Се изврши финалната промоција на проектот Духот на Охрид. Вклучените во проектот со позитивни оценки. Се поставува прашењето- колку производите добиени со проектот го имаат квалитетот- неопходен да го привлече интересот на префинетите странски туристи.Секторот за Локален економски развој го промовира финалниот резултат на проектот Духот на Охрид, чија изработка траеше една година.Резултатот од оваа едногодишна, според вклучените во проектот- макотрпна работа се: дигитален атлас, веб страница и промотивно цд за Охрид на англиски јазик. За градоначалникот Александар Петрески, Духот на Охрид…
Тамара Амерлан пред повеќе од две години за прв пат го посетила Охрид и се заљубила во неговата архитектура. Тамара која тогаш сеуште студирала архитектура во Холандија си поставила за цел нејзината дипломска работа да биде токму за охридските градби. За таа цел минативе години во повеќе наврати доаѓала во Охрид и прибирала податоци . Во тоа многу и помаогнал секторот за урбанизам во општина Охрид како и Заводот за заштита на спомениците. Тамара вели: „го знам секое катче и секоја уличка во градов“. „Одев боса со цел да го почувствувам плочникот во чаршијата како и калдрмата во стариот О…
25 студенти и 4 професори од Водно- еколошкиот факултет од Холандија, деновиве вршат испитувања на квалитетот на водата во Охридското езеро. Анализите ги вршат применувајќи современа лабораториска апаратура. „Почнавме да земаме примероци. Во моментов сме кај Коселска река, потоа ќе земаме и од неколку локации од крајбрежјето. Со себе носиме инструменти кои се наоѓаат во хотел Климетица каде и ги извршуваме анализите“, вели Митра Баскоска- Александре, асистент на Водно- еколошки фкултет од Холандија.Како што потенцираат холандските студенти, го избрале Охридското езеро затоа што станува збо…
На работниците им се скратија деновите за годишен одмор од 26 на 20. Покрај тоа, повеќе нема да имаат увид во плаќањето на придонесите за пензии и здравствено осигурување, се озакони неограничено време за работа во ноќна смена, се усвои можноста за прогласување на технолошки вишок и вработување веднаш некој друг, не се дозволува прекфалификација при променети услови. Ова се некои од новините во Законот за работни односи кои стапија нa сила пред 10 –тина дена. Со нив се кршат правата на работниците, вели претседтелот на општинската синдикална организација Драган Цветаноски. Додава дека За…
Продавачите на зеленчук на охридскиот пазар стоката ја мерат на небаждарени ваги, се жалат купувачите. Особено сега кога е сезона на зимници и зеленчук се купува на големо, купувачите плаќаат многу повеќе, а добиваат многу помалку. Некои од продавачите зеленчукот го мерат и на ваги стари повеќе од десет години.Пазарниот државен инспекторат синоќа изврши 40 контроли на охридскиот пазар, со цел да се види коку се почитува Законот за трговија, Законот за метрологија и за заштита на потрошувачите.Ѓорѓи Бошалев, началникот на пазарната инспекција вели дека при контролата утврдени се голем број …
Современиот, динамичен начин на живеење го зема својот данок- депресијата како заболување е се почеста. По кардиоваскуларните болести, се наоѓа на високото второ место.Од страна на стручните лица, токму депресијата се наведува како една од причините за зголемувањето на бројот на самоубиства. Според д- р Јулија Василеска, психијатар, ова заболување е резултат и на меѓусебната негрижа. Советува- обрнете внимание на однесувањето на вашите најблиски. Секоја поголема промена во функционирањето на поединецот може да е знак за ментално растројство. „ Тоа значи, ако постои било каква промена во фу…
„Премиерот Никола Груески се обидува да ги најде виновниците и да објасни зошто Македонија ќе доживее неуспех во однос на прашањето за влез во Европската Унија.“ „Јас пак, се обидувам да го убедам него и сите останати дека ова е периодот во кој што треба да вложиме максимални напори за да се постигне успехот“, ги коментира говорите на премиерот кон македонската јавност, претседателот на државата Бранко Црвенкоски.За демаркацијата на државната граница кон Косово, претседателот Црвенкоски нема информации од Државната комисија за одбележување на границата до каде е постапката, и не знае зошт…
Започна рушењето на куќата на Уранија. Работите ќе се одвиваат во три фази. Денес започна првата од нив, во која е предвидено демонтирање на кровот и на првиот и вториот кат. Оваа фаза треба да заврши до крајот на септември. Градбата ќе се руши до ниво на камените ѕидови на кои ќе се врши санација. Предвидено е и статичко зајакнување на куќата.„Во претходниов период извршено е демонтирање на сите вредни елементи од ентериерот на куќата кои се заштитени на соодветен начин“, вели Тања паскали бунташеска, директорката на Завод и музеј.„Таваните се извадени, конзервирани и ставени во депо. Во е…