Јун 10, 2020

Влада: Закупците на плажите ќе мора да ги вратат во првобитна состојба

На предлог на Министерството за транспорт и врски Владата ја дополни Уредбата со законска сила за примена на Законот за градежно земјиште за време на вонредна состојба. Со дополнувањето се задолжува закупецот да го врати во првобитна состојба градежното земјиште кое било предмет на краткотраен закуп предвидено со урбанистички план или урбанистичко-планска документација за плажа, а за кое временскиот рок за краткотраен закуп е истечен или договорот за краткотраен закуп е предвремено раскинат. Иако концесионерите на плажите неодамна бараа да не им се наплатува концесија и ова лето, по се из…

Јун 9, 2020

Комисијата за заштита на Охридскиот регион почна со работа во нов состав

Комисијата за заштита на Охридскиот регион почна со работа во нов состав. Неодамна од комисијата беа отповикани и беа назначени нови членови. Во новиот состав на комисијата е назначен архитектот, м-р Горан Патчев. Даниела Неделковиќ, директор на НУ Завод за заштита на спомениците и музеј, информира за околностите кои дошле до измена на составот на Комисијата. „По самоиницијативното поднесено барање за престанок на работен однос од страна на архитект Елеонора Новакоска и немањето кворум за работа во Комисијата на Унеско како нов член од НУ Завод за заштита на спомениците и музеј е назначен …

Јун 9, 2020

ОБНОВЕНО – Денес во Охрид регистрирани два нови случаи со Ковид 19, а во Струга еден

Во Охрид од 5 јуни до денес се потврдени 11 нови случаи заболени од Ковид 19. Вчера, министерството за здравство објави податоци за Охрид дека се регистрирани 6 позитивни случаи, што не е точна бројка туку 4 се од Охрид, а другите два случаи се од Струга, појаснува Сашо Точков од ЦЈЗ. Загрижува тоа што, од четирите заболени лица од вчера, само два позитивни случаи се поврзуваат со претходно заболени лица, а додека 2 се поединечни случаи за кои не може да се детектира каде се заразиле. Во Охрид од петокот до денес имаме 11 активни случаи, од кои еден  е хоспитализиран, а останатите се на дом…

Јун 9, 2020

Домашните платежни картички за граѓаните ќе задоцнат 2 недели

Домашните платежни картички за граѓаните ќе задоцнат 2 недели. Ова пролонгирање се прави на барање на банкарскиот сектор. Владата на вчерашната седница донесе измени и дополнувања на Уредбата за финансиска поддршка на граѓани и вработени лица со низок доход, млади лица и здравствени работници преку издавање на домашна платежна картичка наменета за купување на македонски производи и услуги за време на вонредна состојба. Наместо да ги издадат до 3 јули, банките со новата уредба ќе имаат рок тоа да го направат до 18 јули. Пролонгирањето на рокот е на барање на банкарите кои имале потреба од …

Окт 29, 2021

Вандали со графит ја нагрдија фасадата на школото во Далјан

Вандали со графит оштетија фасада на ѕид од подрачното училиште Св. Климент Охридски во Далјан. Директорката на училиштето Наташа Танеска информира дека испишаниот недоличен графит осамнал утрово веднаш откако вчера завршиле градежните работи за реконструкција на училишната фасада. Танеска повикува надлежните институции да ги откријат сторителите. Недозволиво е да постои толку ниско ниво на свест кај граѓаните, се работи за објект во кој учат дечиња и училиште во кое со децении наназад не беше инвестирано ни денар, а децата учеа без основни елементарни услови. Денес, веднаш ќе постапиме …

Јун 9, 2020

2 нови случаи во Охрид 87 на ниво на држава од 987 тестирања

Во последните 24 часа се направени 987 тестирања, а регистрирани се 87 нови случаи на ковид-19. – Скопје 41- Куманово 12- Штип 16- Тетово 10- Струга 1- Охрид 2- Гостивар 1- Пробиштип 4 На Клиниката за кардиологија почина пациент од Куманово на возраст од 74 години, хоспитализиран пред 2 дена и потврден позитивен на оваа клиника. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 5 оздравени пациенти. – Скопје 1- Прилеп 2- Тетово 2 Досега во земјата се направени вкупно 38014 тестирања на ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 80 теста се во рамките на скрининг…

Јун 9, 2020

За пет дена во Охрид се регистрирани нови 9 активни случаи со ковид 19

Во Охрид од 5 до 9 јуни се потврдени 9 активни случаи заболени од Ковид 19. Вчера, министерството за здравство објави податоци за Охрид дека се регистрирани 6 позитивни случаи, што не е точна бројка туку 4 се од Охрид, а другите два случаи се од Струга, појаснува Сашо Точков од ЦЈЗ. „Во Охрид од петокот до денес имаме 9 активни случаи, од кои 1 е хоспитализиран, а останатите се на домашно лекување. За  поголема група од тестирани од вчера и денес очекуваме резултати, за да ги поврземе или формираме кластери. Од она што го имаме досега се поединечни случаи, најмногу двајца случаи позитивни …

Јун 9, 2020

Средното угостителско училиште од Охрид воведува стипендија за учениците кои ќе се запишат во прва година

Со стипендии за учениците кои ќе се запишат во прва година и промотивни спотови угостителското училиште од Охрид годинава привлекува ученици. Учениците од другите градови добиваат бесплатно сместување во комплетно реновираниот ученички дом во склоп на училиштето. Со промотивни спотови преку социјалните медиуми стручното средноугостителско училиште од Охрид привлекува ученици. Новитет е годинава што за прв пат воведена е стипендија за учениците, кои ќе се запишат во прва година од охридскиот регион. Во стручното училиште се образува дефицитарниот кадар наденешницата во туризмот: хотелскоуг…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top