Во општина Дебрца се забележуваат се поголем број на повратници од градовите, информира Зоран Ногачески градоначалник на оваа општина. Според изреката на старите „секое зло за добро“ во изминатиов месец се забележува дека во сите села луѓето се враќаат на татковите огништа, додава дека во ова време на пандемија луѓето од домашниот карантин по градовите бегаат во природа на село.
„Мислам дека искуствено од оваа ситуација која настана луѓето треба полека да се враќаат назад на родното огниште, да се вратат назад во природата. Можеби и ова е една таква порака која што ни се испраќа дека премн…
Охриѓани ентузијасти почнаа со расчистување на диви депонии на крајбрежјето и во НП Галичица. Горан Устијаноски, капетан на Капетанија на Пристаништата на РМ , пензионираниот полицаец Марјан Николоски, бродарот Ацо Сарафиноски и вработените од кафе бар Конект почнаа со кревање на исфрлен шут во населбата Даљан. Се собравме, набавивме возило за оваа цел, се најдоа луѓе кои помогнаа со гориво, со одржување на возилото и со регистрација додека во овие услови сите сме слободни да направиме нешто општо корисно, информира Устијаноски.
„Целта е да можеме онолку колку што можеме ентузијстички и со…
Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 36 оздравени пациенти во: Скопје-19, Куманово-1, Штип-5, Прилеп-4, Тетово-1, Струга-1, Велес-3, Гостивар -2.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две лица од Прилеп, пациент на 58 години, хоспитализиран на клиниката од 19 април и 63 годишен пациент на болничко лекување од 9 април, и двајцата приклучени на механичка вентилација. Во ГОБ „8 септември“ починаа три лица, двајца пациенти од Скопје на 75 и 58 годишна возраст и двајцата хоспитализирани на 26 април, и пациентка од Тет…
Општина Охрид, денеска ја објави одлуката донесена на 16ти април, за спроведува ње на стратегиска оцена на влијанието врз животната средина за изградба на претоварна станица за комунален отпад во Долно Лакочереј.Обемот на извештајот за стратегиска оцена треба да ги опфати следните аспекти: Влијанието на развојните решенија во поглед на осетливите елементи на животната средина на планираниот опфат( нарушување на квалитетот на воздухот, водите и почвата како резултат на емисија на загадувачки материи, зголемени нивоа на бучава и вибрации и несоодветно управување со отпадот како и шума…
АППТ започна маркетинг кампања „Дома си е дома“ за ублажување на негативните ефекти во туризмот од кризата со коронавирусот. Агенцијата подготовува кампања за домашните гости со која ќе ги промовира македонските атракции, подзаборавени дестинации и оние што добро ни се познати, но вреди да се посетат повторно. Пандемијата предизвикана од корона вирусот,за многу кратко време го измени светот и според многу експерти од областа на туризмот ќе постави други стандарди за патувања, сместувања и поле на интерес во туристичкиот сектор. Кризата која го зафати туризмот поради коронавирусот ќе остави…
Поради објавувањето од страна на некои медиуми на конкретни датуми за воспоставување на авионските линии преку авио превозниците што оперираат од “Меѓународниот аеродром Скопје” и аеродромдот “Св. Апостол Павле во Охрид“ денеска се огласи Министерството за транспорт и врски. Сакаме да потенцирме дека на сила се уште важи Одлуката за затворање на “Меѓународниот аеродром Скопје” и аеродромдот “Св. Апостол Павле во Охрид”. Тоа значи дека се додека не се донесе друга Одлука, аеродормите ќе бидат затворени за превоз на патници, а авионскиот сообраќај запрен. Оваа одлука не се однесува за државни…
На 26.10.2021 на улицата „Аргир Маринчев” во Охрид, полициски службеници од СВР Охртид го приведоа и лишија од слобода Ѓ.С.(31) од Охрид затоа што кај него, пронајдена и одземена е марихуана.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.
Охридските пожарникари секоја година во овој период се соочуваат со интервеници на отворени пожари кои ги предизвикуваат граѓани кои ги палат на нивите за да се ослободат од сувата вегетација, вели Спасе Прентоски командир на ТПП. При тоа запалениот оган им бега од контрола и ја загрозува околината, напоменува командирот Прентоски. Апелира граѓаните да внимаваат при палење на нивите и стрништата, а посебно да се внимателни на излетиштата доколку нема карантин за време на Првомајските празници.
„Доколку бидеме ослободени и овој викенд на 2 мај се искористи како излетнички ден да се избегнув…