Во текот на изминатото деноноќие (03/04.06) на територијата на Република Северна Македонија на 435 лице им се издадени решенија за изолација, а 75 лица потпишале изјави за самоизолација.Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и евидентирани се осум лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.Исто така, по однос на мерката за не носење лична заштита на лице регистрирани се 641 прекршоци.
Здружението за мултикултурна интеграција “Инклузија” од Охрид, ја спроведе првата фаза од проектот “Мојот советник под лупа”, со цел зголемување на транспарентноста, отчетноста и доброто владеење на локалната самоуправа и запознавање на јавноста со работата на нивните претставници во општината.
Согласно официјалните записници од одржаните седници на советот на општина Охрид, кои се добиени според законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, во периодот од јануари 2019-та до март 2020 година, најголем број излагања на седниците, 80, имал Кирил Пецаков, советник и координатор…
Општина Охрид традиционално и годинава ќе го реализира проектот „Цветни балкони – Цветен Охрид“.Во рамките на овој проект ќе бидат поделени 400 жардиниери со саксиско цвеќе на жителите кои живеат на улиците:
-ул.„Ариф Мустафа“ -ул. „Махмуд Рифат“ -ул.„Бистрица“ -ул„Шар Планина“ -ул„Никола Петров Русински“ -ул.„ Хаџи Мустафа“ -ул.„Сатеска“ -ул.„Васил Стефовски“ -ул„Мишо Гилиќ“ -ул.„Трајче Талески“ -ул.„Гоце Делчев“
Акцијата ќе се реализира на 3 и 4 јуни( среда и четврток) 2020год.
Граѓаните од гореспоменатите улици кои се заинтересирани за жардиниери со цвеќе истото ќе можат да го подигна…
Да избираш од сите улоги која најмногу ти лежи на срце е како да одлучиш кое дете повеќе го сакаш, но кога би морал да издвојам тоа би била улогата на Франсоа Пињон во „Вечера за глупаци“, открива Тодороски за ТВМ. Ликот на Баал, пак, од истоимената претстава по текстот на Бертолт Брехт, е улога која актерот Горан Стојаноски ја посакувал уште како студент. Со името на овој наш познат и реномиран актер и режисер се поврзува возобновувањето на театарот во Охрид.Денеска охридскиот театар роденденот требаше да го одбележи со нова премиера на штиците што живот значат и под симболот на двете …
Во Националниот Парк Галичица се забележани првите две рожби на елените од репродуктивниот центар. Вработените од паркот се на терен и ги пребројуваат новородените еленчиња. Центарот со површина од 86 хектари од декември 2019 година е дом на 30 елени од кои 24 се женки и 6 мажјаци, информира Андон Бојаџи од НП.
„Според техничката спецификација од тендерот требаше да бидат бремени. Се потврди и кон крајот на месец мај и почетокот на месец јуни се породуваат. Вработени на паркот се на терен и ќе се обидат да констатираат колку млади се родени“, вели Бојаџи .
Во зимскиот период елените добр…
Деновиве се одвиваат активности за реконструкција на плочките на улицата „Климентов Универзитет“ се одвиваат деновиве. Градоначалникот Кирил Пецаков изврши увид на градежните зафати, кои ги извршува фирмата „Бокоп“. Предвидено е реконструкција на плочките да се изврши на повеќе локации низ Стариот дел на градот каде што има потреба.
На улицата „Бранко Шотра“ активностите за изведување на нова водоводна линија завршија. Со цел подобрување на квалитетот во водоснабдувањето, се постави нов цевковод од полиетиленски материјал во должина од 66 метри, вклучувајќи и поединечно преприклучување н…
Наскоро се очекува да почне со реализација на проектот за подобрување на водоснабдувањето на Охрид и населените места од поранешната општина Косел од изворот Дувло или Свинишки извори. Капацитетот на изворот е 220 литри во секунда и со цевковод фи 400 и ќе биде во должина од 21 км. Владата и Локалната самоуправа финансиски ќе го поддржат започнувањето на проектот вреден 3,2 милиони евра, а парите се проектирани во буџетот , информира Свeтозар Стефановиќ, дирeктор на ЈП Водовод .
„Проектот ќе се изведува во две фази. Во првата фаза, околу 1,2 милиони евра средства се обезбедени од Министер…
Нашата цел е Охрид да биде Град со НАЈДОБАР стандард за образование во нашата држава, пишува кандидатот за градоначалник на Охрид од СДСМ Константин Георгиески.
Продолжуваме со ИНВЕСТИЦИИ во сите училишта и ги подобруваме условите за учениците. Работиме според приоритетните потреби и обезбедуваме реконструкција на објектите и набавка на училишна опрема за сите основни и средни училишта. Создаваме услови за воспитување и образование во сите делови на градот, обезбедуваме квалитетно образование достапно за сите. Во претстојниот мандат ПРЕДВИДУВАМЕ, изградба на нови објекти на основните у…