Од Управата за Цивилна воздушна пловидба, чија комисија го испитува случајот, најавуваат дека резултатите од истрагата ќе бидат познати по десеттина дена. Причините за вчерашниот пад на авионот Цесна, при кој животот го загубија четири лица ќе бидат познати по десеттина дена. Ова го соопштија од Управата за Цивилна воздушна пловидба, чија комисија работи на расветлување на случајот. Остатоците од авионот уште во текот на денешниот ден ќе бидат испратени на вештачење во Агенцијата за воздухопловство во Скопје.Според Агенцијата, првичните индиции за можните причини за несреќата, укажуваат на…
Советот на безбедност при општина Охрид и претставници од СВР ќе преземаат низа активности по основните и средните училишта за подобрување на безбедноста во сообраќајот. Почетокот на учебната година ги натера надлежните уште посериозно да размислуваат како да ја подобрат безбедноста во сообраќајот. За таа цел денес одржа состанок Општинскиот совет за безбедност на кој учествуваа и претставници од СВР Охрид. Според податоците со кои располага Министерството за внатрешни работи во текот на оваа година забележано е подобрување на безбедноста на сообраќајот во градов. Најголема динамика на воз…
Четири лица загинаа денес во месноста Скребатно, кај селото Лескоец, во близина на Охрид кога мал патнички авион на пилотската академија Скопје Аир со ознаки Z3-DCV удрил во паркирано патничко возило Zastava 750 при обид ниско да го надлета местото, каде се одржувал голем црковно-народен собир по повод празникот Голема Богородица.*** ВИДЕО ОД МЕСТОТО НА НЕСРЕЌАТА – КЛИКНИ ***Oчевидците кои биле на местото на несреќата тврдат дека авионот летал многу ниско, дека се слушала неправилна работа на моторот, по што следувало негово уривање најверојатно во обид да ја избегне толпата. Екипата на бр…
Во 12 часот и 39 минути, едномоторен авион од типот „ Цесна“ се сруши во близина на Манастирот Св. Богородица, во излетничкото место на селото Скребатно.Авионот го надлетувал просторот над манастирот и пуштал летоци кога почнал ненадејно да паѓа и удрил во кола тип Фичо без да испушти било каков звук.Во автомобилот се наоѓало девојче, но за среќа не било сериозно повредено. Во несреќата живото го загубија 4 лица кои биле во авионот. Неофицијално дознаваме дека станува збор за сопственикот на хотелот „ Ловец “ , негов зет од сестра, келнер од ресторан Ловец, како и политот кој управувал со л…
Овој празник посветен на мајката на Спасителот Исус Христос е еден од најзначајните за верниците од православната вероисповед. Кога Исус бил распнат на крстот, Богородица стоела покрај него и плачела над судбината на својот син. Марија многу често го посетувала гробот Исусов и го молела Бога побргу да ја земе кај нејзиниот син. Набргу Господ и пратил вест дека е скоро часот кога таа ќе умре. Отец Љупчо Симиџиоски вели „денес Пресвета Богородица мајката на Спасителот Исус Христос е посредник меѓу Бога и луѓето. Сите молитви за здравје и спасение се упатени кон неа. По желба на Богородица,…
Новиот начин за набавка на лекови со доплата или референтните цени на дел од граѓаните не им се познати. За нив не се толку важни новите начини на издавање на лекови, туку аптеките да се снабдени. Од друга страна пак од аптеките велат дека при купувањето лекови владее голема нервоза и недоверба кај пациентите. „Кога ќе ја слушнат сумата која треба да ја доплатат не веруваат и доаѓа до кавги“, објаснуваат фармецевтите кои не сакаат да зборуваат јавно. За најефтиниот лек “Фуросемид“ на рецепт за кој претходно доплатувале 5 денари сега треба да платат 8 денари. Oд 1 август, фондот за здравст…
И оваа летна сезона селото Пештани е затрупано со отпад. Бројни диви депонии се наоѓаат на самиот брег од езерото, на плажите на кои во овој период се одмараат голем број туристи.Месното население се жали дека проблемот се провлекува со години. Надлежните никако да најдат соодветно решение- велат тие. Вината ја гледаат и во однесувањето на туристите. „ Го оставаат вака ѓубрето. Највиновни се туристите. Го оставаат кај ќе стигнат. Треба да го ставаат во најлонски кеси, а потоа во контејнер, а не да го оставаат на плажа. Проблемот мора да се реши, ние редовно ги плаќаме сметките за ѓубретар…