Јун 24, 2020

Проширена листата со производи кои може да се плаќаат со картичката „Купувам домашно“

Од денес се проширува листата на продавници и услуги кои ќе се достапни за граѓаните со картичката „Купувам домашно“. Со новата уредба се додадени нови дејности и услуги. Граѓаните покрај храна, ќе може да купуваат лекови во аптеки, во продавниците за текстил, обувки, предмети од кожа, спортска опрема, продавници за книги и продавници за мебел, осветлување, производи за домаќинство. Може да платат и за фризерски услуги, во салоните за убавина и за други услужни дејности. Домашната платежна картичка дополнета и со услужни дејности во хотели, одморалишта, кампови и други објекти за сместувањ…

Јун 24, 2020

Од 1 јули со работа почнуваат и аеродромите во Охрид и Скопје

Врз основа на препораките на Комисијата за заразни болести, Владата на Република Северна Македонија на 72 седница, што се одржа синоќа, донесе одлука од петок, 26 јуни 2020 година, целосно да бидат отворени сите гранични премини за непречено движење на патници и возила без приложување на ПЦР тестови, и без упатување до домашна изолација или спроведување во задолжителен државен карантин. Владата донесе и одлука од 1 јули, среда, да бидат отворени за сообраќај Меѓународниот аеродром Скопје и на Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид. Согласно овие одлуки Владата денеска донесе одлука да би…

Јун 24, 2020

20-тина избирачки места во Охрид не ги исполнуваат условите за безбедно гласање

Ќе има преместување на избирачки места во петтата изборна единица во Охрид за гласањето на претстојните предвремени парламентарни избори. Од 89 гласачки места досега се констатирало дека 20-тина избирачки места во Охрид не ги исполнуваат условите според протоколите за безбедно гласање на избирачите. Ова го покажал досегашен увид на состојбата на избирачките места направен од страна на Државната изборна комисија од подрачното одделение на избирачките места во Охрид и Дебрца. Во општина Дебрца од увидот на 28 -те избирачки места се констатирало дека се безбедни за гласање и нема да има промен…

Јун 24, 2020

ОХРИДСКА БАНКА ЌЕ ВРШИ ПРЕДВРЕМЕНА ИСПЛАТА НА ПЕНЗИИТЕ ЗА МЕСЕЦ ЈУНИ

Охридска банка АД Скопје ги известува своите клиенти дека ќе врши исплата на пензии за јуни 2020 година во периодот 26.06.2020 година – 01.07.2020 година. Од 26 јуни пензиите ќе бидат достапни за подигнување преку мрежата од 120 банкомати на Охридска банка и Штаермеркише Шпаркасе Групацијата каде што подигнувањето средства од дебитна картичка е без провизија. Исплатата на јунската пензија преку благајните во експозитурите на Охридска банка АД Скопје почнува од 26 јуни според однапред дефиниран распоред односно: Висина на пензија26.06.2020 год. (петок)До 11 000 денари29.06.2020 год. (поне…

Окт 31, 2021

50,82 отсто излезност во Охрид до 17 часот

Во Охрид до 17 часот своето гласачко право го оствариле 26 644 граѓани, односно 50,82 отсто, според последните информации на Државната изборна комисија. Струга – 22 680 или 36,94 % Вевчани – 1 568 или 75,60 % Дебрца – 2 380 или 54,74 % Инаку, излезноста во вториот круг до 17 часот е за речиси 2 отсто повисока од првиот круг на локалните избори. Како што соопшти ДИК, според 83,29 отсто од обработените податоци одѕивот до 17 часот на ниво на држава е 42,85 проценти. Во првиот изборен круг, во истиот временски интервал таа изнесуваше 40, 98 отсто.

Јун 24, 2020

ЗАПОЧНУВА АСФАЛТИРАЊЕТО НА УЛ. „15ти КОРПУС“

Започнуваат активности за асфалтирање на ул. „15 ти Корпус“. Поради тоа учесниците во сообраќајот потребно е да ги користат алтернативни патишта или доколку постои можност и целосно да се избегне движењето по оваа улица.Активностите ќе започнат во 05:00 ч. наутро и ќе ги изведува АД „ Илинден “ – Струга .

Јун 24, 2020

ОХРИДСКИТЕ СМЕСТУВАЧКИ КАПАЦИТЕТИ МОЖАТ ДА СЕ РЕГИСТРИРААТ НА ПЛАТФОРМАТА „ДОМА СИ Е ДОМА“

Издавањето на ваучери за домашен туризам е мерка која беше најавена во третиот пакет економски мерки на  Владата на Република Северна Македонија, за поттикнување на домашната економија и поддршка на туристичко-угостителскиот сектор.Граѓаните ваучерите од 6.000 денари за домашен туризам ќе можат да ги користат од 15 јули до 15 декември 2020 годинаНа платформата Domasiedoma.gov.mk до 5-ти јули ќе бидат објавени сите даватели на туристички услуги кои се пријавиле да бидат дел од програмата.Општина Охрид ги информира сите регистрирани даватели на туристички услуги кои се заинтересирани да прима…

Јун 23, 2020

OK на ВМРО ДПМНЕ: Охрид и туризмот не добиваат никаква помош ниту од централната, ниту од локалната власт

Охрид и туризмот не добиваат никаква помош ниту од централната, ниту од локалната власт, за да излезат од лавиринтот на коронавирусот. Сезоната пропадна без да почне, приходи нема, а трошоците не само што стојат, туку секојдневно растат, порача на денешната прес конференција Перчо Божиновски, портпарол на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид. „Факт е дека власта немаше слух за потребите на туристичките агенции, туристичките водичи, сопствениците на пловни објекти. Зошто власта не ги ослободува угостителите од плаќање закуп за летни тераси за пропадната сезона? На угостителскиот сектор требаше да му се…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top