Време е од годината кога земјоделските работи не чекаат, но вонредната состојба со ковид 19 се чувствува и во оваа сфера од животот. Се чувствува мал застој во проджабата на семенски материјал и препаратите за заштитата на коскеските овошки, напоменува агрономот Мирослав Трајчески. Земјоделците се крајно претпазливи во набавката и стравуваат за секој потрошен денар заради неивесниет времиња кои доаѓаат, додава Трајчески за моменталните состојби во оваа стопанска гранка. Апелира до сите кои се бават со производство на храна.
„Да работат во земјоделието во овие моменти земјоделството е тоа ш…
Од денес се казнува непочитување на Уредбата за носење на заштитна опрема.
Задолжителното е носење заштитна опрема (маска, марама или шал) на устата и носот, во сите јавни објекти како државни институции, маркети, продавници, банки, пошти, јавен превоз, чекални, здравствени институции и слично.
Носењето на заштитна опрема е задолжително и на отворени простори, секогаш кога не може да се одржува минимална дистанца од два метри меѓу граѓаните.
Заштитна опрема не е задолжителна за граѓаните кои престојуваат во двор на станбена семејна куќа, возат велосипед или спортуваат на отворено, (но со…
Во интерес на правовремено и точно информирање на населението кое живее на подрачјето на општините во кои делува Центар за јавно здравје Охрид (Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа), а со цел избегнување на ширење на непроверени информации и шпекулации поврзани со епидемијата од коронавирусот, Центар за јавно здравје Охрид објавува билтен со податоци и информации за справувањето со вирусот COVID-19 на неделна основа.
За период од 24 до 30 април 2020 г. Материјали (брис грло и нос) за тестирање на присуство на COVID-19 земени се од вкупно 76 лица и тоа по место на живеење: во…
Детскиот оддел на НУ Библиотека „Григор Прличев“ деновиве е збогатен со уште шест книги кои ги чекаат новите читатели.
Се работи за следните интересни наслови: „Новиот цар“ од Томислав Османли. Ова е првиот драмски текст во Библиотеката на тема од Библијата. Османли ја разработува приказната за раѓањето на Исус.
„Аги и Ема“ е насловот на книгата од авторот Игор Коларов. Најавена е како нежна приказна за едно вистинско пријателство.
„Вистинската приказна за двете соседни кралства“ е исто така интересна приказна срочена од Марија Костадиновска.
На полиците на Библиотеката можат да се на…
„Поради епидемијата со КОВИД-19 го одложуваме Охрид трчаТ 2020 и го презакажуваме за последниот викенд од Август, 28-30 2020 година“, велат од „Охрид Трчат“.
„Во овој момент и со ваква ситуација, одлуката за избор на нов датум воопшто не беше лесна, размислувавме за вас и за нашите организациски пријатели низ целиот Балкан колку што можевме, така што искрено се надеваме дека успеавме да ви понудиме опција што е прифатлива за вас“ објаснуваат организаторите.
„Што се однесува до сите наши регистрирани тркачи до сега, во следните 24 часа ќе им биде испратена електорнска порака со информации …
Охридските советници заради Ковид 19 одржаа седница преку интернет конференциска врска и усвоија неклку предлог одлуки за помош на угостителскиот сектор и граѓаните во социјален ризик. Едногласно прифатија да се намали висината на закупнината за поставување урбана опрема во општина Охрид за 2020 година додека трае пандемијата со продoлжување на три месеци по завршување на кризата. Усвоија и предлог-oдлука за изменување на Одлуката за висината на комуналната такса за користење на просторот пред деловните простории за вршење дејност.
„Се иземаат од обврската за плаќање на комунална такса дод…
Општина Охрид доби донација од 50 таблет компјутери од компанијата „Еколог Интернешнл“ кои ќе бидат наменети за учениците од социјално-ранливи семејства од Охрид кои имаат потреба од вакви електронски уреди за да можат да ја следат наставата „онлајн“.
Оваа донација е во насока на соодветно и успешно спроведување на наставата по електронски пат, во време на вонредни услови, предизвикани од пандемијата на Корона вирусот „Ковид 19“.
Освен во Охрид, компанијата донираше неколку илјади таблет компјутери и во други општини од Република Северна Македонија.
Половина час откако претставници на ЈП Билјанини Извори влегоа на простoрот кај сидрилиштето за пловни објекти до мостот кај Студенчишки канал , дошло до инцидент. Според кажувањето на Директорката на ЈП , претставници на ЕК Стрмец, кој го користеше тој простор пред општината да го додели на времено стопанисување на Билјанини извори, своето незадоволство го изразиле преку вербални напади кон неа и вработени во претпријатието. „На самото место кај сидрилиштето дојде прво Тодор Робчев. Истиот тој незадоволен поради превземањето на недвижниот имот од наша страна ги повика претставниците на СВ…