Мај 7, 2020

Охридските угостители се подготвуваат да започнат со работа

Во очекување на официјални протоколи за работа во наредниот период охридските угостители наголемо се подготвуваат за отворање на кафетериите и рестораните. Објектите ќе работат со скратено работно време и со скоро преполовен капацитет што значи работењето ќе биде далеку од рентабилно. Но угостителите  велат дека тоа сепак ќе биде подобро од ништо и на задоволство на граѓаните.Угостителите се надеваат дека од понеделник ќе добијат зелено светло за отворање на кафетериите и рестораните. Министерот за економија Крешник Бектеши најави дека Владата за кратко време по препорака на Комисијата за з…

Мај 7, 2020

СВР Охрид го одбележа 7 мај Денот на Македонската полиција

СВР Охрид го одбележа 7 мај – Денот на македонската полиција со превентивна кампања. Посветена на граѓаните и подигнување на јавната свест за потребата од поодговорно однесување за заштитата од ширењето на вирусот “COVID 19“ и придржување до одредбата за задолжително носење заштитни маски, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид. „Претпладнево, на целото подрачје на СВР Охрид, во општините Охрид, Струга, Кичево и Дебар, полициски службеници од Одделението за превенција и други претставници на полициските станици, поделија пакети заштитна опрема што опфаќа заштитни повеќенаменски м…

Мај 7, 2020

ЌЕ СЕ УРЕДУВААТ ДРВАТА KAJ „МАЗИЈА“

Екипи на ЈП „Охридски комуналец“ од утре ќе започнат со расчистување на џбунеста вегетација (трње, диви капини и др.) во паркот „Мазија“. Екипите на ЈП „Охридски комуналец“ во истиот парк на четири врби ќе извршат кастрење и уредување на крошните, додека други четири врби ќе бидат целосно отстранети, бидејќи се болни и потполно исушени и не постои можност за успешно санирање. Истите претставуваат опасност по животот на граѓаните. Апелираме до еколошките друштва доколку имаат дилеми околу состојбата на четирите врби кои треба да се отстранат, да присуствуваат на акцијата за отстранување се …

Окт 27, 2021

Георгиески: Пецаков има намера повторно да ги даде плажите во рацете на бизнис структури

Пецаков заедно со криминалното ВМРО ДПМНЕ има намера повторно да го издава под концесија најатрактивниот и најзаштитениот дел од крајбрежјето на нашето Охридско Езеро со што јасно кажа дека планира да ги поништи сите наши досегашни заложби, исполнувањето на препораките и почитувањето на законите, поради кои Охрид го зачува статусот на УНЕСКО, обвини денеска на прес конференција кандидатот за градоначалник од СДСМ и коалицијата, Константин Георгиески. Не можам да поверувам дека неговиот план е повторно да ги даде плажите во рацете на бизнис структури и да го врати концептот на стопанисува…

Мај 7, 2020

Учењето од далечина се применува и во основното музичко училиште Методи Патче

Далечинско учење се применува во совладување на теоријата и инструменталните композиции и во основното музичко училиште Методи Патче. Реализацијата на специфичната настава во музичкото школо бара поинтенивен ангажман и од учениците и од предметните професори преку примена на он-лајн настава, инфомира Емилија Маринова, директор на ОУ Методи Патче. Наставата е специфична бидејќи покрај групната се изведува и индивидулна настава по неколку инструменти, вели Маринова, но задоволно додава дека досега успешно се совладува наставната содржина. „Тешко е од далечина на учениците да им се објаснат п…

Мај 7, 2020

Точков: Активноста на вирусот е помала, но тоа не значи дека епидемијата е надмината

Епидемиолошката состојба во Охрид е стабилна во континуитет, отценува првиот човек на центарот за Јавно здтравје, Сашо Точков. Од вкупно 15 случаи на лица инфицирани со корона вирус од почетокот на епидемијата до денес, 7 лица се оздравени односно не се повеќе позитивни на вирусот. Останатите 8 лица веќе имаат прв негативен тест и се очекува вториот негативен резултат за присуство на вирусот. Денеска се земаа и испраќаа материјали односно брисеви во лабораториите во Скопје. „Се надевам дека до крајот на оваа недела во Охрид веќе нема да има активни случаи, болни од Ковид 19. Овие лица на к…

Мај 6, 2020

Корона вирусот ќе наметне прилагодувања нa 60-тото јубилејно Охридско лето

Фестивалот „Охридско лето“, нашата најголема музичко сценска манифестација годинава треба да го има своето јубилејно 60то издание.  Подготовките за реализација на годинешното издание започнаа веднаш по завршувањето на минатото и токму овој период повеќето работи се завршени, велат од дирекцијата на фестивалот. Додаваат дека состојбата со корона вирусот неминовно ќе наметне прилагодувања на активностите но како ќе изгледа фестивалот Охридско лето низ призмата на мерките за контрола на коронавирусот е рано да се предвиди во целост. Постојано сме во преговори со уметниците кои треба да бидат д…

Мај 6, 2020

Неисправна техничка стока и детски играчки се на врвот од листата со поплаки до ОПМ

До Советодавното биро на ОПМ во Охрид во просек месечно пристигаат по 20 поплаки од купувачите. Тие бараат заштита и информации за различни повреди на нивните потрошувачки права. Во месец јануари имавме 14 различни поплаки од граѓани, информира Вангел Спироски од Советодавното биро. 10 мина се обратиле во врска со неисправна техничка стока и детски играчки, некои со прашања за функционирањето на куќните совети, односно, кој за што е надлежен, до кои институции да се обратат за проблеми, но се обратиле и граѓани за финансиски услуги кога се незадоволни од банки и штедилници, вели Спироски. …
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top