Сеп 8, 2008

Промоција на монографијата на познатиот скулптор Стефан Нестороски

Станува збор значајна личност, уметник и скулптор, професор и  фамилијарен човек- потенцира авторот на монографијата Јорданка Матова. Идејата да се напише монографија за познатиот скулптор Стефан Нестороски се родила уште пред неколку години, објаснува Јорданка Матова- историчар на уметност и автор на делото. Монографијата била предвидена да претставува дел од заедничкиот проект со професор д- р Борис Петковски- насловена како: „ Сликарството во Охрид во 20 век“. За жал професор Петковски починал во 2005 година, по што Матова продолжила самостојно да ја реализира идејата. „ Остварив контакт…

Сеп 8, 2008

Општинскиот комитет на Вмро Дпмне бара нов претседател

Поставувањето на нов претседател се наметна како потреба откога Владо Стефаноски, досегашниот извршител на оваа функција заплива во пратеничките води.Општинскиот комитет на Вмро Дпмне бара нов претседател. Големи се шансите во претседателската фотеља да седне припадничка на понежниот пол. Пријавувањето на кандидатите сеуште трае. Инаку поставувањето на нов претседател се наметна како потреба откога Владо Стефаноски, досегашниот извршител на оваа функција заплива во пратеничките води. Овие две функции се косат со статутот на партијата, но и новите обврски на Стефаноски не му дозволуваат се у…

Сеп 6, 2008

„Средновековен Охрид“ свечено отворен

Свечено отворен првиот историски фестивал во Охрид, „Средновековен Охрид“.На првиот историски фестивал „ Средновековен Охрид, обраќање имаше Градоначалникот Александар Петрески кој пред присутните рече дека иако Локалната самоуправа нема ингеренции во сферата на културата, само годинава подржала над 100 манифестации, затоа што Охрид го заслужува тоа, за да има успешна и  продолжена туристичката сезона.Благодарност до ентузијастите кои за кратко време успеаа да ја реализраат идејата упати  и Лилјана Попоска од ДОМ, поборник за поголем развој на туризмот.На просторот каде што е лоциран средно…

Сеп 6, 2008

Продолжува судењето на Лазе Радески

Судскиот процес против Лазе Радески, обвинет за убиство на  продавачите на девизи, Раим Ракип, Спиро Ставрески и Трајче Цоцески, продолжи со распит на оштетените во Основниот суд во Охрид.Први пред судот се појавија синот и ќерката на Раим Ракип, Љале и Мехмет Бајрам Ракип. Тие спротивно на исказот на обвинетиот, изјавија дека тој многу добро се познавал со нивниот татко. Радески, рекоа тие, често доаѓал  до нивната куќа и го барал Раим кој му раситнувал, но исто така и му позајмувал помали износи на пари за што како што кажаа не водел евиденција. Синот на покојниот продавач на девизи, рече…

Сеп 5, 2008

До средината на овој месец, децата – социјални случаи ќе ги добијат бесплатните учебници

На пет дена по отпочнувањето на учебната година, Министерството за образование, им даде зелено светло на книжарниците да започнат со реализација на владината одлука за давање бесплатни учебници на децата од социјално загрозени семејства. Имено, дури денес надлежното министерство достави официјален допис до книжарниците,  со кој им се дозволува да ги примаат нарачките од училиштата за бесплатните учебници. Димитар Саков од книжарниците на „Просветно дело“ во Охрид, објаснува дека основните и средни училишта од денес може да ги доставуваат потврдите кај нив, а книжарниците се подготвени да од…

Сеп 5, 2008

„Звуците на животниот ритам“ во Охрид

Интернационалниот ликовен караван, „Звуците на урбаниот пејзаж“ по четврти пат организира изложба во Охрид. Охриѓани, а и гостите ќе можат да видат дела на 45 излагачи од 7 земји од светот. Најголемиот дел од нив се од македонски автори. Овојпат изложбата е насловена како „Звуците на животниот ритам“.Колекционерот Тихо Кондов, вели дека и овојпат претежно се изложени дела од млади автори бидејќи целта на оваа колонија е да се промовираат токму таквите сликари. „Секако, додава тој сликите мора да поседуваат висок квалитет“.Инаку делата се работени во повеќе техники како масло на платно, граф…

Сеп 5, 2008

Првата награда за животно дело на фестивалот „Средновековен Охрид“ ќе му биде доделена на Вангел Деребан

Oд организациониот одбор потенцираат- „Деребан е човекот кој важи за достоен наследник на средновековните мајстори“. Наградата за животно дело на првиот фестивал- Средновековен Охрид, оди во рацете на Вангел Деребан. Како што велат од организациониот одбор на фестивалот, човекот кој важи за достоен наследник на средновековните мајстори.„Вангел Деребан е човекот кој целиот свој живот им го посвети на сребрените нишки на филигранот, исткаени со имагинација и маестрална вештина, човекот кој го пронесе својот занает низ времето и просторот“, потенцира Јасмина Пакашки, член на Организациониот од…

Сеп 4, 2008

Започна судењето на осомниченот за тројно убиство

Радески отфрли две од обвиненијата- го призна само убиството на Трајче Цоцески. За претходно дадените изјави во кои ги признал и останатите две убиства рече дека ги дал под присила.Во охридскиот Основен суд започна судскиот процес против Лазе Радески, осомничен дека ги извршил убиствата на тројцата дилери на девизи: Трајче Цоцески, Спиро Ставрески и Раим Рахип.  За разлика од двете изјави дадени во текот на истражната постапка во кои ги признал убиствата, Радески денес даде поинаков исказ. Го призна убиството само на Трајче Цоцески. За останатите две убиства се изјасна како невин. Грешка мо…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top