Советникот Борис Стефаноски, од Вмро Дпмне иако најави дека нивната советничка група ќе свика седница доколку тоа не го направи претседавачот до крајот на неделава, не кажа конкретен термин. Стефаноски, кажа дека денес бил закажан состанок од страна на советникот на грдаоначалникот на кој ќе се формираа Комисиите, а очекувал да се утврди и датум за седницата. Но, тој непријатно се изненадил затоа што состанокот не се одржал. Стефаноски смета дека на овој начин намерно се одолговлекува датумот за одржување на седницата. Од друга страна, советникот на градоначалникот Владо Чингоски вели д…
Европската унија треба да собере храброст и ги прими земјите од регионот во свое друштво.Со тоа ќе се намалат и нивните, но и нашите проблеми. Визната либерализација на земјите од регионот и понатаму им задава главоболка на земјите од регионов. Што поскорото влегување во друштвото на Европската унија беше тема на неофицијалните разговори на претставниците на Македонија, Црна Гора, Хрватска, Албанија, Босна и Херцеговина и Србија. Официјално пак, тие се сретнаа да разговараат за миграцијата, бегалците и азилот во рамки на еднодневниот регионален форум на МАРРИ иницијативата кој се одржа дене…
Станоиздавачите на средба со надлежните ги повторија старите проблеми, на кои добро платежните туристи им се жалат и бегаат од Охрид. Голем број од нив ги наведоа добро познатите проблеми како што се бучавоста од кафулињата, немањето јавни тоалети, паркинг просторот, недоволната хигиена, дивите станоиздавчи. Јасминка Фргачиќ од Вила „Нина“ истакна дека ако Охрид сака да развива елитен туризам проблемите мора да ги реши. Бучавоста е добро познат проблем кој со години се провлекува и никако да се реши, а гостите од бучавоста веднаш си заминуваат. Сега надлежните ветуваат дека ќе се зафатат со…
За овој проблем, редакцијата на ТВМ во неколку наврати известуваше за безмилосната узурпација на зелениот појас. Но, со амин на советниците од минатиот состав, кои го изменија деталниот урбанистички план за крајбрежјето, се дозволи градба на паркинг простори на потегот од хотелот Ројал до хотелот Стил Гарден. Бидејќи касата на локалната самоуправа немала пари за оваа намена тоа право им беше отстапено на хотелиерите сами да инвестираат во градењето на паркинг просторите пред нивните објекти.Објективот на нашата камера денес не регистрира ништо ново. Пред сите хотели е изграден простор…
Родителите на трето одделенците загрижени за безбедноста на своите деца, по веста дека се организира излет во училиштата со брод до Св. Наум. Излетот засега го има реализрано само ОУ „Григор Прличев“. Раководителите на останатите училишта се уште не се одлучиле како ќе ја изведат ескуризјата. Родителите се плашат за безбедноста на децата кои треба да патуваат повеќе од еден час на брод.Повеќе училишта сеуште не ја имаат реализирано пролетната ескурзија и чекаат согласност од родителите. Директорот на ОУ Христо Узунов, Оливија Јанева Пирузева вели дека сеуште не одлучиле како ќе ја изведат …
Сепак граѓаните и понатака се жалат на изгубено време и потрошени нерви во одделенито за катастар. Директорот на државниот завод за геодетски работи, Љупчо Ѓорѓиески е задоволен од промените во одделението за катастар. Тој признава дека во изминативе две години на средбите со граѓаните имало голем број нерешени работи. Мислењето на директорот Ѓорѓиески не го делат граѓаните кои имаат несредени работи во одделението за катастар.Директорот на државниот завод за геодетски работи Љупчо Ѓорѓиески изјави дека во катастарот има поедини случаи кои не се решени, но од катастарот ќе се потрудат пр…
Со пригодна свеченост на Плаошник се одбележа завршувањето на високото образование на 150 млади луѓе од Охрид и земјава. Дипломите им беа доделени во присуство на нивни роднини и пријатели. Деканот на Факултетот за туризам и угостителство, Софронија Миладиноски, потенцира дека е задоволен од бројот на дипломирани студенти, кој од година во година бележи пораст. Некогаш тоа беа само 15% од вкупно запишаните студенти, вели Миладиноски, сега годишно дипломираат од 75- 80%. Согласно тоа, најголем интерес за упис идните студенти покажуваат за насоките: осигурување, гастрономија, хотелиерство и …
Под мотото „За посреќно детство“ Црвениот крст од Охрид организира хуманитарна спортско-рекреативна акција за децата од социјално загрозените семејства во Охрид и Дебрца. Само со донација од 30 денари секој граѓанин може да усреќи некое дете.Во сабота ќе се одржи третата хуманитарна спортско-рекреативна акција во која ќе се прибираат средства од спонзори и донатори. Младите пак можат да земат учество во различни спортско-рекреативни содржини купувајќи учеснички број кој чини 30 ден.Секој кој ќе купи учеснички број за акцијата ќе може да се натпреварува во повеќе дисциплини и тоа шах, пикад…