во училишната средина, вели  Далиборка Сајческа Симоноска…

Дек 13, 2021

ОХРИДСКИ МУЗИЧКИ ГРУПИ И ПЕЈАЧИ ЗА ДОЧЕКОТ НА НОВАТА ГОДИНА ВО ОХРИД

Охриѓани и гостите кои новогодишната ноќ ќе ја поминат на плоштадот „Свети Климент Охридски“ ќе може да уживаат во музичките изведби на „Ле-трик“, „Бекдор-Бенд“, „Камелеон“, „Урбан планет“, Ѓоко Танески и Татијана Стефаноска. Специјален музички гостин на вечерта ќе биде Верица Ристеска, а свој перформанс ќе имаат диџеите „Фејс“ и „Гец“ заедно со Јана Слеј. Според планираното, музичка забава на градскиот плоштад ќе биде организирана и на 1-ви јануари, во периодот од 13 до 15 часот, кога ќе настапат познати музички имиња од Охрид со репертоар од охридски композиции. На сцената на градскио…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top