50 годишното постоење на Охридско лето во монографија од 5 тома. Се знае тимот кој ќе ја работи истата, а започнаа и активностите околу печатењето на истата. Трошоците за монографијата ќе ги покрие министретвото за култура на Р Македонија. Љубилејното 50 то издание на фестивалот охридско лето ќе биде збогатено со фестивалска монографија. „Подготовките околу ова издание од поодамна започнаа. Да се пофалам дека при крај сме со прибирање на податоците. Познат е и тимот кој ќе работи на истата“, вели директорот на фестивалот Охридско лето Тони Симоноски.50 годишното опстојување на охридско ле…
Охридските угостители треба да одлучат дали во знак на револт поради законот за пушење, ќе ги затворат своите објекти. “Треба да се состанеме и да одлучиме дали на 22 ти работиме или не. Мое мислење е дека како охридски угостители и ние ќе се приклучиме кон протестот, вели Драган Битракоски од Мецо Форте. Охридските угостители треба да одлучат, дали ќе се приклучат на протестот против законот за пушење на јавни места. Денеска и утре треба да се состанат и да одлучат дали следниот викенд во времетраење од 24 часа, ќе ги затворат своите објекти, како знак на протест против новиот Закон за заб…
Ректорот на овој универзитет тврди дека токму под закрила на овој светец ќе ги жнеат успесите во иднина.На седницата на Собранието на Република Македонија од 12.01 изгласана е одлуката за именување на новиот универзитет во Охрид, како „Универзитет за информатички науки и технологии – Свети Апостол Павле”. „Станува збор за континуитет на поврзување на Охрид со настаните од Христијанството и историјата на Македонија“, рече ректорот Благоја Самакоски објаснувајќи од каде дојде идејата за името на универзитетот. Интересен е податокот дека Апостол Павле, при неговото доаѓање во Европа прво ја по…
Охрид ќе добие фестивал на плашица во рамките на третиот македонски саем за туризам. Риболовните клубови „Св.Апостол Петар“ и „Рибарска Вистина“ организираат меѓународен натпревар во спортски риболов на плашица. Покрај натпреварот, претседателот на спортското риболовно друштво „Св.Апостол Петар“, Радован Димитриески, ја објасни и нивната друга намера-поголема промоција на Охридските можности за риболовниот туризам пред странските туроператори.Манифестацијата „Фестивал на плашицата“ е помогната од Агенцијата за развој и поддршка на туризмот. Од таму планираат Македонија и Охрид да станат при…
Денес Нашиот медиум доби благодарница за придонес по повод големиот христијански празник Богојавление, кој што се одржува во Свињиште. За се што ќе се случува на одбележувањето по повод овој голем христијански празник говорат мештаните, големите верници и иницијатори.Празник над празниците. Големиот христијански празник Богојавление, Водици секое место го одбележува со своја специфика. Аманет на иницијативниот одбор на МПЦ на Аџиовски, е мештаните на селото Свињишта да продолжат да ја негуваат традицијата на фрлањето на крстот во водите на реката Свињишка, кумството и бројните адети поврза…
Според полицијата, причина за пожарот е човечко невнимание. Според увидот на лице место констатирано е дека се запалила една од просториите на долниот спрат, при што е опоажрена целата покуќнина и старите предмети, кои биле лесно запаливи. Благодарение на брзата и ефикасна интервенција на охридските пожарникари, кои на местото на несреќата стигнале само за неколку минути, пожарот бил веднаш локализиран, со што се спречила можноста, истиот да се префрли и на соседните куќи.Опожарената куќа е во сопственост на семејството Паскали, кои не живееле во неа, туку ја имале отстапено на користење…
Манифестацијата за одбележување на Стара Нова година – Василица започнува вечер со изложба на ракотворби и караоке забава. Утре вечер пак василичарската група ќе тргне од средсело во посета на секое домаќинство. На 14 –ти јануари во 17 часот започнува Василичарскиот карневал. Горан Мицкоски, член на здружението „Св. Василиј“ вели дека карневалот во Куратица освен што е карневал од помал обем има и некои свои специфичности во однос на останатите карневали.Мицкоски вели дека ваквите настани во голема мера би ја збогатиле туристичката понуда на градот и би овозможиле развој на туризмот во тек…
Од Билатералниот комитет за заштита на Охридското езеро, повикуваат двете страни најитно да го ревидираат договорот од 1956 година.Македонија не смее да дозволи целосно да биде затворен испустот на реката Црн Дрим кај Струга, како што тоа деновиве го бараат властите во Албанија, велат експертите. „ Со природните законитости човекот несмее да си игра и треба да биде внимателен. Состојбата со Охридскотот езро во моментов не е загрижувачка, но тоа не значи дека во иднина ако продолжат периоди на врнежи од дожд и снег дека состојбата нема да се искомплицира“, вели професорот од Хидробиолошкиот…