На денешната седница како итна беше предложена и прифатена точката за издавање на Сараиште под концесија. Невообичано, но вистинито, за прв пат и советниците и градоначалникот истомисленици. Со Одлуката на Министретвото за транспорт и врски и Сараиште да го издаде под концесија за плажа, не се бираат ни начин ни стредства да се закупи секоја педа охридско земјиште во вода и на копно. За овој проблем ТВМ информираше во повеќе наврати, а денес и советниците констаираа дека под итно треба да се реагира и да не се потпише договорот за закуп на култното место Сараиште.Судбината на оваа месност …
Целта е максимално искористување на средствата од ОБСЕ наменети за потребите на општините. Петрески и Мерко во шема. Во иднина тие заедно ќе можат да аплицираат за искористување на грантовите на ОБСЕ со договор за меѓуопштинска соработка. Тоа е случај само во општини каде што има мешано население како што е тоа во Охрид и Струга. Договор за заедничка соработка веќе е постигнат изјави Петрески .Предлог одлуката за одобрување на проектот за меѓуопштинска соработка помеѓу општините Струга и Охрид бил донесен и како заклучок на Комисијата за туризам и локален економски развој.Договорот беше усв…
Специјално возило донација од Швајцарија ставено на располагање на општина Охрид. Посетата на градоначалникот Петрески во Швајцарија резултираше со донација на автоматизирано возило кое за 5-6 дена ќе оперира низ охридските улици. „Станува збор за возило кое ќе извршува повеќе функции за да се постигне комплетна хигиена во градот. Преку ден ќе ги чисти шахтите а навечер ќе се грижи за хигиената на улиците. Нашите соработници од Швајцарија Цирих, ни помогнаа да дојдеме во контакт со тамошните локални власти и некои други здруженија од кои ја добивме оваа донација“, рече Петрески.Важно е што …
Во рамки на годинешната културна летна манифестација „ Деновите на толеранција“ изложени се 30 најдобри цртежи од претходно пријавени 340 цртежи направени од деца низ цела Македонија.Изложба на ликовни творби на млади уметници од основните училишта од цела Македонија, кои твореле на тема „Моето поинакво другарче“може да се види во центарот за култура „Григор Прличев“ . Овие прекрасни дела се за потребите на културната манифестација „Денови на толеранција“.Целиот проект претставува заокружување на ликовниот конкурс кој Полио плус го спроведе во партнерство со Министерството за труд и социјал…
Вечерашниот концерт ќе понуди едно сосема ново доживување, велат организторите на фестивалот. Пет млади гитаристки од Австрија, Унгарија и Германија, вечерва ќе се претстават на сцената на „Св. Софија“. Благодарение на нивните аранжмани, составот е револуционерен во полето на музиката за класична гитара. Тие создаваат освежувачки нов звук, кој дава нова димензија на популарната класична музика, како и на помалку познатите композиции, велат музичките селектори на фестивалот.„ Скоро сите аранжмани се направени од нас самите и вечерва публиката ќе има можност да ужива во истите“, велат членови…
Цветкоски гледа можност да ги исполни своите предизборни ветувања дадени на граѓаните во политичката опција на ВМРО-НП. Ова е уште еден доказ оти луѓето веруваат во она што го нуди оваа партија, вели претседателот на партијата.Политика на долги патеки. Тоа е главната причина заради која независниот советник Владо Цветковски заедно со неговите симпатизери се припојуваат кон ВМРО-НП. Цветкоски изјави, дека неговото преминување во ВМРО-НП ќе придонесе за зацврстување на единството во партијата која работи на принципот на еднаквост и максимално меѓусебно почитување.Инаку, Владо Цветкоски од 1…
Спортските риболовци од Охрид планираат деградираниот простор на поранешната гаража за чамци во сопственост на Хидробиолошки завод.Спортските риболовци од Охрид планираат деградираниот простор на поранешната гаража за чамци во сопственост на Хидробиолошки завод, која веќе 10 години е запуштена да го претворат во атрактивна локација. Флората и фауната на Охридското езеро, во аквариум. Охридските спортски риболовци се обратија до надлежните институции, со цел да им го отстапат стариот руиниран објект, кој веќе цели 10 години е запуштен. Од него риболовците сакаат да направат едукативен цен…
Пеколна социјална и економска есен ги очекува македонските граѓани, изјави претседателот на ВМРО НП, Маријан Додовски. Оваа партија ќе формира фондови за социјална и економска подршка на граѓаните во општините.Фактите зборуваат дека невработеноста е се поголема а со самото тоа расте и бројот на социјално загрозени семејства. Во есенскиот период се очекува уште поголема ескалација од социо-економски аспект изјави претседателот на ВМРО-НП, Маријан Додоски. ВМРО НП започна со активности за есенското функционирање на партијата. Денеска се одржа редовна седница на Извршниот Комитет на ВМРО-НП во…