Започнаа подготвителните активности за изградба на новата трибина на Градскиот стадион “Билјанини извори”. Тие ќе траат петнаесеттина дена после што следува самата изградба на трибината. Таа ќе биде изградена по највисоки светски стандарди со капацитет од 1450 седишта, ќе има Вип ложа и камермански дел од каде ќе можат да се следат и снимаат фудбалските натпревари. Реализацијата на проектот е во соработка помеѓу Општина Охрид и Фудбалската федерација на Македонија, а изведувач е Енергоинвест ДООЕЛ од Скопје.
Ќе добиеме една модерна трибина со модерни соблекувални и со тоа ќе можиме да биди…
Директорката на Н.У Охридско лето, Наташа Поповиќ, преку писмена реакција до медиумите во целост ги отфрла обвинувањата изнесени на денешната прес конференција на општинската ВМРО ДПМНЕ. Јануарската плата доцни поради чекање на уважувањето на согласноста од Министерството за финансии на Република Северна Македонија за вработувањата за кои обвинувате. Постапката е целосно законска, започната во 2019 година со добиена согласност за истата. Во овој изминат период се чекаше уважување на согласноста за 2020. Од друга страна не се работи за никакви партиски вработувања, тоа се лица кои и претх…
Разни видови отпад се растовараат и се затрупува шумата на ридот Чекоштина. Со тоа продолжува да се загадува природата и животната средина во овој пригардски дел од градот каде што живеат околу 100 тина семејства . До загaдувачите не допираат поставените табли со натписи кои укажуваат на еколошката свест до несовесните кои се ослободуваат од отпадот на крајно несоодветни места како што е шумата, вели екологистот Ванчо Стојаноски.
„Инспекторите многу добро знаат како ефикасно и ефтино да го решат проблемот. Со поставување на мала камера која ќе следи 24 часа. Денес има камери, луѓето постав…
Иако сме месец март вработените во Националната установа „Охридско лето“ сѐ уште не зеле плата за месец јануари. Директорката Наташа Поповиќ да објасни зошто вработените во НУ „Охридско лето“ се доведени во таква ситуација?, рече на денешната прес конференција портпаролот на ОК на ВМРО ДПМНЕ, Перчо Божиновски. „Дали неисплатената плата е поради новите предизборни вработувања токму во јануари оваа година? Зошто Директорката незаконски објавува оглас и покрај негативното мислење дадено за установата за годишниот план за вработувања за 2019 година?“ – рече Божиновски.Божиновски јавно праша дал…
Над 120 охриѓани ја примиле третата доза на вакцина по препорака на Националната комисија за имунизација, информира д-р Соња Мариноска, раководител на Службата за здравствена заштита на деца и младинци. Бустер доза може да примат граѓаните кои пред три месеци се имунизирале со кинеските вакцини, а по шест месеци лицата кои примиле вакцини на Спутник, Фајзер и Астра Зенека. На трета доза со вакцината Фајзер се одлучиле граѓани над 50 години, а меѓу нив има лица од различни професии меѓу кои и вработени во образование и здравство. Оваа бројка на имунизирани лица постојано се менува, вели д-р …
Охридските ракометари, утре започнуваат со натпреварите во вториот дел на сезоната во македонската суперлига. Дерби средбата против Бутел Скопје ќе ја имаат на гостински терен со почеток во 19 часот. Голманаот на РК Охрид, Јагош Брауновиќ вели дека иако и двете екипи имаат обезбедено учество во плеј офот, гладијаторите одат на победа. „Не очекува еден, резултатски не многу важен натпревар против Бутел со оглед дека и ние и тие имаме обезбедно пласман во плеј оф. Но секако дека се работи за една квалитетна екипа со многу искусни играчи и се разбира дека ние ќе направиме се за да ја продол…
Стартуваше имплементацијата на проектот „Македонија без кал“ со кој ќе се санираат локални патишта и улици во должина од 450 километри во 80 општини со 70 милиони евра кредит од Светска банка.
980.000 евра ќе добие општина Охрид за санирање локални патишта и улици во рамки на проектот „Македонија без кал“. Во рамките на овој проект општина Вевчани доби средствата во износ од 541.313 ЕВРА, обезбедени од Меѓународната банка за обнова и развој. Со проектот „Македонија без кал“ ќе се санираат локални патишта и улици во должина од 450 километри во 80 општини со 70 милиони евра кредит од Светска…
Ширењето на Корона вирусот во Европа и ширум светот негативно се одразува врз туризмот. Голем број аранжмани се откажани, а и осмомартовските патувања во најголем дел нема да се реализираат, велат од ХОТАМ. Хотелите се речиси празни, а туристичките агенции останаа без работа.
Намалување и откажување на гости дефинитивно има, бројката не може сега да се каже, тоа ќе се сумира на крајот на сезоната , но се очекува да има 20 до 30 % намалување, вели Крсте Блажески-претседател на ХОТАМ.
ХОТАМ заедно со членовите на управниот одбор имале неколку состаноци со Агенцијата за подршка и промоција н…