ЛДП накратко се осврна на презентираните активности во текот на изборната кампања.„Со позитивната кампања внесовме нов имиџ во ваквите изборни циклуси“ изјави кандидатот за градоначалник од оваа партија Боро Павлоски.Со позитивната кампања, која ја водевме на овие локални и претседателски избори, настапивме без навреди упатени кон останатите конкуренти и со тоа воведовме еден нов имиџ. Ова го потенцираше Боро Павлоски кандидатот за градоначалник од оваа партија. Во средбите со граѓаните добивавме нови идеи и предлози кои ќе ги вклучиме во нашата работна програма, рече Павлоски. За поен…
Не дававме бомбастични ветувања, велат од општинската СДСМ. Ние имаме капацитет и доблест да се вложиме и на охриѓани им обезбедиме подобра иднина. Како што најавивме на почетокот, така и направивме- водевме позитивна кампања. Носителот на листата на кандидати за советници на СДСМ, Бранко трпчески, уште еднаш потенцира дека станува збор препознатливи имиња, докажани во својата професија.Се што не беше направено изминатите 20 години, не можеше да се реализира во 4- годишниот мандат. Пак се кандидирав за да ги довршам веќе започнатите проекти, рече кандидатот за градоначалник, Александар Пет…
Покажавме кој има визии, кој има идеи- се обрати кандидатот за градоначалник од НСДП, Ацо Попоски.Без идеи нема политика. Кога нема идеи нема ни политика, па така борбата на идеи се претвора во борба за власт. Власт како цел, а не како средство за остварување на политичките идеи. Ова е дел од обраќањето на кандидатот за градоначалник од НСДП, Ацо Попоски на последниот ден од кампањата.Ние не говоревме дека пред нас ништо не чинело и не постоело и дека животот почнува од нас, рече Попоски. Ние само сакаме да го смениме начинот на размислување – дека среќата на охриѓани ќе им ја донесе некој …
„На крајот сме од еден процес, кој, во недела, со изразената политичка воља на охриѓани и жителите на околните места, ќе го донесе новиот Совет на општина Охрид”, рече на денешната завршна прес-конференција, пред изборниот молк, Веле Митаноски, потпретседател на СДУ и носител на Советничка листа. Според Веле Митаноски, СДУ и тој самиот, оставиле печат на оваа кампања, пред се, со скромноста (по обем) во медиумската презентација, но и со еден нов квалитет, современ пристап.„Изборната кампања помина релативно мирно, со исклучок на повремените препукувања помеѓу партиите претенденти за градона…
Туризмот и контролната функција на советот во општината, главна тема на завршниот прес на носителот на советничката листа со реден број 13 Владо Цветкоски. „Советот на општината, својот придонес во развојот на туризмот треба да го даде преку риенвестирање на туристичката такса во маркетиншко промотивни активности поврзани со туризмот“. Истакна на денешниот завршен прес носителот на листата со реден бр 13 Владо Цветкоски. Од оваа советничка група ќе настојуваат развојните планови и инвестициони активности да бидат во функција на развојот на туризмот.„Во Охрид туризмот и неговата околина не…
ВМРО НП, прес конференцијата ја посвети на младите во Охрид и нивната реализација во општествениот живот. Според нив потребно е повеќе да се обрнува внимание на проблемите со кои се соочуваат младите.Во својата програма ВМРО НП, посебен акцент им дава на младите и на нивното фклучување во општествениот живот. Според Јоне Станковски носител на листата на советници, потребно е подобрување на квалитетот на живот кај младите, зголемување на нивниот стандард и намалување на девијантното однесување. Младите треба да се моторот во едно општество и затоа е потребно нивната енергија да се искористи …
„Проблемот на зависноста не е проблем само на конкретното семејство или на полицијата, а на сите нас“ Истакна на пресот пред дневниот центар, кандидатот за градоначалник од НСДП Ацо Попоски.Дневниот центар за лечење и ресоцијализациа на лица зависници, го посети кандидатот за градоначалник од редовите на НСДП Ацо Попоски. Попоски изјави дека небега од општествените проблеми и истакна дека истите се одговорност на секој граѓнин.„ Лицата корисници на услугите на овој центар се наши деца, кои во одреден момент без нивна вина се нашле во таква ситуација. Сите ние сме загрозени и под еднакво од…
Перо Стојаноски беше во придружба на кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ и раководството на ОК од оваа партија. Од останатите изборни активнисто, на оваа партија, денес ве информираме и за пресс конференцијата, на која акцентот беше ставен на здравството. Министерот за образовение Перо Стојаноски, придружуван од кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ, Кирил Трендафилов Нанче, и раководството на оваа партија денеска го посетија едукативниот центар Пи СИ.Целта на посетата беше министерот да се информира како функционира приватниот сектор во делот од образованието. „Ние како држава т…