Јун 18, 2020

Бухова: Кластерите се од големи настани кои не можам да поверувам дека МВР не ги забележала

Во државава има 40 кластери како резултат на непочитување на мерките посебно забраната за групирање.  Голем број од заразените од овие кластери не ги даваат контактите, кажуваат грешни податоци или пак одбиваат да ги примат решенијата за самоизолација. кажа директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат Ирина Сотирова-Бухова. Директорката на новинарско прашање се осврна на зголемениот број случаи во Охрид. „ Податоците кои ги добивме за позитивни случаи, за случаите  од вчера, сеуште за тие случаи се водат епидемиолошки анкети во однос на контактите затоа не можам да одговора…

Јун 18, 2020

Денеска се снимаше промотивниот спот за Охрид во рамки на кампањата Дома си е дома

Убавините на Канео,  белите едрилици,  манастирскиот комлекс Свети Наум, Галичица  ќе бидат дел од промотивниот спот на кампањата „Дома си е дома“, што денес се снимаат во Охрид.  Во спотот ќе бидат вметнати и Вевчанските извори  , мостовите на Струга, реката Црн Дрим и гастрономските специјалитети од регионот. „Во план се 10 дестинации каде што ќе бидат прикажани повеќе од 60 тина атракции кои што ќе може да се посетта во Македонија и се надеваме веќе дека следната среда ќе го имаме и промовирањето  на првиот спот. Кампањата ќе оди освен на социјалните медиуми и по одреден број на ТВ и с…

Јун 18, 2020

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГЕОРГИЕСКИ ИЗВРШИ УВИД НА ТЕКОВНИТЕ ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ ВО ОПШТИНАТА

Градоначалникот Константин Георгиески денеска изврши увид на тековните градежни активности на повеќе локации во општина Охрид, кои се финансирани од општинскиот буџет. На улица „15-ти Корпус“ во тек е отстранувањето на стариот асфалт и се вршат подготвителни работи за поставување на новиот асфалтен слој на коловозот. Во рамки на проектот за реконструкција на оваа улица, се врши и изградба на четири потпорни ѕидови, а во завршна фаза е поставувањето на тротоарските рабници. Градоначалникот беше во посета и на градежните активности за реконструкција на улицата „Прва Македонска ударна бригад…

Јун 18, 2020

Димковски го најави повикот за финансиска поддршка за заштита на ознака за потекло

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, денеска беше во работна посета на Охридскиот регион. Оствари средба со дел од производителите на цреши. Во последниве три години има континуирано зголемување на површините со цреши за 23 отсто и зголемување на бројот на баратели за субвенции за цреши, кој е зголемен за скоро 30 отсто. Министерот Димковски посочи дека „охридската цреша“ од 2017 година е првиот регистриран назив со заштитена географска ознака. „Ние како земја имаме многу домашни земјоделски производи и традиционални специјалитети кои се надалеку прочуе…

Окт 31, 2021

17,67 % излезност во Охрид до 11 часот

Во Охрид е во тек гласањето на вториот круг од Локалните избори 2021 година. Според последните податоци од ДИК, од обработени податоци од 79 од 88 избирачки места, во Охрид до 11 часот на гласање излегле 8 357 граѓани или 17,67 %. Струга – 6 285 или 10,24 % Вевчани – 648 или 31,24 % Дебрца – 819 или 18,84 % Охриѓани гласаат по осми пат за избор на Локална власт, а може да направат избор меѓу двајца кандидати за градоначалник, Кирил Пецаков од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“ и Константин Георгиески од СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“. Има измени на ло…

Јун 18, 2020

Шест во Охрид, пет во Струга и 182 нови случаи на заболени со Covid-19

Во последните 24 часа се направени 1348 тестирање, а регистрирани се 182 нови случаи на ковид-19. – Скопје 107- Куманово 14- Штип 4- Тетово 23- Струга 5- Битола 2- Охрид 6- Гостивар 4- Струмица 1- Кочани 1- Берово 1- Ресен 13- Неготино 1 Починати се 6 лица, двајца пациенти од Скопје, двајца од Куманово и двајца од Тетово. Во ГОБ „8 септември“ починати се пет лица – двајца пациенти од Тетово, еден на возраст од 81 година хоспитализиран на 16 јуни и пациент на 72 години хоспитализиран на 12 јуни. Кај тројца пациенти вирусот е потврден постмортем – пациентка од Куманово на 64 години и уште д…

Јун 18, 2020

Охриѓани и стружани излекувани од ковид 19 може да донораат конвалесцентна плазма

Охридските и струшките пациенти кои прележале Ковид 19, а сакаат да спасат нечиј живот со дарување крвна плазма може да се пријават во Институтот за трансфузиона медицина од Скопје и на трансфузиолошките центри низ државата, инфромира д-р мед. сци. супспецијалист Рада Грубовиќ Растворцева, раководител на Институтот. Секој ден имаме се поголем број на заразени со ковид 19, а крводрувањето на конвалесцентна плазма нема да им наштети на донорите, вели д-р Грубовиќ Растворцева „Би ги поканила да се пријават во нашите трансфузиолошки центри. Најдобро е преку меил, тие доаѓаат директно до нас пр…

Јун 18, 2020

Туристичките агенции бараат укинување на одлуката на Владата дека при влез во државата мора да се приложи валиден негативен ПЦР-тест не постар од 72 часа

Туристичките агенции бараат укинување на одлуката на Владата дека при влез во државата мора да се приложи валиден негативен ПЦР-тест не постар од 72 часа. „Влезот во земјата без тест за сите наши граѓани или странци значи државен карантин од 14 дена, а потоа и домашна самоизолација“, велат од агенциите во престрест на утрешната прес-конференција, каде што ќе ги изнесат и образложат детаљно своите барања. Според нив, отворањето на границите под овие услови ја оневозможува нивната работа и велат дека никој нема да патува под вакви услови. Агенциите барааат отворање на границите, без вакви р…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top