Дек 12, 2009

Цените за закуп на тезгите остануваат исти

Нема да поскапи закупот на тезги во Охридскиот пазар, категоричен е директорот на ЈП Охридски Комуналац, Сашо Алче. Според него, нема потреба од паника кај закупците, затоа што примената на Хасап стандардите паднаа на товар на ЈП.  ЈП под кои спагаат пазарите од државните органи ќе побараат одложување на примената на ХААП стандардите во пазарите.Тој ги демантира се погласните шпекулации дека по 1 ви јануари 2010 год. цената за закуп на тезги на зелените пазари ќе се зголеми двојно, поради воведувањето на ХАСАП стандардот.  „Зафатите што треба да се направат за обезбедување на минимално техн…

Дек 12, 2009

Интензивни подготовки

Фестивалот Охридско лето интензивно се подготвува за јубилејното издание.Со полна пареа во Фестивалот Охридско лето се прават подготовките за одбележување на јубилејот 5 децении од почетокот на нашата најзначајна културна манифестација. Директорот Тони Симоноски информира дека престојното фестивалско издание   ќе изобилува со квалитет и емоции. Поканети се да гостуваат странски и домашни музички  имиња кои  ги поставиле темелите на манифестацијата, но и они кои учествувале досега. Иако сеуште не се откриваат  имињата на уметниците кои ќе учествуваат, оптимистички се најавите  дека  на прест…

Дек 11, 2009

Признаени водичи во Европа

Европа ги признава македонските лиценцирани планински водачи. Нашата земја сеуште нема законска регулатива за да ја признае оваа професија, затоа дивите водичи прават нелојална конкуренција. Професијата планински водич  на ниво на нашата земја е девалвиран. Тоа е од причина што сеуште оваа професија не е влезена во законски регулатива.Шест часа прошетка во планина со обучен водич чини 50 евра. Во Македонија посебно во Охрид голема е потребата од планински водачи. Во нашиот град има 7 обучени професионални планински водачи. „Ние имаме планинска асоцијација на интернационални водачи  кои од м…

Дек 11, 2009

Oдликувани новите академски граѓани на ФТУ

Новите академски граѓани денес ги добија своите дипломи. На Факултетот за туризам и угостителство дипломците во првиот и вториот циклус на студии примија признание за вложениот труд.Обединети во духот на Свети Климент Охридски, денеска своите дипломи ги примја новите академските граѓани кои студираа во првиот и вториот циклус на ФТУ.  „На сите нас по денешниот настан ни се отвора нова страница од животот,  која ќе ни биде ѕвезда водилка понатаму. Дипломата треба да ни претставува виза кон остварувањето на нашите цели, но сепак пазарот на трудот кај нас недоволно ја почитува истата“, истакна…

Дек 11, 2009

Нема рестрикција и зголемување на цената на водата за пиење

Дефиниран е просекот за потребна количина по член на семејство од страна на советите на општините Охрид и Струга. Водата за пиење, луксуз за оние кои ја користат надвор од реалните потреби. Водата која што МЈП „Проаква“, ја дистрибуира до корисниците е за пиење и одржување на лична хигиена на семејството. Секоја друга намена е луксуз. Со законот за водоснабдување и третманот со отпадни води советите ги дефинираат просеците на потребна количина вода по член на семејство.  Последната одлука на двата совети односно на Управниот одбор е само практична примена на законска регулатива  вели првиот…

Дек 11, 2009

Три случаи на заболени од свински грип во Охрид

На инфективното одделение евидентирани  три случаи со потврден свински грип. Станува збор за три млади пациенти кои соодветно се лекуваат и се во стабилна општа состојба, без сериозни компликации велат лекарите. За само 10-тина дена од почетокот на месецов, на инфективното одделение се евидентирани 70 случаи на заболени од кои 30 пациенти се хоспитализирани. За да се утврди  типот на грип од кој се заболени пациентите, од посериозните случаи, брисеви од нос и грло се испраќаат во Скопје вели д-р Василески. Од вчера при општа болница Охрид заседава тим на лекари кои ја пратат ситуацијата со …

Дек 10, 2009

Охридските „студенти“ на национална Тв

Вчера, пред канцеларијата на ЕУ во Скопје, се одржаа студентски протести. На снимката која беше емитувана на  националната телевизиска станица А1, помеѓу сите студенти, присутни беа и охриѓаните: Љубен Арнаудов, директор на Општа болница – Охрид, Тоде Илиески, директор на Библиотеката „Григор Прличев“,  Тане Маркоски – инспектор во Охридската капетанија, и Коле Велјановски –Бикчето, долгогодишен активен член на ВМРО ДПМНЕ. И од толку народ, меѓу анкетираните се погодија токму охридските студенти.Несомнено, според нивните изјави, помеѓу нив постои дилема, дали нивното присуство на протестите…

Дек 10, 2009

„Верораб“ вкацина има

Општа болница Охрид ја смирува јавноста. По неодамна објавените информации дека нема „Верораб“, вакцина против беснило од таму излегуваат со потврда дека истата ја има и покрај тоа што чини доста скапо.Општата болница располага со соодветна вакцина за заштита на населението доколку дојде во контакт со животно кое би можело да биде носител на беснило. Со цел да нема недоречености во врска со неодамна објавените натписи по медиумите дека во општа болница нема вакцина против беснило, портпаролот на општа болница Охрид Сашо Василески изјави.„ Ве уверувам дека нашата болница ги има истите вакцин…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top