Авг 6, 2009

Што се случува со манифестацијата „Охридско лето“

По вечерашното откажување на албанската драма, критичарите на фестивалот „Охридско лето“, а и поширокиот аудиториум се прашуваат што навистина се случува со оваа манифестација и во која насока оди сето тоа. Фестивалот „Охридско лето“ го осбележа своето 49годишно постоење. Во сиот тој период на сцената настапиле плејада на врвни уметници, музички виртуози како Леонид Коган, Андреј Навара, Евгениј Бушков, московските виртуози на чело со Едвард Граг и многу други врвни имиња од музичката, а и театарската сцена.Во последниве години таа традиција ја надополнуваат настапите на Хозе Карерас и Енио…

Авг 5, 2009

После Скопје и во Охрид нови споменици…

Културното наследство олицетворение на Охрид. Иницијативите за изградба на спомен обележјата заслужуваат подршка. Во таа насока беше денешната предлог одлука за поставување на спомен обележје на рускаската Кнегиња Олга и Кнезот Владимир која од страна на советниците на советот на општина Охрид беше едногласно прифатена. Дејан Паноски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека конечно доаѓа до израз она што навистина му треба на градот.Таткото на градот Петрески рече дека поставувањето на ова спомен –обележје ќе значи придавање важност на еден сегмент од богатото историско минато на Охрид. Тоа се однесува на и…

Авг 5, 2009

Горно Лакочереј ќе има чиста вода за пиење

Месната Заедница на Лакочереј,  на ЈП„ Проаква“ му ја даде довербата да се грижи за водоснабдителниот систем. Живот за жителите на Горно Лакочереј. Председателот на Месната заедница на селото, Климе Тренески рече дека конечно се стави крај на бројните проблеми околу водоснабдувањето.  ЈП Проаква ја доби довербата да се грижи за водоснабдителниот систем. Тренески рече дека со овој потег работите тргнаа на добро.Првиот човек на ЈП Проаква, Бранислав Трпчевски  рече дека пред да започнат со своите активности треба добро да се скенира состојбата на терен.Трпчевски очекува дека и останатите месн…

Авг 5, 2009

Седницата започна со час и половина доцнење

Со кратки дискусии од страна на претседаталите на одредени работни дискусии, беа прифатени сите 10точки предвидени со дневниот ред.Со невообичаено доцнење од час и половина започна петтата седница на советот на Општина Охрид. Долготрајната дебата помеѓу Градоначалникот и граѓаните од 15тата урбана единица, беше причина поради која советниците почнаа со работа со толкаво доцнење. Граѓаните од овој дел на градот засегнати од состојбата која им се наметнува со дадениот плански опфат, не отстапуваа од барањето истата да биде изземена како точка на дневен ред. Барањето беше прифатено од страна н…

Авг 4, 2009

Паркинг ни за лек

Охриѓани и бројните гости маки мачат за паркирање на своите возила. Проблемот се провлекува повеќе години, а надлежните неможат да најдат решение кое во целост би ги задоволило потребите на охриѓани и многубројните гости кои доаѓаат во градот.Каде да паркирам? Прашање кое се поставува постојано.  Паркинг просторот болна точка посебно во летниот период. Во Охрид изминатиов викенд имаше околу15 000 илјади возила со кои буквално се блокира градов. Надлежните велат дека се подготвува стратегија за решавање на сообраќајната инфраструктура, но се скептични дека и со неа ќе се реши проблемот. Зора…

Авг 4, 2009

„Свингел сингер“ за 49 – от роденден на „Охридско лето“

Фестивалот „ Охридско лето“ го прослави 49тиот роденден. Како подарок за фестивалот, но и за сите љубители на убавата музика е настапот на најголемата светска „акапелла„ атракција, групата „Свнгел сингерс“.„Големи имиња од светската музичка сцена, настапи на врвни музичари од Македонија,но и актери познати ширум светот, е резимето на49 годишното постоење на фестивалот „Охридско лето““, вели директорот Тони Симоновски. „Долгогодишното опстојување на оваа манифестација се потпира токму на квалитетот кој истата го нуди. Далечната 1961ва со настапот на нашата музичка Дива,Ана Липша Тофовиќ во ц…

Авг 4, 2009

Ќе се учи за НП Галичица

Од есен охридските основци ќе учат повеќе за  вредностите на НП Галичица. Охридските основци со стартот на новата учебна година ќе  стекнуваат повеќе знаења за значењето на националниот парк „Галичица“ вели директорот на оваа установа Зоран Ангелоски. Истражување спроведено од страна на Факултетот за туризам и угостителство покажало дека основците  имаат мали познавања за вредностите на НП Галичица. Сега, во соработка со училиштат овој пропуст ќе се надминува. Учениците ќе  добиваат повеќе знаења преку брошури кои ги изработува паркот. За нив ќе се организираат и прошетки низ паркот, па дур…

Авг 3, 2009

Охрид остана без градска плажа

Од крајбрежјето на Охрид пред очите на јавноста исчезна уште една градска плажа. Иако во генералниот урбанистички план на Охрид јасно е зацртаната плажата Ј`но, овој некогаш култен простор за охриѓани, сега ја нема. Граѓаните негодуваат што се случи со овој дел од брегот ,  некогаш нивен омилен простор, за кој се грижеле со огромна љубов се сеќава 77 годишната Олга Балева. Во просторот на Долна порта, постоеа плажите Ј‘но и Сариште каде што граѓаните и гостите во жешките летни денови се разладуваа се сеќава  со носталгија Балева. Тука истовремено охриѓани белеа алишта, рибареа,  спортуваа д…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top