Воведување на забрана за влез на жители од други општини во Охрид и да се зголеми контролата на жителите од Охрид при влез и излез од градот. Ова е барање од Кризниот штаб на Општина Охрид за превенција и справување со Корона вирусот Ковид 19, упатено до Кризниот штаб на Владата. Охридскиот кризен штаб бара да се разгледа можноста за ваква мерка која сметаат дека е неопходна непосредно пред Велигденските празници, со цел да се намали, односно да се оневозможи посетата на градот за туристички, верски и рекреативни цели.
„Барањето се заснова и на фактот што во Охрид и околните крајбрежни на…
Вообичаено посетеноста на гости за време на Велигденските и првомајските празници во охридско- струшкиот регион беа репер каква ќе биде претстојната летна сезона. Но, моменталната ситуација со коронавирусот во светот повеќе е од јасна дека ќе има негативни последици врз домашниот туристички сектор, вели Цветко Андреески декан на охридскиот Факултет за туризам и угостителство. Туризмот е во потешка ситуација во споредба со угостителството без разлика колку ќе трае оваа ситуација. Колку подолго ќе трае пандемијата толку ќе биде се потешко, напоменува деканот.
„Според истражувањата на Светски…
Во периодот што следува сакаме да придонесеме децата – нашата иднина, да имаат вистински можности за правилен раст и развој. Целта ни е да ги активираме младите, да ги поттикнеме да се дружат и да развиваат здрави навики, се вели во сооштението на Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ од Охрид.
Јасно ни е дека децата мора да имаат простор каде што ќе можат да уживаат во безгрижно детство и затоа се определуваме децата да добијат повеќенаменски и спортски игралишта. Од таа причина, во село Велгошти до спортската сала и во населбата Видобишта на постоечкото спортско игралиште, се планира изг…
Согласно препораките на Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија, Бирото за развој на образованието и Центарот за стручно образование и обука, следејќи го Упатството за оценување на учениците, денеска сите основни и средни училишта на подрачјето на Општина Охрид ќе одржат наставнички совети со цел да ги потврдат оценките на учениците во третото тромесечје од оваа учебна година.
Оценките на учениците ќе бидат формирани врз основа на формативните оценки и согледувања на наставникот во текот на реализација на онлајн наставата и оценките кои учениците ги имале во т…
Од утрово без вода за пиење останаа повеќе домаќинства од населбата Гоце Делчев и улицата АРМ. Од ЈП Водовод Охрид информираат дека во раните утрински часови се случил дефект на водоводната линија па со намален притисок во водоснабдувањето останале петнаесетина домаќинства во истата населба. Нивни екипи работеле на водоводната линија каде што настанал дефектот , зачепување на цевководот. Информираат дека работата ја отежнувале изградени објекти, а со работа ќе продолжат и утре заради тоа што екипите мора да го почитуваат полицискиот час.
„Стручните екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен. Во…
Поради изведување на планирани градежни активности, Општина Охрид упатува известување до сите сопственици на моторни возила и учесници во сообраќајот, да ги отстранат паркираните моторни возила и да не паркираат на булеварот „Туристичка“ на десната коловозна лента, на потегот од крстосницата со улица „Димитар Влахов“, од објектот на Гимназијата до делот покрај ОУ „Григор Прличев“.
Забраната за паркирање на овој потег ќе важи од утре 10.04.2020 година (петок) до завршување на градежните активности.
Стабилна е безбедносната состојба на подрачјето на седум општини кои ги покрива СВР Охрид. Полициските службеници во изминатото деноноќие затекнале две лица кои го прекршиле полицискиот час. Синоќа околу 18 часот, во полициската станица во Струга, пријавено е нарушување на јавниот ред и мир, со карање и оштетување на предмети, извршено на улицата „Елпида Караманди“ во Струга, а друго лице е приведено во Охрид на Булевар Туристичка,информира Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид.
„Во текот на вчерашниот ден околу 17 часот, при извршена контрола на булеварот „Туристичка“ во Охрид, затекнато…
Поради настанат дефект на водоводната мрежа , денес од 09:30 часот ќе има неколку часовно прекинато водоснабдување на следните улици:
„Марко Цепенков“, „Момчило Јорданоски“ , „1ва Македонска Ударна Бригада“ (на делот од Стобекс кон Рамне) , дел од „Сирма Војвода“ и дел од „АРМ“.