Петрески, Гиновски и Павловски со овој гест покажаа дека ја подржуваат акцијата „засадија својата иднина“. Кандидатите за градоначалници од СДСМ Александар Петревски,од ВМРО-НП д-р Томе Гиновски и од ЛДП Боро Павловски,денес пред хотелот “Тино” засадија по една садница, со што на свој начин и се придружија на акцијата „Денот на дрвото“.Дрвјата, што денес ги посадивме со моите пријатели, убеден сум дека ќе растат успешно за разлика од оние кои се садеа во минатото, рече Александар Петрески. Денеска не учествувам во владината акцијата за садење дрвја, затоа што владата ја злоупотребува за …
Пресс конференција на ВМРО ДПМНЕ. Охриѓани и дадоа најголема поддршка на ВМРО-ДПМНЕ на минатите парламентарни избори и убедени сме, поддршката на граѓаните на претстојните избори ќе биде уште поголема, рече портпаролот на ОК на ВМРО ДПМНЕ Јованчо Секуловски.Охриѓани нема по втор пат да поверуваат на опција која 4 години стимулираше класичен конфликт на интерес, во кој советниците во општинскиот совет можеа истовремено да бидат и директори на јавни претпријатија. Нивната „компетентност“ сите ја видовме – Охрид деновиве буквално потона во ѓубре, рече на денашната пресс конференција портпароло…
Бурни реакции од Завод и музеј по вчерашната Јавна презентација на нацрт ДУП за дел од прва УЕ. Овој план е еден од ретките во кој нашите смерници не се почитувани и не се вградени, вели директорот Тања Бунташеска- Паскали. Како институција бевме вклучени во изготвувањето на планот и ги изработивме Заштитно- конзерваторските основи. На средбите со колегите од Полог Проект- Гостивар, фирмата изработувач на планот, и раководителот на Секторот за урбанизам, Бранко Арнаудоски, инсистиравме делови од планот да се корегираат. И покрај ветувањата дека ќе ги отстрани недостатоците пред планот да с…
Носителот на советничката листа на СДУ и претседателот на ОО на оваа партија денес ја посетија Боречката организација. Во разговорот со раководството стана збор за местото и улогата на оваа асоцијација но и за Поддржувачите на револуционерните придобивки.Потпретседателот на Социјалдемократската унија и носител на советничка листа ,Веле Митаноски, претседателот на ОО на оваа партија Марко Спасески, и дел од кандидатите за советничката листа на СДУ, денеска ја посетија боречката организација за Охрид и Дебрца. Во разговорот со претседателот на Боречката организација, Крсте Крстаноски, секрет…
На Македонија и нудиме здрава и модерна политичка опција, рече претседателот на Социјал- демократската унија. Да се излезе од црно- белиот свет- уште еднаш порачаа членовите од Социјал- демократската унија кои присуствуваа на вчерашната трибина насловена: Каков совет за општина Охрид. Како партија, на Македонија и нудиме здрава и модерна политичка опција, рече претседателот Лазар Еленовски кој дојде да им пружи подршка на членовите од советничката листа на СДУ.Носителот на Листата на советници од СДУ, Веле Митаноски, потенцира дека ќе се залагаат за измена на Законот за локална самоуправа. …
Акцијата за пошумување, „ Денот на дрвото засадија својата иднина“ наиде на масовен одзив кај граѓаните. Преставници од армијата , невладините организации и политичарите засадија чемпреси,борови, елки и диглазии. Помеѓу оние кои се одзваа на акцијата за пошумување беше и министерот за финасии Трајко Славески.Тој со своите соработници во Подмоље засади дрво.Еколозите исто така беа присутни на теренот и го истакнаа значењето на зеленилото во одржувањето на водните ресурси. Посакаа оваа акција да прерасне во светски дена на пошумувањето.Акцијата како успешна ја отцени и координаторот од ЈП М…
Со нив се нумерираат сијаличните места во градот и селските населби. Поголемиот дел од граѓаните не се запознати зошто ќе служи овој начин на евиденција. Никола Манески портпарол на локланаат самоуправа вели со оваа евиденција брзо и ефикасно ќе се отстрануваат дефектите. Граѓаните ќе можат со телефонско јавување да го посочат бројот на налепницата на сијаличното место кое не е во функција за да биде евидентирано и навремено отстранет дефектот.Стручните служби од локалната самоуправа со оваа постапка евидентирале 7000 сијалични места. Според нивната проценка на градот и селата им се…
Државата ќе помогне, ЕМО да го врати некогашниот сјај и да работи со полн капацитет. Ќе се обезбеди плата за сите вработени, а ќе има и нови вработувања, вети Вицепремиерот Зоран Ставрески при неговата посета на овој некогашен индустриски гигант.ЕМО ќе застане на здрави нозе, најави вицепремиерот Зоран Ставрески. Тој денес се рашета по овој некогашен индустриски гигант заедно со менаџерскиот тим на ЕМО со цел да ја увиди реалната состојба во која се наоѓа фирмата. Ставрески изјави дека за ЕМО и за целокупното охридско стопанство во блиска иднина има добри перспективи.ЕМО има квалитетни про…