Сеп 3, 2008

Нема да има фестивал „Сирење и вино“

Фестивалот „ Сирење и вино “, кој годинава требаше да се одржи по петти пат, е откажан.Иако за тоа имале подршка од градоначалникот Петрески и декларативно ветување за финасиска помош од Министерството за земјоделство, по три одлагања на термините за одржувањето, сепак фестивал нема да има. „Министерството за земјоделство не издвои  пари. Иако министерот лично ми вети и даде амин за одржување на фестивалот“, кажува  Љуљзим Фејзулаи, член на управен одбор на федерација на макеонските фармери. Фестивалот на кој се промовираше македонското сирење и вино пропадна за само 200.000 денари, вели Ме…

Сеп 2, 2008

Бројот на пловните објекти постојано расте

Така пловната флота во државава ја достигна бројката од 5 бродови и 2800 глисери и чамци. Сопствениците на пловните објекти велат дека е време да се изгарди современа марина. На тој начин нивните лисери и чамци ќе бидат побезбедни. Министерството за транспорт и врски даде зелено светло за изградба на современо пристаниште на охридското крајбрежје. За реализирање на овој зафат сега се  потребни измени во деталниот уранистичи план. Во постечкиот план е предвидено проширување на старото пристаниште, но неофцијално дознаваме дека сега во опција се две можности. Покрај постојното пристаниште се …

Сеп 2, 2008

Интересот за згрижување на децата во градинката „Јасна Ристеска“ се поголем

Од вчера започна новата учебна година и во детската градинка „Јасна Ристеска“. 615 нови дечиња ќе се образуваат и воспитуваат во оваа  предшколска установа, а најавено е запишување на уште 107 деца.Директорката на оваа установа, Марина Петровска вели дека од година во година бројот на децата кои се згрижуваат во петте објекти со кои располага градинаката е се поголем.Оваа претшколска установа  врши згрижувачка и воспитно образовна дејност и тоа нудејќи полудневен  и целодневен престој. Во првиот случај вклучен е еден оброк, а во вториот три оброци. Земајќи ги во предвид се поголемите работн…

Сеп 1, 2008

СВР Охрид им ветува поголема безбедност на учениците

Униформирани полициски службеници денес можеа да се забележат како патролираат во близина на основните и средни училишта. Причина е подигањето на степенот на безбедност на учениците при доаѓањето и заминувањето од училиште. „ Секогаш ја преминувам улицата на пешачки премин, но возачите некогаш застануваат, некогаш не“ – велат основците. Со цел да се спречат било какви инциденти во близина на училиштата, од СВР- Охрид започнаа превентивно да дејствуваат. Се опоменуваа учесниците во сообраќајот кои не се придржуваа на пропишаните правила и прописи.Се делеше и едукативен материјал преку кој уч…

Сеп 1, 2008

Образованието приоритет за Општина Охрид

Образованието и понатаму приоритет за Општина Охрид. Градоначалникот Александар Петрески вели дека и во оваа учебна година како и во изминатите локалната најмногу ќе инвестира во основните и средните училишта во градов. Новата учебна година започнува без некои поголеми проблеми. Петрески потенцира дека за време на летниот распуст во поголемиот број училишта биле исвршени повеќе зафати за подобрување на условите за работа. Во училиштето Св. ,,Климент Охридски,, ставен е нов покрив над спортската сала, а заменет е и дотраениот паркет, стар триесет години. ОУ „Братство и Единство“ комплетно се…

Сеп 1, 2008

Градоначалникот да ги отстрани дивите рампи на улиците кои се претворени во паркинзи

Од Центарот за комуникации на Вмро Дпмне продолжуваат и понатака да ги чешлаат  работата и ветувањата на  градоначалникот Александар Петрески.Тврдењето на градоначалникот дека оваа туристичка сезона е послаба во однос на лани заради невоспоставени директни авионски линии, за општинската Вмро Дпмне е неосновано. Според нив една од многуте причини за потфрлување во оваа туристичка сезона, се диво поставените рампи и улиците се претворени во паркинзи. Прашуваат зошто  градоначалникот не постапил по налогот на Државниот завод за ревизија и не ги отсранил затоа што договорот со фирмата е против …

Сеп 1, 2008

Првачињата седнаа во училишните клупи

Започна новата учебна година. Околу 900 првачиња во наредните девет месеци своето знаење ќе го стекнуваат во некое од осумте основни училишта во градов. По тој  повод во повеќето од нив денес имаше свечена приредба посветена на првиот училишен ден. Во Основното училиште Св. Климент Охридски родителите и децата ги поздрави директорката Славица Илиќ која истакна дека ова е посебен ден за сите нив, ден кој ќе го паметат до крајот на животот.Возбудените првачиња не ги криеја солзите кои беа израз на тага што се делат со безгрижното детстви, но и на радост што започнуваат една нова страница во ж…

Авг 30, 2008

Д-р Наум Љатко демантира

Во врска со вчерашниот прилог во кој д-р Никола Симоноски упати обвинувања до раководниот менаџмент на Јавна Здравствена Установа „Општа болница“, дека не биле подготвени да интервенираат за давање помош на повредените во авионската несреќа, до редакцијата на ТВМ демант упати заменикот раководител на Работна единица анестезија и реанимација, д-р Наум Љатко. Тој ја демантира изјавата на д-р Симоноски и вели дека одделот за анестезија и реанимација бил подготвен, и со персонал и со соодветна апаратура, да им пружи помош на настраданите во авионската несреќа во Скребатно, ако за тоа имало потр…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top