Окт 2, 2009

Нецелосно искористени компјутерите во охридските средни школи

Заврши опремувањето со компјутерска технологија на трите охридски средни училишта, но процесот со современата информатичка технологија целосно не заживеа, ја објаснува состојбата во општина Охрид советникот за образование во локалната самоуправа, Митре Велјаноски. Идејата компјутер пред секое дете е добра, но реализицијата во пракса е лоша појаснува   советникот за образование. „Со овој стил на работа кога се пласираат идеи ,а реализицијата создава дополнителен хаос е уназадување на квалитотот во образованието, а не унапредување“ објаснува Велјаноски.  Каква е ситуацијата на терен и колку а…

Окт 2, 2009

Во Охрид улица „Јордан Мијалков“

Повторно актуелизирано името на првиот Министер за внатрешни работи Јордан Мијалков. Се бара улица во Охрид да го носи неговото име. Дали пред охридските советници ќе се најде оваа предлог  иницијатива на советничката група на ВМРО-НП, зависи од градоначалникот Петрески. ВМРО-НП од Охрид после 18 години не потсетува на екс Министерот за внатрешни работи Јордан Мијалков. Една заобиколница во Охрид, најверојатно ќе го носи неговото име. Според програмските цели на општинскиот комитет на ВМРО-НП од Охрид, се најавени низа активности кои во најскоро време треба да ги реализират од економски, со…

Окт 2, 2009

Хаос во образованието

Образованието никако да влезе во колосек. Продолжува мистеријата наречена договор за вработување без објавување на оглас за оние вработени во образованието кои работат помалку од пет години.Охрид ги евидентира првите негативни реакции на вработените во образованието, засегнати од спогодбата на претседателот на СОНК Дојчин Цветаноски и Министерот за образование Никола Тодоровски. „Вработените во образованието во два наврати се изманипулирани“- вели Драган Цветкоски претседателот на општинскиот синдикат на Охрид. Тоа пред се е од два аспекти додава тој, како од спогодбата за продолжување на д…

Окт 2, 2009

Во Охрид ќе се руши

Фирмата која треба да ја спроведе акцијата е веќе одбрана, вели градоначалникот Александар Петрески. Списокот на спорните објекти раководителот на инспекциските служби, сеуште се чува во тајност.Градоначалникот останува на ставот дека се што е дивоградба ќе се руши без селективност. Тој најави дека конечно ќе се стави ред на самоволието на граѓаните, кои доградуваа без дозволи. Сите доградби, поткровја за кои се нема соодветна документација, ќе бидат срушени, вели Петрески. „Сигурно ќе се руши она што никогаш не може да се легализира. Знаеме дека поткровја не се дозволени и никогаш во Охрид…

Окт 2, 2009

Балканот-атрактивна туристичка дестинација

Балканот заедно ќе го развива туризмот. Со таа цел во период од 25 до 27 септември, во Белград се одржа „Меѓународна конференција за туризам“, на која присуствуваше и делегација од Македонија. Во својство на предводник на делегацијата беше Антонио Балевски од Општина Охрид, како и продеканот на ФТУ проф. Сашо Коруноски, а од редот на студентите Михаел Ристовски. „Отворањето на конференцијата се случи во култното Атеље 212 во Белград, а понатаму остваривме прием и коктел во Кралската палата и Принцот Александар 2 Караѓорѓевиќ“, вели Балевски. “Специфика на конференцијата е желбата за соработ…

Окт 2, 2009

Охриѓани ќе помогнат

Охриѓани потресени од немилиот настан кој се случи во Манастирот Св. Јован Бигорски. Секој би одвоил  од скромниот буџет за помош на монасите.Охриѓани и последниот денар ќе го дадат за помош на опожарениот Манастир Св. Јован Бигорски. Според проценките на Националниот конзерваторски центар, штетата од огнената стихија, која вчера го зафати Манастирот изнесува 5,5 милиони евра. Меѓутоа најтрагично е што трајно се уништени објекти и прдмети чија историска и културна вредност е ненадоместлива. Во ова време на беспарица, сите ние скромно живееме, меѓутоа искрено и од се срце доброволно би помог…

Окт 2, 2009

Изјави околу „Илинден“ тешко се даваат

Како фурија, пред нашата камера проструи Бранко Баиќ, инспекторот кој денеска околу четири часа беше сослушан како сведок, во основниот суд Охрид. Баиќ е лицето од германски „Лојд“ кој вршел контрола и преглед на бродот „Илинден“, кој несреќно потона на 05 септември годинава. Тој денес, пред истражниот судија Весна Кичеец, сведочеше за издадениот сертификат на бродот „Илинден“ со кој се потврдува техничката исправност на бродот и му се дозволува пловидба до мај 2010 год. Изненадија кратките изјави на Баиќ и одбегнувањето на камерите. Баиќ рече дека  имал напорен ден и оти многу бил изморен….

Окт 2, 2009

ХАСАПОТ стана историски

Нема повеќе прогледување низ прсти за ХАСАПОТ. После две три одлагања, сите кои што работат со храна мора да го имплементираат законот за исполнување на ХАСАП стандардите. Светската економска криза зари нокти и во имплементирање на ХАСАП стандардите. Само со исполнување на тие нормативи можеме да произведуваме, продаваме и конзумираме храна насекаде во светот. Многу подготовки, најави, строги санкции се кажаа во име на тој закон кој официјално требаше да стартува на 01.01.2009. Но после долги натегања, две три одлагања, и адаптирање на условите, од денеска стапува и најжешкиот дел за поголе…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top