Како дел од превентивните мерки за превенција од ширењето на Корона вирусот Ковид 19, од денеска сите детски и отворени спортски игралишта на подрачјето на Општина Охрид ќе бидат времено затворени.Се упатува апел до граѓаните да ја почитуваат оваа мерка.
Изминатово деноноќие,безбедносната состојба во општините Дебар и Центар Жупа, каде е прогласена кризна состојба е стабилна. Не се регистрирани собирања на граѓани на јавни места, нарушувања на јавниот ред и мир, кражби и нема регистрирани сообраќајни незгоди.
Утрово околу 07 часот,во рамки на активностите на полицискитеслужбеници регистрирано е дека еден угостителски објект лоциран на улицата „Братство и eдинство“ во Дебар е отворен и не ја почитувал забраната за работа. Сопственикот е приведен и против него ќе биде поднесена кривична пријава.
Активностите за дотурот на храна, лекови, сре…
Министерството за здравство информира дека се регистрирани 9 нови случаи на коронавирус во земјата. Со ова бројката на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 денеска до 12.00 часот, изнесува 85, случај во Охрид.
Според местото на постојано живеење, случаи на Ковид-19 се регистрирани во 6 градови: Скопје, Дебар, Штип, Кавадарци, Гостивар и Охрид.
Состојбата на хоспитализираните пациенти Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби е непроменета во однос на вчера. Единствената пациентка која е на респираторна машина е во критична фаза, тројца се со форма на потешка пневмонија но во мо…
Министерството за здравство од денеска еднаш дневно ќе прави пресек на новозаболени со коронавирус и ќе ја информира јавноста за тоа. Ваквата одлука е донесена заради растот на бројот на случаи на Ковид 19 во земјава.
„Ќе информираме за состојбата до 12 часот и таа бројка ќе се однесува на претходните 24 часа. Досега ова го правевме два до три пати во денот, но откако имаме локалана трансмисија и почнуваат да се вршат тестирања на повеќе локации, собирањето на точните бројки и статистики бара повеќе време“, се наведува во соопштението од министерството за здравство.
Од таму дополнуваат де…
Согласно актуелната состојба со Корона вирусот Ковид-19 и поради прекинот на воспитно – образовниот процес, Локалната самоуправа даде иницијатива и препорака за изнаоѓање на алтернативни форми за надоместување на изгубениот наставен материјал за учениците од подрачјето на Општина Охрид.
За таа цел сите основни и средни училишта во координација со надлежните за образование при локалната самоуправа, деновиве започнаа да спроведуваат неформална настава по електронски пат за учениците.
Ова значи дека наставниците и професорите ќе споделуваат наставни содржини согласно предвидените образовни п…
Вчеравечер во Домот на култура во Лескоец пред присутните гости и љубителите на пишаниот збор, беше промовиран романот со наслов „Љубовта е ѕвезден сјај“ од авторот Љубица Чифлигароска.
Таа досега се имаше претставено како сликар и пејач на изворните народни песни, но сега со нас споделува нешто што го има запишано во своето ново дело.
Рецезент беше Проф Д-р Менде Солунчевски, а свое обраќање имаше и поетот Биљана Солунчевска. Тие го изнесоа своето мислење за романот од кој беа прочитани и извадоци од страна на водителката Јасна Стојаноска и Биљана Солунчевска.
Во музичкиот дел учест…
Владата на Република Северна Македонија на последната седница ги усвои следниве заклучоци:
1. Се задолжува Комисија за заразни болести при Министерството за здравство, да подготви детален писмен предлог со мерки и препораки за воведување на најстроги рестриктивни мерки во врска со спречување, внесување и ширење на коронавирус COVID-19 (забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија за време на ден и во ноќ, организирање на јавниот превоз, сменско работење, опфатени категории на лица по возраст) и истите да ги достави до Владата, за седницата што ќе се од…
Врз основа на последните анализи, Владата ќе донесе соодветни одлуки, во врска со информацијата на Министерството за надворешни работи за бројот на наши државјани оваа ситуација ги затекна во други држави.
„За да им се обезбеди можност да се вратат во земјата, ќе се подготви посебен план за хуманитарни летови, а нивна законска обврска ќе биде кога ќе се вратат да прифатат дека ќе мора да поминат соодветен број денови во карантински услови за нивна и за безбедност на сите останати граѓани“ објави техничкиот премиер Оливер Спасовски на својот фејсбук профил.