Ноќеска во три часот по полноќ почнува зимското сметање на времето. Ќе добиеме час повеќе за спиење, но и пократок ден.
Последниот викенд од октомври секоја година носи новина и во сметањето на времето. Ноќеска во три часот по полноќ стрелките на часовникот се враќаат еден час претходно на два часот.
Нова промена на времето ќе има последниот викенд од март кога почнува летното сметање на времето. Европскиот парламент на 4 март 2019 изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година. Но, Советот на ЕУ засега нема донесно конечена одлука до кога ќе се поместуваат стр…
Лекарската Комора од земјава испраќа апел не само до граѓаните туку и до лекарите доследно да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот. Загрижени се што нивни колеги не ги пријавуваат заболените за тестирање и ги лекуваат во домашни услови, а некои дури сметаат и дека вирусот не постои или се работи за заговори. Порачуваат лекарите да ја исполнат својата обврска кон пациентите со доследно придржување кон протоколите и начелата на медицината базирана на докази, добрата клиничка пракса и кодексот на медицинската етика. Сè друго го руши нашиот улед како фела, стои меѓу другото во сооп…
Во рамки на проектот за реконструкција на улицата „15-ти Корпус“, деновиве се работи на изградба на потпорни ѕидови на неколку локации, во должина на сообраќајницата.
Два потпорни ѕидови се веќе изградени, а во тек се работни активностите за изградба и на третиот потпорен ѕид. На изградбата на четвртиот потпорен ѕид ќе се работи во текот на наредните денови.
Во рамки на проектот за реконструкција на улицата, паралелно се работи и на поставување на рабници, а се врши и тампонирање на тротоарите и велосипедските патеки.
Во текот на изминатото деноноќие (10/11.06.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија на 125 лица им се издадени решенија за изолација, а 167 лица потпишале изјави за самоизолација.
Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е утврдено дека едно лице не ја почитувало мерката за самоизолација. Исто така по однос на мерката за не носење лична заштита на лице регистрирани се 1068 прекршоци.
После алармантната ситуација која беше затекната со превземањето на локацијата во делот на заштита на Охридското езеро и третманот досегашен кон него, ЈП „Билјанини Извори“ достави барање до јавната научна установа Хидробиолошки завод Охрид, итно уредување. Добиено е позитивно мислење за да се изврши чистење на тињата од горниот брегот према Охридското езеро во должина по целата страна од 20 метри и ширина од брегот кон трските од 5 метри.
Се интензивираат активностите околу расчистување и уредување на просторот наменет за сидрење на пловни возила кој неодамна со одлука на Советот на општи…
Владата на една од последните седници донесе Уредба со која им се наложува на концесионерите да ги тргнат изградениети платформи и угостителските објекти , бидејќи договорот за закуп им е истечен од пред три години. Одлуката се однесува на сите плажи вдолж охридското и струшкото крајбрежје, од Свети Наум до Радожда.
Охридскиот градоначалник Константин Георгиески ја поздрави одлуката на Владата.
-Со ова очекувам конечно да се стави ред во искористувањето на крајбрежјето на Охридското Езеро за туристички цели, кое се провлекуваше како проблем, години наназад и значително ќе придонесе за исп…
Во Охрид денес се регистрирани 8 нови случаи со Коивд 19. Од нив шест позитивни лица се од Охрид, еден од Луково и еден од Радовиш. Ова се само еден дел од земените брисеви од понеделникот и вторникот. Во ЦЈЗ се очекуваат резултатите и од останатите земени брисеви, информира директорот Сашо Точков .
„Од тие 8 случаи два не се со место на живеење во Охрид. Тие се од Луково, струшко и Радовиш. Шест случаи се од Охрид, од кои пет од позитивните се поврзани со новиот кластер во Охрид кој започна да се формира, поврзан со семејно групирање, семејна веселба и еден поединечен нов случај кој што …
Почна да се снима првиот видео спот за рекламната кампања Дома си е дома, информира Љупчо Јаневски од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот. Во рамки на кампањата ќе се изработат лого, билборди и 10 промотивни видеа. Видеата ќе ги претстават најзначајните туристички дестинации и локалитети, претставени преку конкретни активности, производи од активниот туризам ккао што се планинарење, велосипедизам, параглајдинг, спортско качување итн., во комбинација со културни искуства, рурални предели и гастрономија, нагласува Јаневски. Кампањата треба да не мотивира сите, да овозможи што погол…