Дек 30, 2009

„Мојата последна генерација“

„Мојата последна генерација“, подарок на Марија Младеновска, просветен работник, кој со ова дело го одбележа крајот на својот работен век. Збирката поезија „ Мојата последна генерација“,  напишана во акростихови, во која, авторката Марија Младеновска ги вметнува сите учениците од нејзината последна генерација. Во ова дело е содржана и биографијата на авторката, а во неа се дадени и препораки до педагозите, како да се однесуваат со учениците. „Книгата е посветена на 4а одделение, бидејќи е тоа мојата последна генерација, од која со тага се разделувам“, вели авторот Младеновска.„Моето искуств…

Дек 30, 2009

Страв чува на лозје

Новиот закон за пушење кој ќе стапи на сила на први јануари, ги уплаши угостителите. Тие се категорични дека поради овој закон видно ќе им се намали прометот во угостителските објекти. „Толеранција нема да има за никого“, вели началникот на пазарниот инспекторат Ѓоко Бошалевски.Од 1 јануари 2010 година ќе почне да се применува ригорозна забрана за пушење во сите кафулиња, ноќни клубови, барови, дискотеки. Ова е предвидено со измените во Законот за забрана за пушење. Угостителите сметаат дека е невозможно во пракса да профункционира толку крут Закон, кој забранува пушење, речиси во секој јав…

Дек 30, 2009

„Живнува“ Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер

Годинава, граѓаните   доставиле  40 барања во кои се интересирале како работи локалната самоуправа, а одговорот го побарале според  Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Оваа бројка покажува дека интересот на граѓаните е во пораст за разлика  одизминатите години вели Васко Ложанкоски службено лице во локалната самоуправа за посредување според овој Закон.  „Во споредба со изминатите години бележи благ пораст ако се има предвид дека во 2008 биле  доставени 30 барања, а во 2007 имало  20 барања“.Граѓаните се интересирале за работата  на локалната самоуправа во сферите на…

Дек 29, 2009

65 години Стопанска Банка

Денешниот датум поврза многу податоци за оваа бројка. За се тоа сублимирано, хронолошки и по значајност кажа првиот човек на филијалата на Стопанска Банка во Струга Оливера Верушеска. Да се биде столб на долгогодишно традиционално работење претставува голема и сериозна обврска потенцираше Верушеска.Банката отсекогаш претставувала значаен финансидки столб од стопанството и туризмот рече Верушеска. Додаде, дека граѓаните секогаш мора да ја добијат поткрепата и мора да бидат задоволни од аспект на банкарските производни услуги. Новина во банкарското штедење е детското штедење „Пчелка“. Верушес…

Дек 29, 2009

Советниците ги посетија поплавените

Несреќата на поплавените граѓани беше добра причина за охридските советници да разменат меѓусебни политички препукувања. Додека тие се надмудруваа, граѓаните мака мачеа. Доведени во безизлезна ситуација, бараат поефикасно решение за нивната состојба.Пратеникот на ВМРО ДПМНЕ, Цветко Грозданов и членовите на градскиот Совет од оваа партија денеска ги посетија подрачјата погодени од поплавите. Тие ја обвинија локалната власт за нејзиниот индолентен однос кон настанатата состојба. Граѓаните, кои во поплавите загубија многу, својата мака видно потресени ја искажаа пред камерите. Во бессознание п…

Дек 29, 2009

Фијаско на 49-тата седница

Последната седница на Советот на општина Охрид беше огледало на целокупната работа на овој состав на совет. Таа повеќе наликуваше на пародија, отколку на средба на луѓе на кои охриѓани им ја дадоа својата доверба.Фијаско на 49-тата седница на Советотот на општина Охрид. Уште еднаш политичките претензии ставени пред значително поприоритетните прашања, од кои зависи иднината на Охрид. Имено, пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ, поради како што рекоа загриженост за граѓаните кои настрадаа во вчерашните поплави, дадоа предлог да ја напуштат седницата и да ги посетат оштетените лица. Ваквата постап…

Дек 29, 2009

Како до подобри ефекти во туризмот

Со цел да има подобар ефект во однос на туризмот, за наредната година, локалната вклучува отвореност на Охрид и комуникација со туроператори со кои е веќе во преговори. Исто така ги користат можностите кои ги дава Европската унија во однос на користење на нивните средства.Светската економска криза придонесе за голем пад на работата во туризмот. Голем пад секако дека има, тоа го потврдуваат сите показатели, велат експертите. Факт е дека има намален број на гости и ноќевања, а она што ќе се случува за Новата година сепак е тешко да се предвиди. Административно во Општина се водат статистички …

Дек 29, 2009

Усвоен ребалансот на буџетот за 2009

Советниците експресно го усвоија ребалансот на  буџетот за 2009 година. Планот, годинава во општинската каса да се слеат 465 милиони денари не се реализира, и третиот квартал  заврши со 57,42 посто од планираниот износ. Четвртиот квартал се уште тече, па не се знае точно колку од планираниот износ останал не реализран. Помалиот прилив на пари во однос на планираниот се должи на неколку ставки, објаснува градоначалникот Александар Петрески. Потфрли очекуваниот прилив во урбанизмот, а тоа се должи пред се на  политички причини кажува градскиот татко.  Се бојкотираше градежниот проект Охридија…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top