Сојузот на борци почитувачи на ликот и делото на Јосип Броз Тито од Охрид, локалната го смести во несоодветен простор, велат неговите членови. Оваа организација веќе неколку месеци функционира во канцеларии на некогашната барака на градежното претпријатие Гранит. „Во бараката нема добра електрична инсталација па зимава не ќе можиме да се грееме“, вели Крсте Крстаноски претседателот на оваа организација. „Проблемите настанаа, кажува Крстаноски, откога локалната пред повеќе од пет месеци насилно не исели од просториите кои ги имавме во старата библиотека која беше срушена. Не ставија пред с…
Општинскиот комунален инспекторат не е подготвен за спроведување на Законот за јавна чистота. Овој закон стапи во сила пред три дена и со него јасно и прецизно се уредени условите и начинот на одржувањето на јавната чистота. Надлежни лица за контрола и инспекциски надзор на спроведувањето на законот се униформиран полициски службеник, државен комунален инспектор, општински комунален инспектор и комунален редар. Началникот на Општинскиот комунален инспекторат, Танас Танаскоски, вели дека тие немаат комунални редари и допрва треба да ангажираат лица кои ќе го спроведуваат законот. „Новиот за…
Американска компанија од областа на автомобилизмот ќе отвори погон во Охрид. Станува збор за компанија која се занимава со производство на авто делови и која има повеќе фабрики во Европа. Ова денес го најави вицепремиерот Зоран Ставрески при неговата работна посета на Охрид. Тој додаде дека на крајот на наредната недела Владата ќе усвои одлука за потпишување меморандум за соработка со американска компанија. Во првата фаза планирано е да се вработат 600 лица, а во втората фаза бројот на вработени ќе се зголеми за 1200. „Ова е значајна инвестиција за Охрид и за Македонија, рече Ставрески бид…
После финалната презентација на проектот „Духот на Охрид“, не стивнуваат реакциите. Негативни критики од сите страни, додека позитивни оценки дадоа само оние кои беа влкучени во реализацијата на овој проект. Веб страната, чијашто изработка беше една од компонентите на овој проект, е приказна засебе. И најобичните лаици, кои ќе седнат пред компјутер со намера да дојдат до било каква информација за Охрид, неговото географско, културно, историско наследство, како и сместувачките капацитети со кои тој располага, ќе приметат дека веб страната наликува на „ремек дело“ на некој дилетант. Многумина…
Започна акцијата за јакнење на јавната свест за безбедноста во сообраќајот. Целта на акцијата „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ е да ја подигне свеста на возачите и да едуцира во полето на сообраќајната култура и безбедноста во сообраќајот. Посебно тоа се однесува на најмладите, децата. Оваа акција започна од Охрид каде првачињата од сите основни училишта во градов практично можеа да видат што е тоа зебра, сообраќајна сигнализација, а имаа и непосреден контакт со сообраќајните полицајци.Носител на акцијата е Републичкиот завод за безбедност кој секоја година организира обуки за најмла…
Заменик министерот за информатичко општество Мирјана Секулоска дојде во Охрид на средба со граѓаните. Секулоска ќе ги сослуша своите сограѓани и проблемите какао и предлозите ќе ги достави до Владата, каде што ќе се бара решение во ресорните министерства. При посетата проговори и за проектот Компјутер за секое дете. Заменик министерот Мирјана Секулоска потенцира дека целосно е спроведена компјутеризација на средните училишта со што ќе се постигне висок ефект во едукацијата на учениците.Во основните училиште е во тек имплементирањето, а причината за задоцнувањето Секулоска ја лоцира во …
Околу 1. 200 метри квадратни простор од Студенчишкото блато вратени се во првобитна состојба- наместо шут и цврст отпад, засадени се автентични блатни растенија.На простор од околу 1. 200 метри квадратни обновен е и вратен животот на Студенчишкото блато. Отстранет е цврстиот отпад кој се трупал со години, а на негово место засадени се автентични блатни растенија. Дел од нив и природно никнаа. Извршени се научни испитувања за утврдуавње на сегашната состојба на блатото и живиот свет во него. Овие активности се дел од првата фаза од проектот за заштита на Студенчишкото блато. „Тука се прису…
Oд редовите на Вмро Дпмне како најсериозен кандидат се споменува името на актуелниот државен секретар на Министерството за животна средина.Дејан Паноски, најсериозен кандидат за градоначалник на Охрид од редовите на Вмро Дпмне. Актуелниот државен секретар на Министерството за животна средина и просторно планирање и активен член на владеачката партијата, оваа информација ниту ја потврдува ниту ја негира. Тој вели дека се зависи од волјата на граѓаните и партијата.Инаку Дејан Паноски, охридската јавност го знае од времето на спроведувањето на Проектот за заштита на Охридското езеро. По овој п…