Сеп 1, 2009

Плоштадот ќе добие нов лик…повторно

Од локалната самоуправа најавуваат враќање на стариот камен на делот кај споменикот на Св Климент. „Овие трошоци во моментов не се потребни, зошто да се плаќа по втор пат кога еднаш веќе се платило“, реагираат граѓаните.  Ќе се видоизменува плоштадот кај споменикот на Св. Климент. Градоначалникот Александар Петрески најавува дека на овој дел ќе се врати стариот камен, автентичен за охридската чаршија, но и ќе се направат влезови кон плоштадот од повеќе страни.„Промената на каменот во чаршијата е сериозна  инвестиција која локaлната самоуправа многу ја чинеше. Ова што ќе го правиме е видоизм…

Сеп 1, 2009

Стартува новата учебна година и во Охрид

Во охридските училишта околу 500 првачиња и 800 средношколци во прва година денеска, заедно со другите ученици, ја почнаа новата учебна година. Најмалите основци се радуваа на првиот училишен ден и повторната средба со своите другарчиња. Во основното училиште „Григор Прличев“ за 112 –те првачиња беше подготвена и свечена програма со која се  одбележа  првиот училишен ден. На првачињата им се обрати и градоначалникот Александар Петрески. Таткото на градот Петрески им порача на првачињата да бидат добри ученици и да се борат за подобро учење  и совладување на училишниот материјал. Годинава на…

Авг 31, 2009

Изджан ли е стравот од вирусот А-Х1Н1?

Со почетокот на учебната година, СЗО стравува од епидемија на новиот грип А-Х1Н1. Од охридскиот ЗЗЗ повеќе се плашат од комбинација на овој вирус и регуларниот тип на грип.Епидемијата од новиот грип А-Х1Н1, која се очекува да добие поголем интензитет со почетокот на учебната година, нема да стави клуч на училиштата и факултетите. СЗО не препорачува заворање на образовните установи како што не дозволи и затворање на границите, велат здравствените работници.Граѓаните пак во недоумуца, стравуваат од непознатото, но се надеваат дека надлежните институции ќе превземат се, вирусот да не земе епид…

Авг 31, 2009

Учебници има, но…

На стартот на учебната година, не се комплетирани бесплатните учебници. „Овие проблеми настанаа поради не координираноста помеѓу Министерството издавачките куќи и Локалната самоуправа“, вели советникот за образование при Локаланата самоуправа, Митре Вељановски, Ден пред почнувањето на учебната година, учебниците за учениците не се комплетирани. Дел од бесплатните комплети  за учениците од прво одделение до четврта година, се дистрибуирани до училиштата а останатиот   не се ни пристигнати во Охрид. „За жал морам да кажам дека работите околу учебниците не се завршени. Околу две недели ние инт…

Авг 31, 2009

Промоција на монографија за црквата Св.Богородица Пречиста Ќелија

Реосветена и промовирана монографија за црквата Св.Богородица Пречиста Ќелија во Велмеј. Реосветувањето на еднокорабната црква посветена на мајката божја Св.Богородица Пречиста Ќелија, која датира од крајот на 16 век, во селото Велмеј во Дебрца собра голем број верници и гости. Митре Велјаноски автор на текстовите за  бројните археолошки локалитети во атарот на ова село истакна:  „  -По 100-тици години, неговото Високо Преосвештенство Владиката Тимотеј ја освети оваа црква и во неа се врати Божјата светост и духот во оваа стара градба“. Покрај осветувањето  на сакралниот објект беше промови…

Авг 28, 2009

Македонистот – академик Виктор Фридман заборавен и од Охрид и од државата

Академик Фридман скоро 40 години го афирмира и  промовира  македонскиот јазик во светот, и години наназад учествува на меѓународниот семинар за македонска јазик , литература и култура во Охрид. Но, и  по завршување на годинешниот меѓународен семинар никој не се сети да му одаде признание за неговите  заложби. За неговиот голем придонес сведочи и професор д-р Вера Стојческа  Антиќ македонски славист и близок соработник на  Фридман. Професор Антиќ истакнува дека академик Фридман е постојано присутен во Македонија. Пред два месеци  во Ману за прв пат  беше промовирана книга  посветена на него …

Авг 28, 2009

Успение на Пресвета Богородица

Меѓу позначајните празници кои македонскиот народ ги чествува, посебно внимание се дава на денешното Успение на пресвета Богородица, во народот позната како Голема Богородица. Се верува дека Богородица е заштитничка на леунките и на жените им помага при породувањето. Оние парови кои немаат деца, веруваат дека со милоста на мајката Божја, посетувајќи ги храмовите на денешниот ден, ќе бидат благословени и ќе добијат рожба, вели Отец Димче, кој ја одржа денешната литургија во црквата „Богородица Пандонос“.Денешниот празник се слави во повеќе цркви и манастири во градот. Екипата на ТВМ денеска …

Авг 28, 2009

Охрид е писта на сите веб страни во Европа

Жалосно што на пистата на Охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“, не слетуваат авиони со туристи кои ќе ги исполнат хотелските капацитети, велат менаџерите на хотелите. Српските гости ја извлекоа оваа сезона велат хотелиерите кои неодамна се пожалија дека истата е катастрофално лоша. Тие додаваат, благодарение на долгогодишната соработка со некои партнери оваа сезона некако помина. Проблемите заради кои трпи туризмот, сеуште лежат во слабата соработка на хотелите со туристичките агенции  вели Перо Кутаноски менаџер на хотел „Гранит“.Кутаноски вели, авио превозот е основниот проблем, зара…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top