Агонијата на Марјан Котески трае веќе пет години. Неговата животна приказна го приморала да тропне и на вратите од Премиерот Груевски и до повеќе други министерства. Во нашата редакција со надеж за помош, денеска се обрати Г-динот Марјан Котески- вработен во ПШС Галичица. „Мојата голгота започна на 2ри март 2004год. По пет години малтретирање, деградирање и шиканирање од страна на мојот раководител Илија Дуклески, сега сум половина човек со нарушено психичко и физичко здравје. Последното мое преместување во Ресен дополнително ја влоши мојата состојба, а и односите со луѓето кои беа вмешан…
Во голема контрола која се одвивала пред неколку дена инспекторите од дирекцијата за храна ставиле клуч на 5 угостителски објекти. Во акцијата биле исконтролирани 56 ресторани, летни тераси, хотели и одморалишта на потегот од Св.Наум па се до Горица 3.Инспекторите при тоа издале 32 решенија за нехигиена во објектите и за непоседување на санитарни книшки и непосетен курс по хигиена на вработените лица. Земени се и 48 мостри од храна кои се дадени на испитување во заводот за здравствена заштита. Од нив само една мостра покажала позитивен наод со што фирмата и одговорното лице заработиле п…
Овој ден е посветен на големиот ликовен творец Марко Бутина од Словенија, кој лани починал во Охрид. Бутина важел за пионер на компјутерската графика во Словенија. Преку неговата изложба на фестивалот Охридско лето продолжува соработката на културно ниво помеѓу овие две земји.Врвните уметнички имиња не се забораваат. Годинава во рамките на Охридско лето, Словенија ќе биде претставена со уметничките слики на Марко Бутина кој веќе не е меѓу нас. Како претставник на уметничките дела на Бутина се јавува неговата сопруга Милјана. Со оваа изложба таа го продолжува веќе започнатиот меѓународен пр…
Сопственикот Јован Димовски, одлучи јавно да проговори по цела деценија молк. „Јас сум жртва на корумпрано судство и политички сплетки на одредени моќници“, тврди Димовски.„Против мене се јавија Охриѓани и сакаа да ме бојкотираат“, вели сопственикот на штедилницата Лавци, Јован Димовски. „Два и пол месеци бев во притвор за ништо.Никаква грешка немам. Ме затвотија за да се задоволат апетитите на другите. Ме пуштија во стечај, нашто се жалев. Врховниот суд на Р Македонија ми ја врати штедилницата назад. На таа одлука општинскиот суд од Охрид, со нови обвинувања, штедилницата не била моја, а …
Криминалот е откриен и поднесена е кривична пријава на лицето Д.Д. од страна на Секторот за Внатрешни работи Охрид.Криминалот деновиве доминантен во извештаите на СВР Охрид. Најнова е кривичната пријава против Д.Д (34) од Охрид, за сторено кривично дело „послужување во службата“. Пријавената, во периодот од мај до јули оваа година, во својство на фактурист во ЈЗУ Општа болница Охрид, средствата во висина од 222.530 денари, наплатени за дадени здравствени услуги на пациентите, не ги евидентирала и внела во благајната,туку противправно ги присвоила. Ова е дел од извештајот на СВР Охрид. Секој…
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Боро Павлоски од Охрид за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Поранешниот директор на ЈП „Охридски Комуналец“ Боро Павлоски, во април 2007 година склучил договор со АД „Галеб“ за издавање под закуп на изградено градежно земјиште „Нова автобуска станица“ во Охрид. Во 2008 година договорот повторно бил обновен, иако АД „Галеб“ не ја платил закупнината од 2007 година. Истото се случило и во 2009 година, каде по спроведената постапка за издавање под закуп со јавно наддавање по оглас, обвинетиот Б.П. ги игнорирал укажувањата и сугести…
Капетанот Љупчо Настоски најави дека денеска поднеле предлог до владата за ограничување на движењето на скутерите по езерото. „Мора да делуваме на ваков начин , затоа што скутерите едноставно дивеат по плажите“, вели капетанот Настоски.Капетанијата предлага во периодот од 11 до 18 часот да се забрани пловидба на скутерите.„Реакции очекувам од скутерџиите, но тоа е нивно право, за нас во моментов најважни се капачите и нивната безбедност“, вели капетанот Настоски. Годинава пријавени се 2 инциденти, скутер со скутер, и скутер со педалинка. Постојано се вршат инспекциски надзор на овие времени…
Во вчерашниот број на дневниот американски весник Washington Post, напишана е колумна од страна на Крејг Витлок за се поголемиот јаз помеѓу македонско-грчките односи и правото кое и двете земји го полагаат врз името на Александар Македонски. Во колумната, на долго и широко се наведува за имињата на националниот аеродром и главниот автопат кон Грција, како и за статуата на Александар која треба да се постави на градскиот плоштад во Скопје. Централно, анализате е посветена на основните прашања: Дали имаме право да се нарекуваме како што сакаме, иако сме резидуален остаток од поранешна Југосл…