Од СВР Охрид упатуваат апел до граѓаните, строго да ја почитуваат одлука на Владата за забрана на движењето од 16.00 до 05.00 часот секој ден која почнува од денес и целосно за време на викендите. Во изминатото деноноќие охриѓани биле дисциплинирани. Стабилна е и безбедносната состојба и на подрачјето на остантите 6 општини кои ги покрива СВР Охрид. Без проблеми се одвивала и контролата на лица кои се под мерките задолжителен државен карантин, здравствен надзор и домашна изолација и задолжителна 14-дневна самоизолација, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
„Во Струга, евиденти…
На Клиниката за инфективни и фебрилни состојби во Скопје почина едно лице од Куманово на возраст од 73 години.
Во својот стан во Кавадарци е пронајдено починато лице на возраст од 44 години, кај кого постмортем е земен брис и истиот вчера потврдил присуство на вирусот. Во денешната статистика е вметнат и пациентот кој вчера почина на пат кон болницата „8 Септември“.
Од Клиниката за инфективни и фебрилни состојби во Скопје денеска се испишани 5 оздравени пациенти, кои по два негативни контролни бриса, во добра општа состојба заминуваат дома. На оваа Клиника примени се 4 нови пациенти, а во…
Производителите на раноградинарски култури стравуваат дека ќе пропаднат посевите по забраната за ограничено движење донесени со владините мерки. На поголем дел од нив одгледувањето пластеници им е дополнителна дејност и не живеат во село туку во градот и се над 67 години . Тие како локални микропроизводители на земјоделска храна не се регистрирани земјоделци и не можат да ги користат поволностите за да добијат дозволи за движење во услови на време на ограничено движење. Бараат од владата да најде начин и за оваа категорија мали земјоделци да им овозможи движење за да се снајдат во овие непр…
Се известуваат сите корисници на услугите на ЈП Водовод Охрид дека со Одлуки на Советот на Општина Охрид и Советот на Општина Струга на ден 23.12.2019 год престана со работа правниот субјект МЈП ПРОАКВА и од 24.12.2019 год отпочна со работа новото јавно претпријатие ЈП Водовод Охрид
Се замолуваат сите корисници на услугите на ЈП Водовод Охрид да не вршат уплата на досегашните жиро сметки и своите уплати во иднина да ги вршат на новите жиро сметки за ЈП Водовод Охрид. Во прилог се новите жиро сметки:
Стопанска Банка 200003531943622
Шпаркасе банка 250019000515505
Комерцијална Банка 300…
Врз основа на мерките на Владата за спречување на ширењето на COVID – 19 и Одлуката за забрана на движење на граѓаните на целата територија на државата донесена на 36.тата седница на Владата на Република Северна Македонија, јавното претпријатие „Охридски комуналец“ го измени распоредот на подигање на сметот на неколку улици во градот.Вo сабота, на 11 април, ЈП „Охридски Комуналец“ Охрид нема да врши подигање на комунален отпад од домаќинства од следните улици: “Јане Сандански” , ”Даме Груев”, “Прва Македонска Ударна Бригада”, ”Марко Цепенков”, “Андрија Јованоски”, “Момчило Јорданоски” , “Пи…
Од последниот состанок на Кризниот штаб на Општина Охрид за превенција и справување со Корона вирусот Ковид 19, во согласност со мерките и препораките на Владата на Република Северна Македонија за ограничено движење, беа донесени следните заклучоци:
Се упатува известување до сите маркети и економски оператори на територијата на Општина Охрид кои се регистрирани за он-лајн продажба, дека ќе може да вршат достава на намирници за итни и неодложни потреби за време на Полицискиот час во текот на викендот.
Истите задолжително мора да испратат барање до Кризниот штаб на Општина Охрид на следната…
Македонија и остатокот од Европа, со исклучок на Русија, Белорусија и Исланд, ноќта меѓу сабота (30 октомври) и недела (31 октомври) ќе почнат со зимско сметање на времето. Во три часот по полноќ, часовниците се враќаат еден час наназад, односно времето во три ќе се смета како два часот. Специфика за земјава е што промената на времето ќе се случи во предвечерието на вториот круг од локалните избори.Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето.Европскиот парламент …
„Да бевме во можност ќе се соберевме сите 85 вработени, сите 1071 дете и нивните родители и ќе дојдевме на сите поединченo да ви кажеме дека сте хероите кои го чуваат нашето здравје“ стои во соопштението на ООУ „Григор Прличев“ од Охрид.
Во име на сите нас, #ВиБлагодариме за вашата несебична пожртвуваност. Затоа ние сме #cool и #СедимеДома и со тоа ви ја покажуваме нашата почит кон вас – сите медицински лица и персонал кој работи во здравството и кој деноноќно будно се борат на првата линија од фронтот ”
Освен тоа, заедно со Ученичкиот парламент и нивниот претседател Нина Стевоска IX одд …