Апр 23, 2009

Објавени конкурсите за избор на директор на трите јавни претпријатија

ВД директорите на МЈП Проаква и ЈП Комуналец до понеделник ќе ја држат охридската јавност во неизвесност. Не откриваат дали ќе се пријават или не на веќе објавените конкурси за избор на директор на трите јавни претпријатија, вклучувајќи го и ЈП за стопанисување со спортски објекти Билјанини извори. „Станува збор за многу одговорна функција и затоа треба добро да се размисли“ , вели Боро Павлоски, ВД директорот на ЈП Комуналец.Дали ќе се пријави на конкурсот за избор на директор не открива ниту актуелниот прв човек на МЈП Проаква, Бранко Трпчески. Со оглед на тоа што во моментов е член на  с…

Апр 23, 2009

Ден на децата

Овој ден на најмладите  им е поклон од револуционерот Ататурк, велат од здружение на граѓани карабегомала. Прославата годинава за прв пат се одржа на плоштадот Чинар.Учениците од Турска националност денеска го слават националниот празник на детето. „До лани овој ден во Охрид се прославуваше во основните училишта, а организаторот најави дека од годинава,прославата ќе биде на плоштадот Чинар.  Во подготвента 30 минутна програма учествуваа деца од ОУ Братство единство од прво до осмо одделение, но и од клонот Развигорче од градинката Јасна Ристеска.Денешната програма со децата ја подготвувавме…

Апр 23, 2009

Александар Петрески го кани премиерот во Охрид

Градоначалникот Петрески  денеска преку допис го покани Премирот во Охрид да разговараат за проекти кои би биле во интерес на сите. Тој вели, овој град и неговите неисцрпни можности за инвестиции можат најмногу  да придонесат во Македонија. „Во Охрид, може да има најмногу странски инвестиции кои би придонесла светската криза скоро да не се почувствува во државава“, вели Петрески. За одлуката на владата да ги замрзне сите инвестиции на поголеми проекти поради светската економска криза, Петрески со коментар„Кризата постоеше и пред изборите кога владата ги најавуваше капиталните инвестиции.  Ј…

Апр 23, 2009

Охриѓани и книгата

Библиотеката „Григор Прличев“ го одбележа светскиот ден на книгата во услови кои не доликуваат на Национална установа.Охриѓани се помалку другаруваат со книгата, посебно тоа се однесува на помладата популација која освен задолжителната лектира се поретко чита. Ова не е случај со повозрасните кои не се откажуваат од навиката за читање. Лилјана Мартиноска, библиотекар од НУ библиотеката „Григор Прличев“  вели дека читателите кои ги посетуваат се помалку се заинтересирани за класиците, а се повеќе ги  бараат  бестселерите.Библиотеката Григор Прличев го одбележа светскиот ден на книгата во усло…

Апр 23, 2009

Прва работилница за еколошки мрежи

Во хотелот “Истатов“ во Дојран, денеска започна со работа дводневната работилница за “Развој на национална еколошка мрежа во Република Македонија (  МАК-НЕН ). Со ова започна проектот кој ќе го спроведуваат Македонското Еколошко Друштво и Европскиот центар за заштита на природата, поддржани од Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Македонија. Главна цел на овој проект е развивање на Национална еколошка мрежа во Република Македонија, како дел од Пан-Европската еколошка мрежа. Во проектот ќе биде третиран проблемот со крупните ѕверови (кафева мечка, волк и рис)….

Апр 22, 2009

Декларација за зелени општини во Македонија

Македонија да има што повеќе Зелени општини. Од ДОМ  предлагаат  политичките чинители и надлежните институции да усвојат Декларација за зелена Македонија. Зелените општини значат подобро утре за македонските граѓани, значат европска Македонија, стои во предлог Декларацијата што ја предложи ДОМ.Партијата за Демократска обнова на Македонија – ДОМ, предлага политичките чинители и надлежните институции да усвојат Декларација за зелени општини во Македонија. Со овој документ тие би се обврзале на конкретни мерки за заштита на животната средина, што е една од главните заложби и на ЕУ кон која се …

Апр 22, 2009

Ден на планатата земја и местото на Македонија

Денеска во светот и Македонија се одбележува денот на планетата земја. „На листата, еколошки најчисти земји на светско ниво,Македонија е рангирана на 74 место, а во европски рамки е на самото дно.Од нас како поединци зависи нашето опкружување.Секоја мала еколошка постапка помножена со голем број луѓе дава добробит за целата наша планета“, вели Ѓоко Зороски.Секретарот на билатералниот секретаријат на охридското езеро, Дејан Паноски, вели дека во периодот на политички драми кои се случуваат во светот  и во периодот на економските глобални кризи сеуште пред нас стои надвисната една од најголем…

Апр 21, 2009

Не сакаме предавател во наше маало!

Протести во Лескоец поради изградба на базна станица за мобилна телефонија на кров на приватна куќа. Граѓаните по трет пат покажуваат единство и велат дека ќе направат се антената да не се постави.  Од Локалната самоуправа појаснуваат – документацијата за градба ја издало Министрството за транспорт и врски.Жителите на Лескоец денеска протестираа. Тие неколку часови го стопираа сообраќајот на улицата „Тоде Лупески“, искажувајќи го со тоа револтот поради поставувањето на антена од мобилен оператор на кровот од  куќата на еден нивни сограѓанин. Лесковчани, по однос на ова прашање, по трет пат …
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top