Според евиденцијата во матичната книга на родени, венчани и починати се бележи пад кај сите три демографски индикатори, информира Кристина Митевска портпарол на Управата за водење матични книги. Се регистрирале шеесет брачни парови во првите три месеци од годинава. Минатиот месец само 12 парови го кажaле судбоносното да пред матичар и склучиле брачна заедница. Епидемијата со Ковид 19 го преполови бројот на склучени граѓански бракови во Охрид, покажува евиденцијата на матичната книга на венчани. Во јануари и февруари оваа година биле регистрирани 48 брачни заедници , 22 склучени во јануари и…
Денес екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец„ реализираа вонредни активности за подигнување на расфрланиот отпад на патниот правец од бензиската пумпа „Билјанини Извори„ до с.Велестово. За жал тешко се надминуваат навиките на несовесни поединци кои се ослободуваат од пластични шишиња, картонска амбалажа, најлонски кеси додека се рекреираат, шетаат, а не ретко ги фрлаат и од автомобилите. Некои дури и од покуќнината се ослободуваат во овој дел од националниот парк „Галичица„.
Се расчистуваше и каналот кој води од спортскиот центар „Билјанини Извори„ , покрај административната зграда на Ј.П,„Вод…
Почна да се урива оштетената клучка Подмоље на патниот правец Охрид – Струга. Станува збор за местото каде што завршува Магистралниот пат А2 и започнува магистралниот патен правец А3. Градежните зафати почнаа да се изведуваат утрово и треба да завршат за три дена. ГК Викторија инвест ќе работи на градежните работи кои се во склоп на изградбата на автопатот Кичево – Охрид. На овој патен правец во моментов не се одвива сообраќај. Движењето на возилата е пренасочено и не се користи делницата која е заобиколница за излез од градот кон патниот правец за Битола. Сообраќајот ќе се пренасо…
Строго се забранува шетање, возење велосипеди и моторцикли, четвороколки како и движење на излетничките места на територија на НП Галичица за сите граѓани како мерка за спречување на корона вирусот. Забраната е согласно заклучоците од четиринаесеттата седница на Владата, оддржана вчера со цел да се спречи внесување и ширење на COVID-19, соопштува Васко Паскали директор на НП Галичица.
„Се забранува движење и групирање на излетничките места, местата за рекреација во Националниот парк како и во шумите во границите на истиот. Се забранува движењето и во викенд населбите во периодот на забрана…
Пандемијата со корона вирусот негативно се рефлектира и врз финансиското работење и прометот на поштенските услуги во охридската поддружница на Македонски пошти. Охридската пошта работи редуцирано заради заштита на своите вработени, информира директорот на подружницата Раим Бајрами.
„Уплатата и исплатата ние опадната за околу 20 посто. Исто така и поштенските услуги, пратки и писма и тие се намалени за околу 20 посто “, информира Бајрами.
Поштенските пратки функционираат нормално во рамките на државата додека со странство во моментов се одвиваат само со неколку земји. Граѓаните испраќаат …
Деновиве започнаа работни активности за реконструкција на тротоарот и велосипедските патеки на булеварот „Туристичка“ во потегот од крстосницата со улица „Јане Сандански“ до крстосницата со улица „Даме Груев“.
Освен асфалтирање, поплочување и поставување на нови рабници, планирана е замена на стариот дрворед со нови соодветни садници. На местото на старите стебла ќе бидат засадени нови дрвја од видот Лириодендрон тулипифера.
Модерната технологија која се воведува во основното образование од прво до четврто одделение полека ги заменува зелената табла, кредата и сунѓерот, со смарт табли. Во рубриката Ти Си Твојот Град, родителите кои ги пополнија анкетните прашалници за состојбите во образованието имаат забелешки за опременоста на училиштата со нагледни средства, пред се со интерактивни табли. Во време на дигитализација смарт таблите се од големо значење за интерактивност помеѓу наставниците и учениците во совладување на наставата и проверка на знаењата, децидни се наставниците.
Охридските основни училишта ги ч…
Во пресрет на велигденските празници ЈП „Охридски Комуналец“ во координација локалната самоуправа и Дебарско-кичевската епархија, спроведе акција за дезинфекција на православните верски објекти на територијата на Општина Охрид.
Со антибактеристико дезинфекционо средство се третираа пристапите, дворните места и внатрешниот простор од црквите:
„Св.Софија“,„Св.Богородица Перивлептос“,„Св. Богородица – Каменско“„Св.Пантелјемон и Св.Климент Охридски“(Плаошник),„Св. Јован Богослов-Канео“,„Св.Никола -Геракомија“,„Св.Никола“(Долна Влашка Маала) и„Св.Ѓорѓија“.