Јул 21, 2009

„Високи остварувања од ниската земја“

Во организација на фондацијата „Културна помош“ од Холандија и здружението „Јавна соба“ од Македонија од денес до 26ти овој месец , Охрид ќе биде домаќин на Холандски филмски фестивал насловен како „ Високи достигнувања од ниската земја“. Традиционалните, длабоки и втемелени врски се основа за организацијата на овој фестивал, кој ќе придонесе за продолжување на туристичката сезона, вели Тони Тунтев, заменик на градоначалникот на Охрид.Холандскиот филмски фестивал е замислен како ротирачки фестивал, чија појдовна точка е Охрид. Истиот има за цел да ја анимира публиката на еден интересен начи…

Јул 21, 2009

После Израел и Египет „Монистра“ на Охридско лето

Ова е уште една група која ги негува старите народни песни што е доказ дека младите се повеќе се заинтересирани за македонскиот етно фолклор кој е надалеку прочуен.  Етно атракција на Охридско лето. „Монистра“ е македонска група која во јавноста е присутна од 2002 год. Гостувањето на Охридско лето не е случајно, вели Тони Симоновски директорот на фестивалот. Тој додава дека се работи за музичари кои ги имаат освоено сите симпатии како на домашната така и на светската публика.Менаџерот на Македонската етно група „Монистра“ Бранко Јовевски, вели дека чест е што настапуваат на Охридско лето. Д…

Јул 21, 2009

Судот се отвара за граѓаните

Деталната реконструкција што се изврши врз судската зграда при Основен суд во Охрид, освен што ќе ги подобри условите за работа со странките, ќе овозможи и поголема транспарентност. Основниот суд од Охрид се отвара пред јавноста. Инвестицијата од 600 000 американски долари добиени преку проектот на Светска банка за правна и правосудна имплементација, ги подобри условите за работа во Охридскиот суд. Тоа се однесува на вработените во судот како и на граѓаните кои се странки во судот. Податокот дека во 2008 година драстично е намален бројот на судски предмети претставува добар показател дека с…

Јул 21, 2009

Во Охрид ќе никне нов споменик

Мора да го има Св. Наум во централното градско подрачје, велат иницијаторите на проектот – охридските пратеници. „Св. Климент и Св. Наум треба да се еден до друг. Ако го додадеме фактот дека во близина се нивните учители Светите Кирил и Методи, тогаш имаме целина“, велат охридските пратеници Александар Николовски и Цветко Грозданов. Тие денеска јавно ја изнесоа идејата и нивна заложба, во централното градско подрачје, наспроти рибниот ресторан, да се постави спомен одбележје на Св. Наум Охридски чудотворец. „За оваа иницијатива размислувавме многу долг период, но сега дојде моментот да подн…

Јул 17, 2009

Лето во Охрид, културен, туристички и социлошки феномен

Ако природата сиот раскош и убавина ги истурила во Охрид, не може а да не се наметне прашањето, зошто години, па и децении наназад потфрламе во основата за исполнување на целта на туризмот – неговата организација.Охрид, со својата местоположба и природни убавини, никого неможе да остави рамнодушен. Убавините на Плаошник, архитeктурата во стариот дел на градот,  локалитетот  „Заливот на коските“, манастирскиот комплекс Св. Наум, 365-те цркви, природната убавица Галичица, секако бисерот на Охрид – Охридското езеро, може да го направат град на вечноста. Но, Охрид во моментов очигледно е жртва …

Јул 20, 2009

Базар на ракотворби во Охрид

Накит, филигран, макраме,дрво, слики во срма и многу други интересни изработки можат да се видат и купат на базарот на ракотворби. Највозрасниот учесник  на оваа манифестација,  Лаура Џукиќ вели дека посетителите навистина се заинтересирани за она што годинава се нуди на базарот на ракотворби.На манифестацијата се претставуваат 15 автори,а меѓу нив и шестооделенката Тијана Толеска.Таа иостанатите учесници воодушевени од ваквата иницијатива.               Туристите во градот кои го посетуваат овогодинешниот базар на ракотворби, посветуваат големо внимание на рачните изработки. Овие дела прет…

Јул 20, 2009

Повторно злато кај Горна Порта!

Најголем дел од остатоците пронајдени во 17 гробови, датираат од македонско-хелинистичкиот период, односно некаде од 5-ти век пред нашата ера, потврдија од упрвата за културно наследство.Пронајдоците се од непроценлива вредност како за Македонија, така и за археолошката наука воопшто, истакна директорот на Управата за заштита на културното наследство, археологот Паско Кузман.Тој појасни дека на локалитетот помеѓу Горна порта и црквата „Света Богородица Перивлепта“ во кратко време се откриени 17 гробови, од кои најголем дел се од македонско-хелинистичкиот период, односно некаде од 5-ти век п…

Јул 20, 2009

Отварање градски форум

Градски форум за излез од очајно лошата состојба на туризмот во Охрид. Ова е предлог на советниците на ВМРО-ДПМНЕ за излез од катастрофалоно лошата состојба на туризмот во градов. Идејата за отварање на форум од ваков тип е на група советници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Тие на ваков чекор биле потикнати од лажните изјави на одговорните луѓе во градот. Објаснуваат дека на полето на туризмот не цветаат рози како што се кажува, и суштинската слика е сосема нешто друго. Советникот Дејан Паноски вели дека негативности има насекаде но најизразени се во полето на туризмот.Зошто туризмот излегува од…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top